Италијанската одбојкарска репрезентација е нов светски шампион, откако во финалето славеше победа над домаќинот Полска со 3:1 во сетови.
За Италија ова е четврта титула светски шампион . Претходните три титули италијанците ги освоија во 1990, 1994 и 1998 година.
Третото место и бронзениот медал им припадна на Бразил, кој беше подобар од Словенија.
Дали пропаѓа договорот меѓу Порше и Ред Бул?
Преговорите меѓу Ред Бул и Порше за влез на Германците во Формула 1 пропаднаа, објави германскиот сајт F1-insider, повикувајќи се на извори блиски до двете страни.
Уште пред март, Бордот на директори на автомобилскиот гигант Volkswagen Group одобри идно учество на два од брендовите на групацијата: Ауди и Порше да учествуваат во Формула 1. Ред Бул тврдоглаво не негираа дека преговараат со Порше, но секој пат тие прецизираа дека се уште не постигнале договор. Меѓутоа, сега е многу поверојатно дека воопшто нема да се постигне таков договор.
Се испостави дека Ред Бул и Порше не се согласуваат за голем број прашања. Се претпоставуваше дека Порше ќе купи 50% од Ред Бул Технолоџис, компанија која ги произведува Формула 1 болидите на Ред Бул и која е и шеф на Red Bull Powertrains, каде што ќе се произведуваат погонските единици на тимот за Формула 1. Но сега станува јасно дека, всушност, Ред Бул сакал да задржи повеќе од 50% од акциите и, во пракса, Порше да биде малцински акционер.
Битолски браќа успешни на меѓународниот натпревар “Алексо Огненовски” во бокс
Битолските Боксери Браќата Ален Рустемовски и Ружди Рустемовски кои се Репрезентативци на Боксерската Федерација на Македонија настапија на Меѓународниот натпревар “Алексо Огненовски” кој се одржа во Охрид. На натпреварот учество зедоја повеќе Европски Држави: Германија, Шведска, Швајцарија, Албанија и Една Африканска земја Еритреа. Ален Рустемовски настапи во Јуниоркса конкуренција до 57кг. А, Ружди Рустемовски исто така настапи во Јуниорска конкуренција до 66кг. Двата Боксери беа подобри од своите противници, Ален Рустемовски против Сухејб Матраку победа со прекин во првата рунда. Ружди Рустемовски против Сајди Беголи убедлива победа на поени 5:0. Двата се закитија со Злато, а Ален Рустемовски беше прогласен за најдобар Македонски Боксер на турнирот. Нивниот тренер Јове Петровски Оцо е многу задоволен како боксерите настапија на овој турнир. Наша следна цел е “Златна Војводинска Нараквица” за која се зборува дека е “мало светско првенство” со оглед на тоа дека доаѓаат земји од сите континенти. – “Пред се да ја искористиме оваа прилика да му се заблагодариме на луѓето кои колку можат ама искрено не подржуваат”: Евро Тип обложувалници Голд Слот Портал Кафе Сендвичара Кико Роса Вита Аптеки – велат од клубот.
Разделбата на Рикардо и Мекларен е удар за Формула 1 спортот
Во деновите пред викендот за ГН на Белгија, Даниел Рикардо објави дека ќе се раздели со тимот на Мекларен една година пред да му истече договорот, што поранешниот шеф на Австралиецот, Кристијан Хорнер го опиша како „многу тажно“.
Рикардо му се приклучи на тимот од Вокинг на почетокот на 2021 година, но освен неговата победа во Монца, тој се претстави драстично под очекувањата. Токму поради тоа тие побараа од Мекларен да се разделат со Рикардо и да го заменат со неговиот помлад колега Оскар Пјастри, кој ќе застане до Ландо Норис во тимот.
Нормално, оваа тема беше една од водечките по враќањето во Формула 1 викендов, а ја коментираше и првиот човек на Ред Бул – Хорнер. Рикардо се тркаше за „биковите“ од 2014 до 2018 година, откако претходно помина две години во Торо Росо.
Ислами потфрли на Европското првенство во Минхен
Македонската атлетичарка Дрита Ислами денеска на Европското првенство во Минхен се појави во квалификациите на 400 метри со пречки и го освои последното осмото место во својата квалификациска група.
Таа истрча време од 1:01.56 минута и на крајот не успеа да се квалификува за пласман во полуфиналните трки на првенството.
Ивановски не го заврши маратонот на Европското првенство во Минхен
Нашиот најдобар тркач на долги патеки, Дарио Ивановски, денеска не успеа да ја заврши машката маратонска трка на европското првенство во Минхен. Тој се појави како дел од 79-те пријавени учесници на маратонот, но се откажа некаде по половина од истрчаната трка.
Ивановски беше единствениот македонски атлетичар кој обезбеди настап на ова ЕП кое ќе трае до крајот на оваа недела.
Фјури до 26 август треба да ја потврди пензијата
Претседателот на ВБЦ (Светскиот боксерски совет) Маурицио Сулејман соопшти дека асоцијацијата му дала на шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури 10 дена писмено да го потврди својот крај на кариерата.
„Разговаравме со неговиот промотор. На Фјури му дадовме 10 дена. До 26 август мора да ни испрати писмена потврда за својата конечна одлука. Дури потоа можеме да почнеме да го решаваме прашањето за шампионскиот појас“, изјави Сулејман во интервју за „Изкиердазо“.
Фјури во последната борба го нокаутираше Дилијан Вајт (28-3) во шестата рунда. Борбата се одржа на 24 април во Лондон, Велика Британија. После тоа Британецот објави крај на кариерата како борец. Фјури во текот на својата кариера има 32 победи и еден нерешен резултат.
Фјури потврди дека ја завршува кариерата
Никогаш нема досаден момент со Тајсон Фјури. На својот 34-ти роденден, актуелниот непоразен светски шампион во супертешка категорија на ВБЦ го потврди своето повлекување од професионалниот бокс.
Британецот го објави ова уште во април кога го победи Дилијан Вајт во борба за титулата на преполниот Вембли.
Но, после тоа во јуни најави дека ќе се врати во рингот за да се бори со подобриот од мечот Усик-Џошуа за титулата апсолутен светски шампион, а пред некој ден изјави дека би сакал повторно да се бори со Дерек Чисора.
Изгледа по сите нагаѓања решил да стави крај.
„Благодарам на сите што имаа влијание врз мојата кариера низ годините. По долги дискусии решив дека ова е дефинитивно крајот“, напиша Фјури.
Вајлдер се враќа во рингот, ќе се бори против Роберт Хелениус
Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, ќе се бори со Финецот, Роберт Хелениус на 15 октомври во Њујорк, САД.
Тој нема меч од октомври, кога во третата борба против Тајсон Фјури загуби со нокаут во 11. рунда.
„Бронзениот бомбардер“ има има 42 победи од кои 41со нокаут. Неговиот противник, Хелениус, има 31 победа и три поразa.
Рикиардо бара 21 милион долари да му раскине на Мекларен
Даниел Рикиардо побарал 21 милион долари за да се согласи да го раскине договорот со Мекларен, кој трае до крајот на сезоната 2023-та во Формула 1. Денеска во неколку австралиски медиуми се појавија информации кои коментираат дека Даниел несвесно станал учесник во трансфер сагата со Оскар Пјастри со кој Мекларен сака да го замени. Според непотврдени информации, Рикардо вози за 15 милиони долари годишно во Мекларен.
Наместо тоа, сепак, се претпоставува дека овие 21 милион долари се почетната точка од која започнуваат преговорите меѓу Рикардо и Мекларен за условите под кои двете страни ќе се разделат. Но, веќе е јасно дека ако Рикардо остане во Формула 1 и најде друг тим, тогаш тој ќе мора да ја врати во Мекларен сумата, еднаква на неговата плата на новото место.
На пример, ако Рикардо се врати во Алпин и потпише договор за 10 милиони долари по сезона, тогаш од 21 милион што ќе ги добие од Мекларен, мора да врати 10 милиони во тимот на Зак Браун. Во исто време, се очекува дека Мекларен ќе се соочи и со сериозни трошоци, поврзани со Пјастри и претстојниот случај во Високиот суд во Лондон – Алпин веќе најави дека ќе бара компензација за парите вложени во кариерата на Оскар.