ракомет

Ивиќ: Со Раул имаме „ветер во грб“, ова е најважниот натпревар во сезоната

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо ги искажа своите очекувања од натпреварот против Висла Плоцк во Лигата на шампионите. Тој очекува публиката во Битола да даде дополнителни мотиви, за добро да се влезе во мечот, и на крајот да се дојде до позитивен резултат. Со следниот противник во Лигата на шампионите, јавноста ја запозна и голманот Филип Ивиќ, кој дел од кариерата мина во Полска, бранејќи го голот на Киелце.

Еве ги изјавите од прес-конференцијата:

Раул Алонсо
(тренер на РК Еурофарм Пелистер)

Нè очекува тежок натпревар, па ни треба цела енергија и сите навивачи. Висла е тим кој е граден да ја освои Лигата на шампионите и напредуваат секоја година. Веќе 6,7 години работат на голем проект, многу пораснаа во последните две години. Сакаат да бидат број еден во Полска и почнаа да ги победуваат клучните натпревари против Киелце. Оваа сезона можеби не се на местото на кое треба да бидат во Лигата на шампионите, но видовме како играат на последниот натпревар против Фредериција. За нас е најважно да го дадеме максимумот, да се обидеме да ги победиме пред нашите навивачи. Се подготвуваме на ист начин како на претходните натпревари, работиме на детали, но пристапот и почетокот на натпреварот ќе ни биде многу значаен.

Сабате е искусен тренер, работел и во Веспрем, а врши одлична работа и во Висла. Гради големи нешта, исто како што тоа го правеше порано. Големи ракометари играат во сегашниот ростер, а исто така и ќе дојдат во иднина. Негува типичен шпански стил, неговите екипи играат паметно, се адаптира на секој ривал и има многу идеи зад неговата работа. Се радувам што пак ќе се сретнеме, но за време на натпреварот ќе се обидеме да го победиме.

Филип Ивиќ
(РК Еурофарм Пелистер)

За нас следи најважниот натпревар во полусезоната. Со победа си отвораме пат за место во елиминационата фаза и мораме да дадеме максимум и носени од нашата публика ќе се обидеме да победиме. Висла е врвна екипа, вложува многу во структурата на клубот и полскиот ракомет. Кога играв за Киелце, тогаш победувавме и во првенството и во Купот, а сега нешто се промени. Иако Киелце е мој клуб во Полска, драго ми е за развојот на Висла заради хрватските ракометари и мои пријатели, Михиќ, Алиловиќ и останатите.

Нашата екипа е спремна, со новиот тренер добивме нов „ветер во грб“ и мислам дека сме на добар пат да покажеме колку можеме. Висла е врвен ривал, но за нас најважно е да го оставиме срцето на терен. Четирите бода многу ни значат, но мислам дека можевме да имаме и некој бод повеќе. Сепак, можевме и да имаме некој бод помалку. За разлика од минатата сезона и долгото отсуство од Лигата на шампионите веќе направивме исчекор. Ова е само почеток, овој клуб и овој град заслужуваат многу повеќе. Јас лично и целиот клуб работиме напорно на прогресот, да освојуваме бодови и да се надградуваме. На почетокот тоа изгледаше како само да учествуваме во Лигата на шампионите, но тоа нам како спортисти воопшто не ни се допадна. Имаме четири бода, ни следат уште неколку натпревари и ќе се обидеме да собереме уште повеќе бодови. Победата во Данска ни даде голем „ветар“ за понатаму.

Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Висла ќе го водат турските судии Ердоган и Оздениз.


Ракометарките со пораз од Унгарија го завршија Европското првенство

Melina SPASOVA, North Macedonia vs Türkiye, Women’s EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 30.11.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Женската ракометна репрезентација на Македонија забележа убедлив пораз на последниот меч на Европското првенство, откако беше поразена од домаќинот Унгарија со 29-19 (11-10).

„Црвено-жолтите“ одиграа одлично прво полувреме, но за жал следеше голем пад во второто за на крајот да бидеме и убедливо поразен.

Најефикасна за македонскиот тим бешеРистовска со шест гола, додека за Унгарките исто толку постигна Шолози-Шатз.

Европското првенство го завршуваме со еден освоен бод од натпреварот против Турција во минатото коло, а претходно во првиот натпревар бевме поразени од Шведска.

Дали ќе успееме да го освоиме третото место кое носи полесни квалификации за СП 2025 година ќе биде познато вечерва по мечот меѓу Турција и Шведска.


Реми на македонските ракометарки против Турција на ЕП во Дебрецин

Македонската женска ракометна репрезентација вечерва одигра нерешено, 25-25 со Турција во 2. коло на Европското првенство 2024.

Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски лошо го отворија натпреварот и по дваесетина минути имаа негатива од пет голови (6-11). Сеапк, до паузата успеаја да надополнат два гола и резултатот по триесет минути беше 12-15.

Различна слика во вториот дел. Македонките со серија од седум последователни погодоци од 15-20 дојдоа во водство со 22-20. Во последните пет минути се влезе со 24-24. На една минута до крајот беше 25-25, Турција не го искористи нападот и двете селекции освоија по бод.

За најдобар играч на натпреварот е прогласена Сара Ристовска која со осум голови беше и најефикасната во двете репрезентации.

На другиот меч од 2. коло во А-групата, домаќинот Унгарија ја совлада Шведска со 32-25.

Унгарија е лидер на табелата со 4 бода, Шведска има 2, Турција и Македонија по 1


Алкалоид слави и во вториот меч со Вест Виена, лесно се чекира во осминафиналето

Ракометарите на Алкалоид изборија пласман во осминафиналето на Европскиот куп, откако по втор пат за само 48 часа го совладаа тимот на Вест Виена.

Скопските „фармацевти“ вечерва во салата „Автокоманда“ забележаа победа со 32-29.

Најефикасни во македонскиот состав беа Мартин Серафимов и Александар Петковски со по седум погодоци. На голот Марко Кизиќ забележа седум одбрани, Иван Галевски пет.

Алкалоид и вчеравечер забележа убедлива победа (38-27) и со вкупни 70-56 се првиот осминафиналист во третото по квалитет клупско европско ракометно натпреварување.

Другите осминафиналисти ќе бидат познати следната недала по одигрувањето на реваншите од оваа фаза.


Еурофарм Пелистер убедливо совладан во Веспрем

Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа пораз со 33-26 (20-11) на гостувањето против унгарски Веспрем во дуел од Лигата на шампионите.

За битолчани ова беше шестиот пораз во деветтиот натпревар во најеминентното ракометно натпреварување на Стариот континент.

Унгарците си ја завршија работата уште во првото полувреме кое го добија со убедливи плус девет. Во второто полувреме унгарците рутински ја одржуваа предноста за конечна победа.

Кузмановски со шест гола и Радивојевиќ со пет беа најефикасни кај македонскиот тим, а Косоротов и Фабрегас со по седум гола предводеа кај Веспрем.

По девет одиграни кола, Еурофарм Пелистер останува на 4 бодови и на делба на шестото место со Висла.


Почнува Европското првенство за ракометарки, Македонија дебитира со Шведска

im Rahmen der Auslosung zur Frauen Handball Europameisterschaft 2024, am Donnerstag, 18. April 2024, in Wien.

Македонската женска ракометна репрезентација вечер во 1. коло на Европското првенство 2024 ќе се соочи со Шведска. Натпреварот се игра во „Феникс Арена“ во Дебрецин.

Во А групата ќе играат и селекциите на Турција и домаќинот Унгарија.

Селекторот на Македонија, Кристијан Грчевски, шансата за подобар резултат ја гледа на дуелот со Турција, додека на средбите со Шведска и Унгарија очекува максимално залагање на неговите избранички и стекнување искуство потребно за нивната понатамошна кариера.

„Шведска е апсолутен фаворит. Ние сакаме да се претставиме во добро светло. Наша главна цел е натпреварот со Турција каде гледаме шанса за освојување бодови“, изјави Грчевски.

Пласман во втората фаза на Европското првенство ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации од групите.


Раул Алонсо: Да останеме константни цел натпревар против моќен тим како Веспрем

Ракометарите на Еурофарм Пелистер попладнево со лет од Скопје до Будимпешта патуваат до Веспрем каде треба да го одиграат следниот натпревар во Лигата на шампионите.

Дуелот се игра утре, а противник им е вицешампионот на Унгарија што ќе биде сериозен тест за екипата на новиот тренер Раул Алонсо. По нерешениот резултат на домашен терен во Битола против Фредериција, за битолчани најважен е дуелот со Висла кој ќе се игра на 4 декември во Битола, но битолчани ниту во Унгарија не одат со кренато бело знаме.

„Веспрем е меѓу најдобрите екипи во Европа со години, имаат долга историја и супер-екипа покриена со играчи од светска класа. Не е лесно да се подготват сите детали за овој натпревар. Имаме три дена за подготовка и ќе се припремиме најдобро. Тешко е да се игра пред фановите на Веспрем, гледачите вршат голем притисок и многу е важно да бидеме најдобри и со добар пристап. Одиме таму за да бидеме во секој дел од натпреварот на висината на задачата. Да го намалиме играчкиот недостаток на минимум.

Чави Пасквал е мој познаник со години и чест е да се игра против него. Сум играл неколкупати против неговите екипи и сите знаат дека е меѓу најдобрите тренер во светот. Освои многу трофеи со Барселона и тоа ќе биде голем предизвик за мене“, смета шпанскиот тренер на клупата на Еурофарм Пелистер.


Вардар го изненади Мелсунген и со победа се збогува од Европа

Ракометарите на Вардар со победа се простија од Лига Европа. Вечерва во „Јане Сандански“, Вардар го победи Мелсунген со 32-30 (17-17).

Првиот дел беше израмнет, Мелсунген подобро влезе во мечот, стекна предност од два гола, Вардар направи серија од 3:0. Црвено-црните потоа водеа со два гола, на крајот првиот дел заврши 17:17.

Во слично темпо продолжи и првата половина од второто полувреме. Во тие моменти Вардар стекна предност од два гола (25:23), која не ја испушти до крајот.
Најефикасен кај Вардар беше Ларс Коиј со осум голови, додека Младен Крсманчиќ постигна шест. Голема заслуга за победата има и голманот Мигел Еспиња кој запиша 15 одбрани.
Во Групата Ф Вардар го освои третото место со пет бода. Групата ја поминаа Мелсунген со 10 и Порто со седум бода.


Вардар му го нанесе првиот пораз сезонава на Алкалоид

Вардар 1961 забележа победа над Алкалоид од 29-27 (15-13) во дерби натпреварот од 12. коло на Суперлигата.

Ова беше прв пораз за избраниците на Кирил Лазаров во сезоната.

Сепак „црвено-црните“ не го анулираа поразот од три разлика од Автокоманда (33:30) кој на крајот може да се покаже и како клучен во битката за титулата.

Најефикасни кај победникот беа Хориха со седум и Срдановиќ со шест реализации, додека на спротивната страна Митев постигна пет погодоци.


Ракометарките убедливо поразени од Србија на „Кроација Купот“

Женската ракометна репрезентација на Македонија го запиша и вториот пораз на меѓународниот „Кроација Куп“, откако загуби од селекцијата на Србија со убедливи 33-21.

Најефикасна во нашиот табор Андреа Седлоска со шест гола, а по три гола постигнаа Ива Младеновска, Сара Ристовска и Јована Саздовска. Кај победничката селекција најдобра беше Анѓела Јањушевиќ со пет постигнати гола.

Ова беше последен тест за нашите ракометарки, кои се подготвуваат за настапот на Европското првенство.

Континенталниот собир го отвораме со натпреварот против Шведска, кој ќе се одигра на 28 ноември во унгарскиот Дебрецин.