Табела: Младост 96 14 бода, Астраион, Шампион Фа, Телеком Нец 2 и Крива паланка по 12, Пелагонија 10, Радовиш и Вардар по 9, Берово 8, Младост 7.
ФИА парично ги казни Норис и Расел
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, е предупреден и казнет поради неправилниот старт за време на трката за Големата награда на Формула 1 во Бразил, откако пред време го започна загревачкиот круг, пред да се вклучат зелените светла за стартот на патеката Интерлагос.
Истото го направи и Џорџ Расел од Мерцедес кој стартуваше од втората позиција. Двајцата беа предупредени по трката и казнети со по 5.000 евра за грешката, објави „Скај Спорт“.
Возачите на РБ, Јуки Цунода и Лиам Лосон, исто така беа под истрага за истиот прекршок, но тие не беа казнети, бидејќи беше оценето дека биле под влијание на возачите пред кои беа пред нив, Норис и Расел.
Историски успех на најдобрата македонска велосипедистка
Нашиот актуелен државен шампион во друмски велосипедизам и хронометар трки, Елена Петрова, зазема учество на овогодинешното издание на Балканското првенство во друмски велосипедизам 2024 (Balkan Road Cycling Championship WE – ITT 2024), кое минатата недела се одржа во турскиот град Едрене.
Во силна конкуренција на учеснички од целиот регион, нашата претставничка успеа да ја заврши 25.3km долгата патека на одличното 3-то место, со задочнување од само 42 секунди зад првопласираната.
„Пресреќна што имав можност да ги бранам боите на Македонија на меѓународната велосипедска сцена и со национален дрес гордо да застанам на подиумот во Едрене. Трката беше мошне захтевна, но јас сум во одлична кондиција и успеав да дадам максимум од својот потенцијал и да завршам на позиција број 3 во финалниот пласман. Овој настап е непроценливо искуство за мене и вистински мотив за трките кои следат.“ – додаде Елена Петрова веднаш по прогласувањето на победниците.
Верстапен собори рекорд на Михаел Шумахер
Макс Верстапен успеа да го сруши рекордот на Михаел Шумахер по поминати денови на лидерската позиција во поредокот во Формула 1 шампионатот.
Холанѓанецот 897 дена по ред е на првото место во конкуренција на возачи во Формула 1. Серијата започна на Големата награда на Шпанија во 2022 година и ќе продолжи уште најмалку два викенда благодарение на вчерашната победа на трка за Големата награда на Сао Паоло.
Седумкратниот шампион во Формула 1 беше на првото место 896 последователни денови во 2000-2002 година.
Трет на оваа листа (560 дена во 2005-2006 година) е Фернандо Алонсо, кој сега вози за Астон Мартин.
Покрај тоа, тимот на Ред Бул го бележи 64-то Гран При по ред освојувајќи бодови повторувајќи ја втората најдолга серија во историјата (Мекларен, 2010-2013). Ферари останува рекордер (81 трка, 2010-2014). Последен пат кога Ред Бул не освои бодови беше на ГН на Бахреин во 2022 година.
Верстапен победник на Бразилското Гран-при во формула 1
Макс Верстапен, по пауза од десет трки, се радуваше на победа во шампионатот на Формула 1. Холанѓанецот победи во хаотичната трка за Голамата награда на Бразил, која покрај него ја обележаа возачите на Алпин, Естебан Окон и Пјер Гасли кои завршија на второто и третото место. Трката на патеката Интерлагос беше катастрофална за Мекларен и ландо Норис, кој заврши шестти во поредокот и речиси и да остана без шанси во борбата за титулата.
На крајот поредокот на првите десет изгледаше вака: Верстапен, Окон, Гасли, Расел, Леклер, Норис, Цунода, Пјастри, Лосон, Хамилтон.
Во првенството на Формула 1 сега следува пауза од три недели, а следната трка ќе се вози во Лас Вегас.
Македонските кикбоксери оптимист пред настапите на ЕП во Грција
Македонската кикбокс сениорска репрезентација замина на ВАКО Европското кикбокс првенство 2024 во Атина, Грција.Репрезентацијата ја предводи претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија Дејан Митровски -Урко.
Во составит на сениорската репрезентација се Бобан Илиоски, Стефан Михајловски, Митко Ашкилов, Леа Бошевска и Андреа Костовска и тренерот на репрезентација Драган Атанасовски. Во склоп на првенството ќе се одржи и Генералното собрание 2024 на Европската кикбокс федерација на кое ќе присуствува и претседателот Митровски.
Во склоп на првенството од страна на ВАКО Европа ќе има организирано и “Атлетски корнер” на кој ќе има секојдневна едукација за спортистите, физиотерапевтски дел со врвни терапевти за релаксација и помош на спортистите и презентација на “ВАКО женскиот комитет” чија членка од нашата држава е Ирена Митровска, која заедно со уште 6 жени членки од цела Европа пред спортистите ќе ја претстават својата работа.
Претседателот изјави дека репрезентацијата е подготвена во целост, очекувам успешни и добри мечеви од сите наши натпреварувачи и секако се надевам дека ќе се вратиме со медали.
„Ќе го чекаме официјалниот ждреб за да ги дознаеме противниците. Како и секогаш, конкуренцијата е голема, но нашата репрезентација иако е мала, составена е од врвни, искусни и докажани борци. Посакувам успех за сите и очекувам трофејни борби без повреди“, изјави претседателот Митровски.
Мајк Тајсон во топ-форма го чека мечот со јутјуберот Џејк Пол
Мајк Тајсон, познатиот боксер, со месеци се подготвува за борбата против Џејк Пол, познат јутјубер. Нивниот боксерски меч е закажан за 15 ноември во Тексас.
Борбата првично беше закажана за 20 јули, но беше одложена поради здравствените проблеми на Тајсон.
Судејќи по видеата од социјалните мрежи, Тајсон сега е во одлична форма, а едноставно е неверојатно како изгледа човекот на 58 години.
Познатиот боксер редовно објавува видеа од својот тренинг, а бројните фанови ширум светот се воодушевени од неговиот изглед и способности на таа возраст:
Во својата професионална кариера Тајсон имаше 58 натпревари и 50 победи со шест порази и две нерешени. Тој се смета за еден од најдобрите тешкаши во историјата на боксот.
Две девојки и три момчиња ќе ја претставуваат Македонија на ЕП во кик-бокс
Денес во Атина почнува Европско првенство во кик-бокс во машка и женска конкуренција. На овој голем собир настапат петмина македонски натпреварувачи.
Во женска конкуренција, Леа Бошевска е пријавена во кик-лајт во категоријата до 50 килограми, а Андреа Костовска во кик-лајт до 55 килограми.
Во машкиот состав се Мите Ашкилов во кик-лајт во категоријата до 94 килограми, Бобан Илиоски во лоу-кик до 86 килограми и Стефан Михајловски во кик-лајт во категоријата над 94 килограми.
На Европското првенство кое се одржува до 10 ноември пријавен е настапот на 982 кикбоксери од 41 земја.
Втор светски рекорд на Реган Смит на Светскиот Куп во Сингапур
Американската пливачка Реган Смит е нов светски рекордер на 200 метри грбно.
За само два дена Смит постави два нови светски рекорди. Откако постави магично време од 54.27 на 100 метри грбно , Смит блесна и на трката на 200 метри НА Светскиот куп во Сингапур.
Таа ја заврши трката со фасцинантни 1:58,83, што сега е нов светски рекорд – 0,11 секунди побрзо од рекордот кој важеше од ноември 2020 година и го држеше Кајли МекКеон. Второто место на трката го зазеде Анастасија Шкурдаи (2:01.63), додека трета Јона Андерсон (2:01.98).
Македонија слави три медали на атлетите од Специјалната Олимпијада
Деновиве тим од четири атлети од Специјална Олимпијада Македонија учествуваше на Европската пливачка средба на Специјална Олимпијада во Монако, под покровителство на принцезата Шарлин.
Во конкуренција од 180 натпреварувачи, атлетите – пливачи од нашата држава освоија вкупно три медали.
• Јулијана Петровска се натпреваруваше на 50 метри пливање во слободен стил, пласирајќи се на четвртото место, а ја освои бронзата во категоријата 25 метри грбно пливање.
• Катерина Петковска имаше силен настап, освојувајќи го четвртото место и на 25 метри слободен стил и на 25 метри грбно пливање.
• Стефан Трпковски се истакна со два бронзени медали, пласирајќи се на третото место во категоријата 25 метри грбно и во 25 метри пливање во слободен стил.
• Марио Мицковски покажа извонредна издржливост, натпреварувајќи се на 50 метри и на 100 метри пливање во слободен стил каде постигна најдобри времиња, но од здравствени причини не настапи на финалните трки.
Претседателката на Специјална Олимпијада Македонија, Моника Бошкоска, ја изрази својата воодушевеност од напорите на тимот и покрај огромната конкуренција.
„Нашите атлети демонстрираа дека со решителност, редовни тренинзи и посветеност, може да се постигне извонреден успех на меѓународна сцена. Ова е еден од бројните успеси на атлетите на Специјална ОлимпијадаМакедонија, кои продолжуваат да нѐ претставуваат во најдобро светло и да ја прават Македонија горда. Докажавме дека можеме да се носиме и со најголемите светски сили, да победуваме и да освојуваме медали. Ја користам оваа прилика да му честитам на тренерот и селектор Игор Димоски кој со своето искуство и посветеност е заслужен за успесите на нашата пливачка делегација. Огромна благодарност до организаторите и принцезата Шарлин што беа домаќини на ваков инспиративен настан кој во пракса ја покажува моќта на спортот и улогата која ја има во инклузијата на лицата со интелектуална попреченост“, рече Бошкоска.
Под покровителство на принцезата Шарлин, Европската пливачка средба на Специјалната Олимпијада обедини на едно место голем број атлети – пливачи од 27 европски земји на култниот стадион „Луј Втори“ во Монако. Учесниците се натпреваруваа во пливање во неколку категории: 25, 50 и 100 метри слободен стил на пливање, грбен и граден стил на пливање.
Специјална Олимпијада Македонија останува посветена на зајакнување на атлетите со интелектуална попреченост, обезбедувајќи им можности да го постигнат својот целосен потенцијал преку употреба на трансформативната моќ на спортот.