Норвешкиот ски-скокач Јохан Андре Форфанг победи на скокалницата во Лејк Плесид.
Форфанг славеше со скокови од 130,5 и 121 метар, со вкупно 295,5 освоени поени. Второто место го зазеде Австриецот Јан Херл со скокови од 125,5 и 122,5 метри (256,6 поени), додека третото место му припадна на овогодишниот победник на Новогодишната турнеја, Австриецот Даниел Чофенинг (скокови од 122,5 и 125 метри, 255 поени).
Фишер го собори светскиот рекорд на 3.000 метри во сала
Американскиот атлетичар Грант Фишер испиша историја на „Millrose Games“ во САД.
Фишер го собори светскиот рекорд во трката на 3.000 метри во сала со време од 7:22.91. Со тој подвиг го собори рекордот на Ламеча Гирма од Етиопија (7:23.81).
Второпласираниот Кол Кукер истрча неверојатни 7:23.14, исто така побрзо од претходниот рекорд.
Третото место му припадна на Џими Гресие од Франција со 7:30.18, поставувајќи нов национален рекорд.
Каи Робинсон го собори австралискиот рекорд со време од 7:30.38.
Американката Џонсон светска првенка во спуст
Бризи Џонсон го освои златниот медал во спуст на Светското првенство во Залбах. Американката победи со време од 1:41.29 и со тоа ја оствари најголемата победа во кариерата.
Чекаше повеќе од еден час за да види дали некој ќе ја престигне, Естер Ледецка беше на вистинскиот пат, но погреши во последниот дел од патеката и заврши на третото место со 21 стотинка заостанување. Сребрениот медал и припадна на Мирјам Пухнер со 15 стотинки полош резултат од шампионката. .
„Да, имаше одредена нервоза, но има многу поголема нервоза кога сте на врвот на патеката и чекате да започнете. „Благодарен сум што настапив шрва“, рече 29-годишната Џонсон.
Таа е прва Американка што освоила злато во спуст по Линдзи Вон во 2009 година, која во Залбах го освои 15-то место.
Бризи ја пропушти целата сезона 2023/2024. Два месеци по крајот на сезоната, Американската антидопинг агенција во мај објави дека Џонсон е суспендирана на 14 месеци затоа што не дала соодветни информации за нејзината локација за да биде тестирана за допинг. Суспензијата беше потврдена на 10. октомври 2023 година, датумот кога по трет пат не пријави каде се наоѓа.
Пирели ги сподели резултатите на најдобрите формула тимови
Марио Исола, шеф на одделот за мотоспорт на Пирели, ги сподели резултатите од тестовите на гумите во Барселона, во кои учествуваа тимовите на Мекларен и Ферари.
„Овие тестови се покажаа како многу корисни. Можевме да споредиме различни дизајни на гуми за следната сезона и да експериментираме со поцврсти компоненти. Патеката во Барселона е позната како една од најпребирливите пневматици во однос на потрошувачката на енергија и абењето, така што информациите собрани во текот на овие два дена ќе бидат од витално значење за понатамошниот развој на оваа генерација гуми. Почетокот на годината беше навистина предизвикувачки, со четири тест сесии кои се одржаа пред почетокот на сезоната. Сакам да им се заблагодарам на сите тимови кои работат со нас, бидејќи знаеме колку се зафатени во моментов“, изјави Исола.
Пирели ќе тестира на патеката „Херез“ следната недела. Двата дена ќе се натпреваруваат Алпин, а по еден ден Мекларен и Мерцедес.
Сезоната 2025 во Формула 1 ќе почне во средината на март со трката за Големата награда на Австралија.
Џош Ален е МВП на НФЛ-сезоната
Квотербекот на Бафало, Џош Ален го доби МВП признанието за најдобар играч во сезоната.
Бафало го доби директниот дуел со Балтимор на Џексон, па веројатно тоа му донесе предност во гласањето. Ова е прва МВП награда за Ален.
Третото место го освоил Секвоул Баркли, кој пак е избран и за најдобар офанзивен играч.
Најдобар тренер сезонава е Кевин О’Конел од Минесота.
Верстапен има далеку поголема плата од Хамилтон
Актуелниот светски првак во Формула 1, Макс Верстапен е најплатениот пилот во Формула 1. Според истражувањето на магазинот „Рејсинг365“, платата на Верстапен е проценета на 65 милиони долари.
Убедливо втор и со мало засотанување зад платата на светскиот шампион е Луис Хамилтон. Новиот возач на Ферари ќе има плата од 60 милиони долари. Во ТОП 3 се најде и вториот возач на Ферари, Леклер, кој има плата од 34 милиони долари на годишно ниво.
Четвртото место го делат Фернандо Алонсо од Астон Мартин и Ландо Норис од Мекларен кои годишно заработуваат плата од 20 милиони долари.
Скимо нов спорт на Зимските Олимписки Игри
Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо следната година во својата програма ќе имаат нов спорт – скимо.
Скимо е ски планинарење, а комбинира скијање по угорнини и спуст, како и користење врвни планинарски вештини за искачување на ледените падини.
Има различни должини на трки, од кратки спринтови до оние кои можат да траат до два часа и да вклучуваат повеќе од 1.500 метри качување.
Вкупно 18 мажи и 18 жени ќе се натпреваруваат во поединечни трки и во мешана штафета.
Спринт трките вообичаено траат само три минути за мажи и четири минути за жени и се состојат од скијање на нагорнина, дел за качување и спуштање околу портите на трката. Натпреварувачите можат да се искачат до 250 вертикални стапки.
Скимо натпреварувачите користат специјална „кожа“ што ја ставаат на долниот дел од скиите за да спречат лизгање за време на искачувањата. Нивните скии се слични на оние за нордиско скијање, малку се полесни од скиите за спуст и имаат подвижни врзиви кои овозможуваат правилно движење на зглобовите.
Зимските олимписки игри во Милано и Кортина почнуваат за точно една година, а во текот на нивното времетраење ќе бидат доделени вкупно 116 комплети медали во 16 дисциплини. Свеченото отворање ќе се одржи во Верона, додека скијачките натпревари ќе се одржат во Бормио.
Одермат златен во супервелеслалом на Мундијалот во Залбах
Швајцарецот Марк Одермат, кој стана олимписки шампион во Пекинг во велеслалом во 2022 година, го освои златото на Светското првенство во Залбах, Австрија, во супервелеслалом.
За супериорното возење на 27-годишниот во петокот сведочи резултатот на неговиот врсник и освојувачот на сребрениот медал Рафаел Хазер (Австрија), Швајцарецот беше побрз за една секунда.
Подиумот го пополни 30-годишниот Норвежанец Адријан Смитет Сејерстед, со заостанување од 1,15 секунди од победникот.
Вение златна на супер-велеслаломот во Залбах
Австријката Стефани Вение ги воодушеви домашните фанови на Светското првенство во алпско скијање во Залбах, го освои златниот медал во супер-џи.
Вениер во целта влезе со резултат 1:20.47 минути, десет стотинки пред искусната Италијанка Федерика Брињоне (34), водечката скијачка во Светскиот куп, додека бронзени медали освоија Норвежанката Кајса Викхоф Ли (26) и Американката Лорен Макуга (22), со по 24 стотинки заостанување.
За Вение, која во кариерата оствари три победи во Светскиот куп (две во спуст, една во супер-џи), ова е втор медал од светските првенства, откако пред шест години го освои среброто во спустот во Сент Мориц.
Брињоне, која во текот на целата своја кариера беше позната како специјалист за велеслалом, во оваа дисциплина освои два светски сребра и една бронза на Зимските олимписки игри. Ова е прв медал во брзинските дисциплини во кариерата.
Лај го одбрани бронзениот медал освоен пред две години во Мерибел. Интересно и тогаш ја „подели“ бронзата, со Австријката Корнелија Хутер, а овојпат со младата Американка Макуга, за која ова беше деби настап на големите натпреварување.
Машкиот супер-џи ќе се одржи во петок во Залбах.
Габриела Томас: Ме демнат неколку лица, се плашам и не знам каде да одам
Трикратната олимписка шампионка во атлетски спринт-трки Габриела Томас тврди дека ја демне група мажи.
„Ми треба совет во моментов бидејќи се плашам дека ме следат и посматраат. Навистина не знам што да правам или кај кого да одам. Секогаш кога патувам, се плашам да не се појават овие мажи – три до шест, средовечни. Не е важно во кој град одам, тие се појавуваат. Така беше кога летав за Чикаго и назад, тие дојдоа и кога летав за Мајами и назад. Имаат информации за секој мој лет. Се појавуваат или на главниот влез на аеродромот во десната сала, или на мојот излез, што значи дека имаат авионски карти и минуваат низ обезбедувањето. Во неколку наврати ми пријдоа и побараа да потпишам еден куп мои фотографии, околу 40. Не знам што прават со нив, можеби ги продаваат, не ми е гајле“, изјави Томас.
Атлетичарката не може да си објасни кој на „посматрачите“ им дават информации за нејзиното движење.
„Она што ме плаши е тоа што ги имаат моите информации за летот иако понекогаш ниту самата јас не знам во колку часот заминувам. Никому не ги кажувам информациите за моите летови. Ги сменив сите мои лозинки за е-пошта. Не знам дали ме хакираат. Тие стануваат многу агресивни и непријателски настроени ако кажам не, а кога сум сама е навистина страшно. Вчера беа многу непријателски расположени кон моето момче Спенсер МекМејнс“, објави атлетичарката.
Габриел Томас е трикратна олимписка шампионка во спринт. На Олимписките игри во Париз минатата година, таа победи на 200 метри и штафета на 4х100 и 4х400 метри како дел од тимот на САД.