останато

Карлсен дисквалификуван заради непочитување на дрес-кодот на ФИДЕ

Од сите спортови кои моментално се актуелни и популарни во светот, шахот е можеби еден од најтрадиционалните.

Токму оваа доследност со традицијата го погоди најдобриот шахист на сите времиња, Магнус Карлсен.

Имено, Магнус мораше да го напушти турнирот во Светскиот шампионат во брз шах, а причината е бизарна – носел погрешни панталони.

Според правилникот на ФИДЕ, секој шахист мора да биде соодветно облечен за големите настани, па затоа мора да носи целосен костум.

„Очигледно ова не е многу добар турнир за мене. Првиот ден загубив еден натпревар и можев да освојам уште два. Генерално, не играв добро, бев малку надвор од контрола. Добро спиев и ручав пред да дојдам. Едвај имав време да отидам во собата и да се пресоблечам. Облеков кошула, јакна и не ни помислив кога облеков фармерки. Дури и облеков чевли. Не размислував. Дојдов овде. Прво ја платив казната од 200 долари, што е во ред. Тогаш добив предупредување дека нема да можам да настапам ако не отидам да се пресоблечам. Рекоа дека можам да го направам тоа по третиот натпревар во денот“; изјави Карлсен.

Сепак, Магнус на шах се појави во фармерки, што ги натера организаторите да му дадат предупредување, кое тој, согласно неговиот карактер и темперамент, одби да го послуша.

„Реков дека ќе се пресоблечам утре, рекоа дека морам денес. Во тој момент ми стана принципиелна работа и тоа е тоа. Нема да се жалам за одлуката, премногу сум стар за да се грижам за тоа. Сега никој не сака да се повлече. Ако тоа е она што тие го сакаат, тоа е во ред со мене. Веројатно ќе одам некаде каде што времето е поубаво од Њујорк. Нема да играм ниту турнир во брз шах, не знам што би требало да се случи за да играм“, јасен е Магнус.

За се да се почитуваат правилата, на организаторите им остана само да му забранат учество, што на крајот и го направија.


Усик ќе земе подолга пауза од боксот до следната борба

Менаџерот на Олександр Усик – Егис Климас изјави дека по победата над Тајсон Фјури, украинскиот шампион ќе оди на долг одмор и повторно ќе се бори дури на лето.

-Ќе има долга подготовка за следната борба. По 12 последователни рунди со Фјури, на Александар му треба долг и добар одмор. Мислам дека новата борба на Усик треба да ја очекуваме не порано од крајот на јули или август, изјави Климас.

Се шпекулира дека шампионот на ИБО, ВБА, ВБО и ВБЦ ќе се соочи со Даниел Дубоа, кој ја има титулата во ИБФ.


Швајцарска доминација на снегот во Бормио

Младите Швајцарци, Алекс Мони и Фрањо фон Алмен, остварија двојна победа на денешниот спуст на патеката во Бормио, Италија, кој се бодува за Светскиот куп во алпско скијање. Веднаш зад нив заврши Канаѓанецот, Камерон Александер.

Швајцарецот, Марко Одермарт, иако остана на петтото место, ја задржа лидерската позиција во рангирањето во најбрзата алпска дисциплина пред Алмен и Муризе. Тој е водечки и во генералниот пласман за Светскиот куп пред Хенрик Кристоферсен и Ли Мекграт.

Утре на истата локација во Бормио ќе биде возен и машкиот супер-велеслалом.


Дејан и Аљоша Недеви најдобри во 2024 година во традиционално карате

Македонската традиционална карате федерација доцна синоќа ги прогласи најдобрите за 2024 година.

Во сениорска конкуренција првото место го поделија браќата Дејан и Аљоша Недеви, исто како и кај сениорките првото место го поделија Берта Милевска и Јадранка Недева. Дамјан Донев беше прогласен за најдобар младинец а Матеј Мангаровски за најдобар кадет. Во категорија деца најдобри беа: Камелија Недев, Ива Спсеновска, Дамјан Трајковски, Филип Недев, Милан Трајковски и Тадеј Недев.

За посебен придонес во развојот на традиционалното карате и МТКФ беа одликувани: проф. др. Аце Миленковски, др. Венцислав Недев за животно дело, Борко Ристовски, Министер за спорт, Љупчо Миленковски и спортските новинари Владимир Булатовиќ и Зоран Стерјовски.


МОК ги додели признанијата „Златна Олимпија“

Македонскиот олимписки комитет (МОК) ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2024 година на најуспешните спортистки, тренерки и спортски работнички.

Најуспешна спортистка за оваа година е Милијана Рељиќ, која стигна до четвртфиналето во таеквондо на Летните Олимписки Игри 2024 во Париз, Франција.

За најнадежна млада спортистка беше прогласена Марија Димовска, која освои прво место во кикбокс маитаи на Светското Првенство во Будимпешта, Унгарија.

Признанието за женски тренер на годината го поделија Ивана Аврамова (карате) и Жаклина Стојановска (кошарка). За најистакната спортска работничка беше прогласена Соња Спасовска од КФСМ.

Федерацијата која покажа посветеност и лидерство во унапредување на родова еднаквост за 2024 година е Фудбалската федерација на Македонија.

Признанието за најуспешно женско судиско дуо за 2024 година го добија Силвана Карбевска и Марија Илиева во ракомет. Кикбокс маитаи тимот на Македонија беше прогласен за федерација со најголеми успеси. Спортски подвиг на годината изведе Радмила Јованова, ултрамаратонка, додека наградата за животно дело ја доби Луиза Гашева.

Ребека Јанковска Ристески беше наградена за нејзината заложба за деца со попреченост. Признанија добија и Црвениот Крст, Волонтерскиот центар Скопје, Интернационалната полициска организација (ИПА) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за нивната поддршка и придонес во спортот.


КТМ не ги крие преговорите со Луис Хамилтон

Шефот на одделот за моторспорт на КТМ, Пит Бајрер, потврди дека претставниците на Луис Хамилтон разговарале за потенцијално купување на австрискиот МотоГП тим од седумкратниот светски шампион во Формула 1.

Како што знаете, КТМ е во сериозна финансиска криза, што доведе до големи отпуштања и намалено производство. Доверителите на марката дури сакаат да ги прекине сите негови тркачки програми, вклучително и онаа во МотоГП, но барем засега нема такви планови.

Според Бајрер, кој зборуваше за „СпидВик“, доаѓањето на „Либерти медија“ ќе ги отвори вратите за подобра финансиска иднина за неговиот тим, кој ќе може да најде нови партнери и инвеститори. А еден потенцијален бил Хамилтон, чии претставници разговарале со Бајрер и компанијата.

-Моменталната ситуација ве прави креативни и отворени за нови разговори, така што не сме отворени само за спонзори, како што беше порано, туку и за инвеститори. Сега треба да се вратам малку назад. „Либерти медија“ понуди 4,2 милијарди долари за купување на МотоГП и се надевам дека тој договор ќе се оствари. Петте производители – Хонда, Јамаха, Априлија, Дукати и КТМ сочинуваат голем дел од оваа бројка од 4,2 милијарди. Ова го запали интересот на инвеститорите кои почнаа да не бараат со идеја да инвестираат во МотоГП проект. Можам само да кажам дека имавме многу интересна дискусија со претставниците на Луис Хамилтон. Не е тајна дека Луис е заинтересиран за МотоГП и размислува да има свој тим, рече Бајрер.


Пливачот Маршан е најдобар европски спортист за 2024 година

Францускиот пливач Леон Маршан е прогласен за најдобар спортист во Европа во традиционалниот избор на новинските агенции. Изборот по 67. пат го организираше Полската национална агенција (ПАП).

Маршанд (22) освои пет медали на Олимписките игри во Париз, четири златни и една бронза.

Францускиот пливач доби вкупно 155 поени. Второто место во изборот за најдобар европски спортист му припадна на словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар (148 поени), а на третото место заврши шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис, кој освои 142 поени.

На четвртото место е италијанскиот тенисер Јаник Синер со 113,5 поени, а петти е актуелниот светски шампион во Ф1, Макс Ферстапен (71).

Во Топ 10 се и шпанскиот фудбалер Родри (53), швајцарскиот скијач Марко Одермат (49), украинската атлетичарка Јарослава Махучич (43), белгискиот велосипедист Ремко Евенепул (36) и српскиот кошаркар на Денвер, Никола Јокиќ (35).


Макс Верстапен го напушта Мекларен?

Сепак Холанѓанецот успеа да одолее на нападот на Норис иако имаше три месеци без победа, но триумфираше кога беше најпотребно – во Лас Вегас во ноември. Очигледно тоа го загрижи шампионот и сега размислува да си замине од тимот. Тој има договор до 2028 година, но Формула 1 експертот Марк Пристли не мисли го одработи целиот договор во тимот.

Пазарот на возачи во моментов е комплициран затоа што сите чекаат да видат како се менуваат правилата од 2026 година. Треба да го изберете тимот што мислите дека ќе го направи најдобриот болид, а тоа би можело да биде некој како Вилијамс. Тешко е да се каже дали Макс Верстапен, ќе го гледаме во Мекларен, тие имаат двајца млади и перспективни возачи, но очекувањата на тимот е големи. Знам дека се подготвуваат да се натпреваруваат со најдобрите тимови и можеби тоа е можност за Верстапен, посочи Пристли.


Кик-боксерот Илиоски вторпат е спортист на годината на Македонија

Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија, на свечена церемонија во Националната опера и балет, ги прогласија најдобрите во македонскиот спорт за 2024 година.
Традиционалната манифестација „Спортист на годината“ оваа година одбележува 70-годишен јубилеј.

Признанието спортист на годината за 2024 му припадна на кикбоксерот Бобан Илиоски, европски шампион во категоријата до 86 кг. на ЕП во Атина. Најдобра спортистка за 2024 година е таеквондистката Милијана Рељиќ, македонска олимпијка и четвртфналистка од Олимписките игри во Париз.

Наградите на најуспешните македонски спортисти за 2024 година им ги врачија, претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски.


Пет медали за македонските пинг-понгари во Подгорица

Неколку македонски пинг-понг клубови учествуваа на „Подгорица Опен 2024“ – меѓународниот турнир со силна конкуренција. Македонските играчи во повеќе категории прикажаа одлична игра, а се вратија со пет медали и еден пехар.

Софија Хасану од Младост 96 се закити со злато во младинска категорија и бронза во сениорска, додека Андреј Стојановски од клубот 10 60 АС Ѓорче Петров освои бронзен медал кај јуниорите.

Македонците освоија и ветерански медали со третото место за Сашо Стојановски од 10 60 АС Ѓорче Петров во категорија 40-49 години и Томе Петков од Пелагонија во категорија над 70 години.

Екипата на Младост 96, покрај со Софија Хасану, се претстави со Давид Јоноски, Мартин Ристески и Трајче Маркоски, кои заедно со Кристијан Митев, Андреј Бејковски и Дарко Китановски од Пелагонија одиграа одлично во младинските категории. Митев и Бејковски се пласираа помеѓу осумте најдобри во категорија до 12 години. Идентичен успех забележа Китановски во категорија до 18 години. Христијан Јовановски отскокна со пласман помеѓу шеснаесетте најдобри.

Мартин Стаменковски од Крива Паланка 2007 загуби во четвртфиналето од шампионот во категоријата 40-49 години. За тимот од Крива Паланка настапија и Мики Петковски, Игор Јовановски и Влатко Михајлов.

На турнирот настапија вкупно 320 натпреварувачи од 8 земји.