останато

Киплимо го подобри светскиот рекорд во полумаратон

Џејкоб Киплимо, атлетичар од Уганда, го собори светскиот рекорд во полумаратон за цели 48 секунди.

Киплимо го истрча полумаратонот во Барселона за 56 минути и 42 секунди, што е за 48 секунди подобро од претходниот најдобар резултат, на Јомиф Кејелча, со 57 минути и 30 секунди.

„Ова беше совршена трка. Идеална температура, без ветер, фантастична патека, сè помина подобро од очекуваното. Пејсмејкерот го постави договореното темпо од 2:45, но бев полн со енергија и решив да го забрзам ритамот од третиот километар. Но, никогаш не замислував дека ќе трчам под 57 минути, тоа е неверојатно”, изјави Киплимо.

Тој го собори и сопствениот рекорд на 15 километри за 35 секунди и сега изнесува 40 минути и седум секунди

На полумаратонот во Балрселона Кимплимо пбеди пред атлетичарите од Кенија, Џефри Камворор и Самуел Маилу.


Кобајаши победи на скоковите во Сапоро

epa09661220 Ryoyu Kobayashi of Japan is airborne during a training jump for the second stage of the 70th Four Hills Ski Jumping Tournament in Garmisch Partenkirchen, Germany, 31 December 2021. EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Јапонецот, Роју Кобајаши, ја израдува домашната публика во зимскиот центар –Сапоро откако победи во денешното натпреварување во скијачки скокови кое се бодува за Светскиот куп.

Тој имаше скокови од 137,0 и 136,5 метри што беше доволно да ја обезбеди првата позиција пред Јан Хорл (Австрија) со (136,5 и 137,5 метри) и Домен Превц (Словенија) со (137,5 и 135,5 метри).

Во вкупното рангирање води Даниел Шофених од Австрија пред Јан Хорл. Утре на истата локација во земјата на „самураите“ ќе има нов натпревар во скијачки-скокови.


Бронза за Трајковски на Балканското првенство во атлетика

На Балканското првенство во атлетика во сала кое се одржа во Белград, македонскиот репрезентативец Андреас Трајковски во скок во далечина освои бронзен медал со прескокнати 7 метри и 63 сантиметри.

Андреас уште во првата серија со скок од 7.57 метри ја зазеде третата позиција и во третата серија го подобри резултатот на 7.60 метри, но во четвртата серија Никита Маслук од Украина прескокна 7.61 метар што значеше дека во тој момент Андреас го изгуби бронзениот медал.

Но, во петтата серија Андреас успеа да прескокне 7.62 метри, а бронзениот медал го потврди со неговиот најдобар скок во последната серија од 7.63 метри.

Златниот медал го освои Божидар Сарабујуков од Бугарија со скок од 8.12 метри, додека среброто му припадна на Данио Дубина од Украина со скок од 7.92 метри.

Ова е трет медал на Андреас Трајковски за Македонија од Балканските првенства во сала. Во 2022 година освои исто така бронзен медал, а во 2024 освои сребрен медал во скок во далечина.


Ингебритсен собори два светски рекорди во ист ден

Норвешкиот тркач на средни патеки Јакоб Ингебригтсен во четвртокот собори два светски рекорди во сала, од кои едниот траеше само пет дена.

Во трката на една милја (1609 метри), Норвежанецот го надмина резултатот на Џаред Нугусе и стана нов светски рекордер со време од 3:45,14 минути. Американецот рекордот го постави пред пет дена.

Ингебригтсен, исто така, постигна најдобро време на 1.500 метри (3.29.63) на истата трка во Лиеван, Франција, со што го собори светскиот рекорд во сала.

Во колекцијата златни медали, 24-годишниот норвешки спортист има два олимписки златни медали (1.500 и 5.000 метри), тој е двократен светски и шесткратен европски шампион.


Брињоне нова светска првенка во велеслалом

Федерика Брињоне го освои златниот медал во денешниот велеслалом на Светското првенство во Залбах (Австрија). Двете трки италијанската алпска скијачка ги заврши со вкупно време 2 минути, 22 секунди и 61 стотинка.

Ова е прво злато за Брињоне во велеслалом. Таа стана втора Италијанка со најсјајно одличје на мундијалските велеслаломски трки.

Алси Робинсон од Нов Зеланд го освои второто место и сребрениот медал со 90 стотинки заостанување зад победничката.

Како третопласирана велеслаломот го заврши Пола Молцан од САД со време 2:25.33 минути.

Утре на програмата е машкиот велеслалом.


Победниците на Супербоулот добива високи премии

Филаделфила Иглси го крена пехарот на Супербоул и беше крунисана во НФЛ првак. Вторпат во клупската историја оваа франшиза стигна до победа во големото финале, а сега со победата над Канзас Сити Чифс од 40-22.

Супербоул е еден од најгледаните светски спортски настани, а исто така и меѓу доста добро платените.

Така, за победа во Супербоул членовите на Иглси ќе си поделат по 171.000 долари, додека во поразениот табор одат по 96.000 долари.

Неверојатна е целата приказна околу овој натпревар. Рекламниот простор е однапред распродаден за неверојатни суми, а голем дел од Американците повеќе го чекаат шоуто на полувремето отколку самиот натпревар.


Шифрин и Џонсон златни во екипна комбинација во Залбах

Американските скијачки Микаела Шифрин и Бризи Џонсон освоија злато во новата екипна комбинација на Светското првенство, во Залбах, Австрија.

Новата тимска комбинација вклучува еден член на тимот да се натпреварува во слалом, а другиот во спуст. Времињата на двата члена потоа се собираат за да се добие нивниот конечен резултат.

Шифрин настапи во слалом, додека Џонсон во спуст. Победија со вкупен резултат 2:40,89 минути.

Среброто им припадна на Венди Холденер и Лара Гут-Бехрами од Швајцарија со 0,39 секунди заостанување, додека бронзата ја освоија Австријките Стефани Вениер и Катарина Трупе со 0,53 секунди заостанување.

Шифрин има 62 победи во слалом и е апослутна рекордерка во Светскиот куп, додека Џонсон го освои златниот медал во спуст на овогодинешното Светско првенство.

Дамите на СП во четврток ќе возат велеслало. Шифрин поради посттрауматски стрес се повлече од оваа дисциплина што значи дека нема да го брани златниот медал освоен пред две години.

На СП досега во кариерата, Шифрин има освоено 15 медали, осум од нив се со златен сјај.


Браќата Ѓорѓиеви ќе играат во ист клуб во Турција

За првпат во ист клуб надвор од Македонија играат нашите одбојкарски репрезентативци, браќата Никола и Ѓорѓи Ѓоргиев.

Ѓорѓи Ѓоргиев одлучи да ја продолжи кариерата во редовите на турскиот одбојкарски клуб Туршад каде што настапува и Никола Ѓоргиев, капитенот на македонската репрезентација.

– После 14 години играње заедно во репрезентацијата на Македонија, за прв пат играме заедно и во ист клуб надвор од Македонија.

Одличен момент и историја за нашата фамилија, се надевам дека ќе останеме здрави и ќе имаме успешен крај на сезоната – стои во објавата на Никола Ѓоргиев на Фејсбук.


Петар Гиноски одличен на Зимскиот младински фестивал во Грузија

Одличен почеток на македонскиот биатлонец Петар Гиноски на зимскиот младински фестивал во Бакуриани, Грузија.

Утрово тој учествуваше заедно со 64 останати натпреварувачи и имаше одличен настап.

Во првиот круг, Петар испука и погоди 5 од 5 , во вториот круг 4 од 5, а во третиот круг 4 од 5. Но, последниот круг беше пресуден за тој да заврши на 46. место.

„Бевме сведоци на одличен настап, каде Петар ги покажа своите амбиции и желба да ја претстави Македонија во најдобро светло. Неговата посветеност и упорност се неспорни. МОК максимално верува и го поддржува Петар, кој е придружуван од својот тренер Ѓоко Динески“, објавија од МОК.

Следниот настап на Петар ќе биде во петок, во 10:00 часот по грузиско време.


Филаделфија Иглс победник на Супербоулот во Њу Орлеанс

Филаделфија Иглс го „прегази“ Канзас Сити Чифс 40-22 во 59. Супербол во Њу Орлеанс. Филаделфија заслужено се одмазди за поразот дод пред две години и го освои својот втор трофеј Ломбарди.

Се беше готово во првото полувреме. Од самиот почеток беше јасно дека Канзас Сити Чифс имаат проблем да најдат офанзивен ритам. Тоа најдобро го илустрира фактот што шампионот само еднаш го освои првиот даун во првиот половина час. Добија вкупно 23 јарди, со еден збор нападот изгледаше под секој стандард.

Апсолутен херој на „орлите“ во нападот беше бекот Џејлен Хертс, кој го одигра натпреварот за МВП. Помина 221 јарди, 17 додавања од 22 обиди, два тачдауни и едео пресретнување. Истрча 72 јарди и тачдаун. Девонта Смит исто така одигра голема улога со 69 јарди и тачдаун.

На другата страна Патрик Махомес стигна до 257 јарди, три додавања за тачдаун, но и три загубени топки. Единствениот друг играч што вреди да се спомене беше Ксавиер Ворти со 157 јарди и два тачдауни.