останато

Путин остана без црниот појас во теквондо

Светската теквондо федерација повикуваќи се на своето мото „Мирот е подрагоцен од победата“, му го одзеде на Владимир Путин црниот појас. Поради моменталната воена акција во Украина тие велат дека„ бруталните напади на невини животи ги прекршуваат вредностите на почит и толеранција што ги негува овој спорт“.Ова следува два дена откако Меѓународната џудо федерација кажа дека го суспендира статусот на Путин како нејзин почесен претседател и амбасадор.


Промовиран новиот Ф1 болид на Алфа Ромео

Формула 1 тимот на Алфа Ромео ОРЛЕН, го откри новиот дизајн на болидот за сезоната 2022.

Новото „лице“ на болидот С42 е промовирано после официјалните тестирања во Барселона кои тимот ги имаше изминатата недела.

 Двајцата возачи на Алфа Ромео, Валтери Ботас и Гвању Жу, очекуваат брзо прилагодување на болидот и остварување на добри резултати во претстојната сезона.

Првиот викенд во календарот на Формула 1 на програмата е од 18. до 20. март кога ќе се вози трката за Големата награда на Бахреин.


Меѓународниот олимписки комитет со нови предлог мерки против Русија и Белорусија

Меѓународниот олимписки комитет излезе со повик знамињата на Русија и Белорусија да не се истакнуваат на спортски настани од кое било ниво по руската инвазија над Украина. Ова се наведува во соопштението на официјалниот сајт на МОК.

Во повикот стои и дека се забранува интонирање на националните химни на овие две земји.

„Извршниот одбор на МОК повикува да не се веат националните знамиња на Русија и Белорусија,и да не се изведуваат националните химни на земјите за време на меѓународни натпревари, се вели во соопштението.


Нов удар за Русија: ФИДЕ ја дислоцира шаховската Олимпијада од Москва

Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) објави дека 44. шаховската Олимпијада нема да се одржи во Москва како последица на руската инвазија врз Украина.

„На вонредниот состанок донесовме одлука сите планирани натпреварувања да ги дислоцираме од Русија. Брзото влошување на геополитичката ситуација го принуди Советот да донесе тешка одлука“, се наведува во соопштението на ФИДЕ.

Тоа значи дека покрај Олимпијата нема да се реализира и годишниот конгрес на  Светската шаховска федерација.


Формула 1 нема да се вози во Русија

Претставници на Формула 1 шампионатот, ФИА и делегации на тимовите одржаа состанок и дискусија околу позицијата на автомобилскиот спорт и се одлучи дека во овие околности не е можно одржување на трката за Големата награда на Русија. 

„Го следиме развојот на ситуацијата во Украина и се надеваме дека ќе се постигне мирно решение“, стои во соопштението на Ф1.

Спрема првобитниот план, трката во Русија беше закажана за 25 септември.


Вајт и Фјури ќе ги вркстат ракавиците на „Вембли“ на 23 април

Договорена е борбата помеѓу Тајсон Фјури и Вилијан Вајт.

Фјури појасот во ВБЦ категорија ќе го брани против сонародникот на 23 април на стадионот „Вембли“ во Лондон. За оваа борба Фјури има загарантирано 30 милиони долари, додека Вајт ќе добие 7.5 милиони долари.

Победникот ќе добие бонус од четири милиони долари, а се очекува на трибините на „Вембли“ да бидат околу 100.000 гледачи бидејќи во Велика Британија се укинати сите мерки за заштита од коронавирусот.

Фјури во октомври минатата година го победи Деонте Вајлдер, додека Вајт во борбата за ВБЦ пјасот беше подобар од Александар Поветкин. Според некои најави победникот од овој меч ќе оди на дуел со подобриот од борбата помеѓу Александар Усик и Ентони Џошуа која ќе се случи на пролет.


Јован Стојовски го собори рекордот на Исмаил Мачев стар 35 години

Во својот настап на Меѓународниот митинг за сениори во сала кој се одржа изминатиот викенд во Будимпешта, Унгарија, членот на АК Охрид Јован Стојоски освојуваjки го првото место го собори националниот рекорд на Македонија на 400 метри во сала со време 47.18 секунди вреден 1.096 бодови.

Рекордот стар 35 години беше во сопственост на нашата атлетска ѕвезда Исмаил Мачев , кој претходно изнесуваше 47.49 секунди поставен исто така во Будимпешта.


Норвешка е најуспешна земја учесник на Зимската олимпијада во Пекинг

Норвежаните се убедливо најуспешна нација на штотуку завршените игри во Пекинг. Тие освоија вкупно 37 медали од кои рекордни 16 се златни.

После Норвешка, најуспешна земја беше Германија, со освоени 27 медали од кои 12 златни, додека на трето место се најде домаќинот Кина со 9 злата од вкупно 15 медали.


Финска првпат златна на олимпискиот турнир во хокеј на мраз

Финска за првпат во историјата ја освои титулата олимписки првак во хокеј на мраз, совладувајќи ја во денешното финале на Игрите во Пекинг репрезентацијата на Русија со 2-1 (0-1, 1-0,1-0).

Финците со пресврт ги симнаа од тронот олимписките победници од Пјонгчанг 2018, откако Русите поведоа со голот на Михаил Григоренко во првата третина.

Виле Пока го израмни резултатот со удар од далечина во втората третина, а златото на Финците им го донесе Ханес Бјорнинен во 41. минута.

Во дуелот за бронзениот медал, Словачка ја совлада Шведска и го освои својот прв олимписки медал во хокеј.


Ставре Јада на 56.место во крос-кантри маратонот

Македонскиот олимпиец, Ставре Јада, заврши на 56.место во крос-кантри трката на 30 километри на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Првично, оваа трка требаше да се одржи на 50 километри, но поради неповолните временски услови, истата беше скратена на 30 километри.

Нашиот претставник патеката ја мина за 1:25:41.8 час, односно имаше заостанување од 14:09.1 минути во однос на победникот.