останато

Пет македонски клубови пријавија учество во евро-куповите

Македонската клупска одбојка како никогаш досега ќе биде застапена на европска сцена следната сезона, откако дури пет клуба аплицираа за настап во ЦЕВ Европските клупски купови.

Двата најдобри колективи во машка конкуренција, шампионот Струмица 47&72 и освојувачот на Купот, Штип УГД, односно трите клуба кај дамите кои ја одиграа клучната улога во распределбата на трофеите – шампионот Јанта Волеј КВ, освојувачот на Купот, Наковски Волеј и финалистот во првенствениот плеј-оф, Работнички Скопје, се расположени да се пробаат на европско тло. Интересно е што дури три клуба, Штип УГД, Јанта Волеј КВ и Наковски Волеј премиерно ќе заиграат во ЦЕВ куповите.

Струмица 47&72 и Јанта Волеј КВ, согласно шампионскиот статус кој го имаат пријавија учество за настап во ЦЕВ Лигата на шампионите.

Штип УГД и Наковски Волеј, пак, аплицираа за учество во Челинџ купот, додека Работнички Скопје поднесе барање за „вајлд-карта“ до ЦЕВ за учество во третото по квалитет европско клупско натпреварување.

Македонија сигурно ќе има четворица претставници во Европа следната сезона, додека за статусот на Работнички Скопје, односно дали ќе добие право на настап, ќе зависи од бројот на пријавени учесници во Челинџ купот.

Ждрепката за сезоната 2025/26 за сите три европски клупски купови – Лигата на шампионите, ЦЕВ купот и Челинџ купот е закажана на 15 јули на пладне, во седиштето на ЦЕВ во Луксембург.


Томас Бах доби златен олимписки орден

Почесниот претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах доби златен Олимписки орден.

Наградата му ја врачи новата претседателка на ИОК Кирсти Ковентри.

Високата награда му беше доделена на Бах како признание за неговиот исклучителен придонес во развојот на светскиот спорт и посветеноста на олимписките идеали.

Германскиот спортски функционер беше на чело на МОК од 2013 до 2025 година.

Кирсти Ковентри, која лично ја водеше церемонијата на доделувањето, е првата жена и првата африканска претставничка која ја извршува функцијата претседател на МОК.


400.000 луѓе ја прославија титулата на Флорида Пантерс

Хокеарите на НХЛ тимот Флорида Пантерс, кои ја освоија шампионската титула оваа сезона, одржаа шампионска парада за да ја прослават победата во Стенли купот.

Според „Спортнет“, на настанот присуствувале околу 400.000 луѓе.

Пантерс ги победија Едмонтон Ојлерс со 4-2 во финалето и ја одбранија титулата.


Браќата Маркез доминираа на италијанскиот асфалт

Возачот на Дукати, Марк Маркез од Шпанија, ја оствари петтата сезонска победа во најсилната класа во Мото ГП шампионатот откако триумфираше на трката за Големата награда на Италија.

Второто место го освои неговиот брат, Алекс додека Италијанецот, Фабио Ди Џанантонио помина како трет низ целта. Во топ 10 место обезбедија и Банаја, Безеки, Морбидели, Фернандез, Акоста, Биндер и Огура.

Во генералниот пласман води Марк Маркез пред неговиот брат Алекс и Банаја. Наредната 10-та трка во Мото ГП ќе биде возена во наредниот викенд за Големата награда на Холандија.


Маркез избори пол-позиција во Италија

Марк Маркез ја обезбеди пол-позицијата во Муџело. Шпанецот прв ќе ја стартува спринт трката попладнево на кулната патека и ќе стартува прв утре во главната трка. За возачот на Дукати ова беше јубилејната 100. пол-позиција во кариерата.

Марк стигна до првата стартна позиција со време од 1:44.169. Веднаш до него на стартот ќе биде тимскиот колега, двократниот шампион Франческо Пеко Бањаја. Италијанецот имаше послаб резултат за 59 илјадити делови од секундата.

Помладиот од браќата Маркез, Алекс, возач на Гресини Дукати (+0,083) ќе стартува трет.

Првите десет во квалификациите ги комплетираа Фабио Квартараро, Маверик Вињалес, Франко Морбидели, Фабио ди Џанантонио, Педро Акоста, Алекс Ринс и Марко Бечеки.

Спринт е закажан за сабота во 15 часот.


Елена Мицковска нов претседател на Федерацијата на училишен спорт

Федерацијата на училишен спорт на Македонија денес избра нов претседател – и за првпат во својата историја, на чело на организацијата застана жена.

За нова претседателка е избрана Елена Мицковска, долгогодишен спортски работник која успешно извршувала бројни значајни функции во спортот, како и во делегациските структури. Таа е поранешна кошаркарска репрезентативка со богато искуство и посветеност кон спортот на сите нивоа.

„Овој избор претставува значаен чекор кон унапредување на родовата еднаквост, современо и инклузивно управување, како и транспарентно водење на Федерацијата. Со изборот на Мицковска започнува ново поглавје, исполнето со визија, интегритет и посветеност кон напредокот на спортот и благосостојбата на сите членови на заедницата. Федерацијата и понатаму останува отворена за соработка, дијалог и заеднички успех“ се вели во информацијата објавена од страна на Федерацијата за училишен спорт.


Наполи го договори трансферот на Милинковиќ Савиќ

Db Torino 23/09/2021 – campionato di calcio serie A / Torino-Lazio / foto Daniele Buffa/Image nella foto: Vanja Milinkovic-Savic PUBLICATIONxNOTxINxITA

Вања Милинковиќ-Савиќ, голманот на Торино, се согласи да се пресели во Наполи.

Договорот помеѓу српскиот голман и актуелниот шампион на Италија треба да биде потпишан до 2029 година.

Според медиумите во Италија, преговорите меѓу клубовите исто така одат во добра насока, па се чини дека нема пречки голманот да се пресели во Неапол. Наполи за трансферот ќе издвои 18 милиони евра.

Во својата кариера, повремениот репрезентативец на Србија ги носеше дресовите на Војводина, Манчестер Јунајтед, Лехија Гдањск, Асколи, Спала и Торино.


Домен Превц доби споменик на Планица

Domen Prevc posing with statue during ceremonial event for reveiling of the statue of Domen Prevc for World Record holder in Ski Jumping in NC Planica, Slovenia on June 18, 2025. Photo Grega Valancic

Светскиот рекордер во скијачки скокови, Словенецот Домен Превц, доби споменик изработен од дрво на скокалницата Планица на која во март година прескокна рекордни 254,5 метри.

Споменикот, изработен од Тадеј Брглес, го откри самиот Домен Превц, заедно со словенечкиот министер за економија, туризам и спорт, Матјаж Хан.

Со скокот од 254,5 метри, Превц го врати светскиот рекорд на Планица по пауза од 14 години, откако неколкуте рекорди во минатото, вклучувајќи ги и претходните 253,5 метри на Австриецот Штефан Крафт, беа поставени на скокалницата во норвешки Викерсунд.

„Статуата ми е многу интересна, првенствено затоа што го доловува моментот на доскокот. Несомнено биле потребни многу часови работа, му симнувам капа на мајсторот“, Превц. /


Флорида Пантерс е освојувач на „Стенли Купот“ во хокеј на мраз

Флорида Пантерс се старо-новите шампиони на Националната хокеарска лига на САД и Канада. Флорида ги победија Едмонтон со 5-1 и ја затворија финалната серија со 4-2 во победи.

На овој начин, Флорида стана десеттиот тим со последователни титули во НХЛ и првиот по Тампа Беј во сезоната 2020/21.

Повторувањето на минатогодишното финале им понуди многу емоции на навивачите, но во последните два натпревари, хокеарите на Флорида ја покажаа својата супериорност. Синоќа Флорида ги доби сите периоди и заслужено го освоија Стенли Купот по втор пат во својата историја.

Сем Бенет од Флорида беше избран за најкорисен играч во плејофот, откако постигна 15 гола по завршувањето на регуларната сезона.


Канада останува во календарот на Формула 1 Мундијалот

Трката за Големата награда на Канада ќе остане во календарот на Формула 1 до 2035 година, откако денес беше објавено продолжување на договорот за уште четири години.

Патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал е позната по своите возбудливи трки, а овогодинешното издание донесе судир меѓу возачите на Мекларен, Ландо Норис, и Оскар Пјастри.

Патеката во Монтреал прв пат беше домаќин на трка од Формула 1 во 1978 година, а претходниот договор предвидуваше да остане во календарот до 2031 година.

„Додека Формула 1 слави 75 години постоење, симболично е што ја продолжуваме нашата соработка со Големата награда на Канада, трка богата со историја и големо значење, именувана по вистинска легенда, Жил Вилнев“, рече претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали. /МИА