останато

Мартин Клинчаров претседател на Сојузот на спортски федерации на Македонија

Денес во хотел Карпош во Скопје се одржа редовното собрание на Сојузот на спортски федерации на Македонија. На дневниот ред беше избор на работни тела, усвојување на записникот од претходното собрание, извештај за работата на сојузот и реализација на програмата, како и финансискиот извештај за 2023 година.

Оваа година, собранието го имаше предзнакот изборно, со оглед на фактот што досегашниот преседател Наташа Илиевска Јордановска го заврши својот втор четиригодишен мандат на чело на сојузот.

По предлог на кандидационата комисија, како единствен кандидат за нов претседател беше предложен Мартин Клинчаров. Поранешното лево крило на македонските шампиони Металург и Вардар, косовска Приштина како и хрватскиот Умаг, како и на кадетската и младинска репрезентација на Македонија, беше едногласно избран од присутните 37 спортски федерации и општински спортски сојузи, членки на собранието на ССФМ.

Во својот поздравен говор, Клинчаров најнапред ги поздрави присутните и се заблагодари на честа и довербата да ја води оваа институција во наредниот четиригодишен период, бидејќи се работи за организација со голема традиција формирана далечната 1945 како Иницијативен Фискултурен Одбор на Македонија (ИФОМ) со прв Претседател Густав Влахов, менувајќи го својот облик и име, за во 2002 година прерасне во Сојуз на спортските федерации на Македонија со 45 национални спортски федерации и 6 општински спортски сојузи како нивни членки.

Во поглед на програмата за наредната 2025 година, Клинчаров истакна дека сигурно ќе претрпи одредени измени од она кое е претходно поднесено со оглед на фактот дека во соработка со Министерството за Спорт и министерот Ристовски се планира акцентот да се стави на неколку големи традиционални настани како на пример, Охридскиот пливачки маратон, Струшкиот ракометен турнир, боксерскиот Златен Гонг, Меѓународниот турнир во борење, Македонски Бисер, традиционалниот меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС, итн. Во фокусот остануваат едукациите и семинарите како и допинг контролата која е исклучително важна во градењето здрави спортисти.

Исто така, работата со лицата со попреченост и Даунов синдром ќе бидат на врвот од приоритетите во програмата за следната година.

На крајот, новоизбраниот Претседател, Мартин Клинчаров и се заблагодари на досегашната Претседателка, Наташа Илиевска Јордановска за успешната работа во изминатите осум години, со надеж дека ќе остане активна и понатаму и со своето искуство ќе придонесува за развој на спортот во Македонија.


Каратистот Стојановиќ зад себе остава импресивна спортска година

Каратистот на Макпетрол и на репрезентацијата на Македонија, Стефан Стојановиќ, годинава имаше извонредни постигнувања крунисани со бронзениот медал на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција, Италија, во категоријата над 84 килограми во млади сениори (У21). Со овој резултат тој на изборот за „Спортист на годината 2024“ е номиниран за „Млад спортист на годината“.

Листата на успеси на Стојановиќ е голема и тој еден од најуспешните млади спортисти во нашата земја. Во неговата кариера има три светски медали – злато и сребро од Светски лиги во Пореч и Венеција, бронзен медал од официјалното Светско првенство во Венеција. Долго време беше прв на Светска ранг-листа во У21, цела година, по новите пресметки можеби е втор. Најуспешен млад спортист во историја на Македонија, има два светски медали, златен европски како јуниор, бронза на ЕП во У21, притоа трипати бил петтото место на европските првенства и еднаш петтото место на Светски игри во Ријад.

Во 2024 година тој ги оствари следните резултати: на Меѓународниот турнир Гранд при Кроација во Самобор – Хрватска, сребрен медал во +84 кг во У21; Државно првенство за сениори во Скопје – златен медал во поединечна конкуренција и злато со кумите тимот на Макпетрол; Светска младинска лига во Пореч, Хрватска – сребрен медал над 84 кг во У21; Европски универзитетски игри во Дебрецен-Мишколц, Унгарија, 5 место; Куп на Македонија за кадети, јуниори и У21 – златен медал, + 84 кг во У21; Балканско првенство за кадети, јуниори и У21 во Сараево, БиХ – бронзен медал, + 84 кг во У-21; Светска младинска лига во Венеција, Италија – златен медал, +84 кг во У21.


Одржана работилница-финансиски критериуми во клупско лиценцирање

Вчера во куќата на фудбалот се одржа работилница за финансиските критериуми во процесот на клупско лиценцирање, која беше организирана со цел да ги информира и едуцира сите вклучени субјекти во процесот на лиценцирање на клубови.

Работилницата се одржа во присуство на финансиски директори, сметководители и ревизори кои се дел од клубовите кои аплицираат за лиценца.

Целта на работилницата беше да се обезбедат детални информации и практични насоки за тоа како клубовите можат да ги исполнат финансиските критериуми потребни за успешна апликација за клупска лиценца. Присутните имаа можност да ги разгледаат најновите прописи и регулативи кои се однесуваат на финансиската стабилност, транспарентност и одржливост на клубовите.

Теми на работилницата беа:

Основи на финансиските критериуми за клупско лиценцирање:

Преглед на клучните финансиски стандарди што клубовите мора да ги исполнат, како што се ликвидност, профитабилност и одржлива финансиска структура

Прописи за финансиски извештаи и документи:

Детален преглед на финансиските документи што се бараат при апликацијата за лиценца, вклучувајќи годишни извештаи, ревизии и други релевантни извештаи.

Преглед на најчести финансиски грешки и проблеми:

Анализа на најчестите грешки кои се појавуваат при подготовката на финансиските извештаи и како тие можат да се избегнат.

Презентација на системи за ревизија и контрола:

Како клубовите можат да воведат подобри процеси за финансиска контрола и ревизија за да ги задоволат барањата на лиценцирањето.

Работилницата се состоеше од теоретски дел, каде што учесниците беа запознаени со законските рамки и правилници, при што присутните имаа можност да дискутираат на овие теми. Оваа интерактивна форма овозможи поблиска комуникација помеѓу учесниците и експертите, што значително ја подобри размената на искуства и знаења.

Работилницата беше од големо значење за учесниците, кои добија практични совети и препораки за подобрување на финансиското управување во клубовите. Присутните се согласија дека најголемиот предизвик за клубовите е да ги исполнат финансиските критериуми, особено во периоди на економски предизвици.

Одделението за лиценцирање при ФФМ најави дека работилници од овој тип ќе продолжат и во иднина, со цел да се овозможи поддршка на клубовите кои аплицираат за клупска лиценца и размена на знаења и искуства.


Се разделија Серхио Перез и Ред Бул

Ред Бул и Серхио Перез решија да се разделат, пренесува француски „Канал+“.

Според изворот, австрискиот тим одлучил Лијам Лосон да биде дел од главниот ростер заедно со Макс Верстапен. Јуки Цунода ќе остане во РБ, а од сезоната 2025 ќе вози за тимот „Рејсинг Булс“.

Претходно беше објавено дека Изак Аџар од Формула 2 ќе се пресели во РБ и ќе му биде тимски колега на Цунода.

Перез вози за Ред Бул од 2021 година. Минатата сезона стана вице-светски шампион. Триесет и четиригодишниот Мексиканец оваа година четири пати заврши на подиумот, но во втората полусезона никогаш не заврши повисоко од шестото место и двапати заврши на 17. место.


Хамилтон ќе дебитира за Ферари на 22 јануари

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, на 22 јануари ќе ги забележи своите први кругови зад воланот на болидот на Ферари, според извори блиски до тимот. Сепак информацијата се уште не е потврдена од Ферари.

Хамилтон ќе го вози болидот Ф1-75 од 2022 година на патеката „Фиорано“ во Маранело, а Скудерија ќе ја користи програмата за тестирање на болидите од пред најмалку две сезони.

Мерцедес одби да го ослободи Хамилтон предвреме од неговиот договор поради спонзорската обврска во Малезија и тој не можеше да вози за својот нов тим на тестот во Абу Даби по крајот на сезоната.

Хамилтон веќе се прости од тимот на Мерцедес, а аналитичарите се натпреваруваат во прогнозите како ќе се одвива неговата адаптација во Ферари и како ќе изгледа неговата битка со Шарл Леклер.


Линдзи Вон се враќа на снегот по шест години на 21 декември

Линдзи Вон најави дека ќе се врати на Светското првенство за прв пат по речиси шест години во два супер-велеслалом во Сент Мориц во Швајцарија на 21 и 22 декември.

40-годишната американска скијачка се пензионираше во февруари 2019 година, но го најави своето враќање минатиот месец. Вон се врати во конкуренција минатиот викенд со натпреварот на четири трки во Копер Маунтин, Колорадо, што ја поттикна да одлучи да се натпреварува во Сент Мориц.

„Се борам со повреди од 2013 година и секоја година после тоа сум прилично повредена. Последните неколку години од мојата кариера беа попредизвикувачки отколку што мислев“, рече таа. „Но, сега се чувствувам посилно отколку во доцните 20-ти. Страста за скијање никогаш не исчезна, едноставно веќе не бев физички способна да го правам тоа. Па сега, кога имам можност физички да го работам она што го сакам, зошто не би се обидела? Животот е краток. Треба да го живеете секој ден во потполност и тоа е сѐ што правам”, додала Вон. Таа рече дека целиот нејзин изглед се променил откако коската на коленото ѝ била заменета со титаниум, што ѝ овозможило целосно да ја исправи десната нога за прв пат по неколку години.

Многу брзо по операцијата и во процесот на рехабилитација веќе правев работи што не ги правев со години“, рече таа. „Моето тело функционираше подобро. Очигледно сум многу посреќна бидејќи не ме боли 24 часа на ден. Станувам посилна, подобра и побрза отколку што бев“, додаде четирикратната победничка на Светскиот куп, која има 82 победи на Светскиот куп и три олимписки медали од кои еден златен.

Иако сум многу возбудена што ќе учествувам, дефинитивно имам цели и очекувања“, додаде таа. „Се обидувам да бидам колку што е можно трпелива на ова патување. Направете го чекор по чекор, не прескокнувајте чекор. Знам дека може да ми требаат трка или две за да стигнам до натпреварувачко ниво, но дефинитивно имам намера да се вратам таму каде што бев порано“.


Одермат победник на велеслаломот во Вал д’Изер

ADELBODEN,SWITZERLAND,06.JAN.24 – ALPINE SKIING – FIS World Cup, giant slalom, men. Image shows the rejoicing of Marco Odermatt (SUI. Photo: GEPA pictures/ Mario Buehner-Weinrauch

Швајцарецот Марко Одермат славеше на денешната велеслаломска трка во Вал д’Изер.

Одермат беше најбрзи и по првата трка, па успеа да ја одбрани стекнатата предност и триумфираше со осум стотинки предност пред второпласираниот Австриец, Патрик Форштајн.

Третото место му припадна на уште еден Австриец, Стефан Бренштајнер (+0,12), а четвртото сензационално го освои Швајцарецот Лука Аерни (+0,23). Тој почна последен во првото возење, со стартен број 62, но успеа да влезе во најдобрите 30, а потоа со одлично второ возење стигна до четвртото место.


Подвиг на Џордан Крукс 0 собори светски рекорд на 50 метри слободно

Џордан Крукс од Кајманските Острови е најбрзиот пливач на сите времиња.

Во квалификациската рунда во дисциплината 50 метри слободно на Светското првенство во Будимпешта 25-метарски базени, тој забележа резултат 20.08 секунди.

За осум стотинки ја надмина претходната граница од соништата, која беше во сопственост на познатиот Американец Кејлеб Дресел.

Крукс во Будимпешта го брани златниот медал освоен во Мелбурн пред две години.

За светскиот рекорд, Џордан Крукс беше награден со 25.000 долари.

Кајманските Острови, од каде што потекнува, се мала карипска земја. Зафаќа само 259 квадратни километри и има околу 88 илјади жители. Според бројот на жители е 206.држава во светот.


Руанда спремна да влета во календарот на Формула 1

Претседателот на Руанда, Пол Кагаме, објави денеска дека неговата земја ќе се пријави за домаќин на трка во Формула 1, која би се возела во главниот град Кигали.

Руанда активно ги следи плановите да биде домаќин на Големата награда на Ф1, со цел да го врати спортот во Африка за прв пат од 1993 година.

Последната трка од Светскиот шампионат во Ф1 организирана на континентот се одржа пред 31 во Јужна Африка, на патеката Кјалами.

„Среќен сум што официјално можам да објавам дека Руанда се натпреварува да ја врати возбудата на автомобилските трки во Африка со тоа што ќе биде домаќин на Големата награда на Формула 1“, изјави Кагаме.

Противниците на претседателот Кагаме ја обвинуваат неговата администрација дека користи меѓународни настани од висок профил за да ја зајакне својата репутација при прикривање на сериозни прекршувања на човековите права, задушување на слободата на изразување и ограничување на слободите во земјата.

Во август, шефовите на Формула 1 ги потврдија тековните разговори со Руанда за домаќин на трката во Ф1, при што нејзиниот извршен директор Стефано Доменикали истакна дека земјата е „сериозна“ опција.

Од друга страна, јужноафриканските власти, исто така, неодамна посочија дека сакаат трката да се врати во Кјалами, но таа патека, која се наоѓа во близина на Јоханесбург, веќе не е на ниво на стандардите и мора прво да се реновира.


Волш доплива до уште едно злато со светски рекорд

Гречен Волш продолжува да си поигрува со светските рекорди на планетарното првенство во 25-метарски базени во Будимпешта.

Брилијантана Американка, најпрвин постави нови светски рекорди во дисциплините 50 метри делфин (два пати, во квалификациите и во финалето) и 100 метри мешано, а утрово постави нов планетарен рекорд во трката на 100 метри делфин.

Во квалификациите, в оваа дисциплина таа исплива 53,24, надминувајќи го достигнувањето на Канаѓанката Мекнил од 2022 година за дури 81 стотинка.

Волс веќе собра 100.000 долари за соборување светски рекорди во Унгарија, бидејќи секој најдобар резултат во историјата носи 25.000 зелени банкноти. Таа ја проби бариерата двапати во 50 метри делфин и еднаш на 100 метри мешано и претпладнево на 100 метри делфин.

Во каква форма дојде на СП во Будимпешта реално е да се очекува дека Волш ќе урне уште некој светски рекорд.