останато

Хамилтон ќе го продолжи договорот со Мерцедес

Директорот на Мерцедес, Тото Волф, во изјава за медиумите најави дека седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, би можел да го продолжи договорот со тимот до трката за Големата награда на Канада која се вози претстојниот викенд.

Договорот на Хамилтон со Mерцедес истекува за шест месеци, и веќе се појавија шпекулации дека тој има понуда од Ферари, меѓутоа Волф изјави дека Британецот е на чекор до постигнување договор околу нова соработка.

Очекувањата се дека новиот договор со 38-годишниот возач ќе биде за период од неколу години и дека тој ќе продолжи да настапува во Формула 1 и во иднина.

Ф1 шампионатот продолжува во недела за Големата награда на Канада.


Младост 96 ја одбрани титулата во пинг-понгарскиот шампионат на Македонија

Пинг-понгарите на Младост 96 ја освоија шампионската титула во пингпонгарскиот шампионат на Македонија. Во финалните натпревари кои изминатиот викенд се одржаа во Прилеп, ППК Младост 96 со 4:1 сдлавеше на првиот дуел со Телеком Нец 2, додека вториот натпревар од финалето во плеј- офот го добија со тесни 4:3, со што со вкупен резултат 2:0 ја обезбедија шампионската титула.

Ова е втора титула за Младост 96 во последните три години. Тимот во текот а целата сезона имаше само еден пораз и покажа дека во моментов е најдобра екипа во државата.


Шефот на Ферари му се извини на Шарл Леклер

Шефот на Ферари, Фредерик Васер, потврди дека му се извинил на Шарл Леклер за недоразбирањето меѓу него и луѓето од боксот за време на квалификациите за Големата награда на Монако.

Леклер заврши на третото место во квалификациите но, беше казнет со три места затоа што го задржа Ландо Норис во тунелот во третиот дел од сесијата.

Во целата ситуација тимот е виновен за тоа бидејќи луѓето од боксот не го предупредија Леклер за движењето на Норис.


Уличната трка во Монте Карло ќе добие нов договор

Принцот Алберт Втори е уверен дека Големата награда на Монако има иднина во Формула 1 и дека треба да се направат одредени промени во преговорите за новиот договор.

 „Стефано Доменикали и Грег Мафи ми кажаа како ја гледаат иднината на Формула 1. Тие сакаат да ги направат трките подинамични и поатрактивни. Трката во Монако има договори кои не можеме да ги откажеме. Во 2025 година  ќе разговараме за прашањата околу спонзорите, ТВ преносите и други комерцијални прашања“, вели Принцот Алберт.


Махичух и Ел Бакали со рекорди се вратија од митингот во Рабат

Украинската атлетичарка Јарослава Махучих со скок од 201 сантиметар победи на натпреварот во скок во височина на митингот од престижната Дијамантската лига во Рабат синоќа. Таа постави нов рекорд во ова натпреварување, а воедно и најдобар резултат сезонава во оваа дисциплина.

Најдобриот резултат досега во Рабат го имаше познатата хрватска рекордерка Бланка Влашиќ, која победи во 2011 година со скок од 197 см.

Најдобриот резултат на митингот во Рабат го постигна актуелниот светски шампион, олимписки победник и минатогодишен освојувач на Дијамантската лига на 3000 метри стиплчез, Мароканецот Суфиане Ел Бакали, кој делницата ја истрча за 7:56,68 минути. Со ова тој го подобри рекордот на митингот за 1,60 секунди, а воедно е и најубедливо најдобар резултат во оваа дисциплина во 2023 година.


Евротип и Голд Слот редовна поддршка за боксерскиот клуб “Пелистерски Јунак”

Боксерскиот клуб “Пелистерски Јунак” изрази благодарност за поддршката и даде краток опис за настанот:

“На Светското Првенство во Бокс кое се одржа во Република Узбекистан градот Ташкент учество зазедоа 539 боксери од 107 држави.
Наш претставник на ова Светско првенство беше Битолскиот боксер Ален Рустемовски кој е репрезентативец на БФМ.
Ален за свој противник го имаше Индискиот боксер Мухамад Хусамадин за жал Ален беше поразен во овој меч и првенството за нас заврши тука.
Голема Благодарност до нашите општествено одговорни компании Евро Тип и Голд Слот за нивната несебична подршка.”


Јошко Миленкоски се врати на местото селектор на одбојкарската репрезентација на Македонија

Јошко Миленкоски е именуван за нов селектор на нашата репрезентација.

Миленкоски по пауза од 15 години повторно ќе седне на жешкото столче и ќе го предводи „спартанците“ на предизвиците како што се Европската лига, но и Европското првенство на кое ние сме еден од ко-домаќините заедно со заедно со Италија, Бугарија и Израел.

Јошко долго време е на одбојкарската сцена, има работено во многу клубови во Европа и светот, исто така ја има предводено и селекцијата на Турција.

Во моментов е дел од грчки АЕК со кого пред некое време го освои Купот на Грција.


Маркез ги послушал докторите да направи пауза од трките

Легендарниот возач во Мото Гран При конкуренцијата, Марк Маркез, откри дека повеќе лекари го советувале да направи пауза за да ја санира повредата која го спречи да настапи на неколку трки.

„Ако се тркам, тоа ќе биде затоа што сакам да возам и да ризикувам. Кога три одделни медицински тимови ми кажаа дека би било лудо да возам, не можев да ги игнорирам. Ми беше кажано дека ако повторно се повредам има шанса да ја завршам кариерата. Така, одлуката да не се вози беше релативно лесна“, објасни шесткратниот шампион пред новинарите.


Легендата Фарах најави завршување на кариерата

Атлетичарот, Мо Фарах, кој има четири златни медали од Олимписките Игри, најави дека кон крајот на годинава на полумаратонот во Греј Норт ќе ја заврши богатата кариера.  

„Грејт Норт Ран ќе биде моето последно натпреварување и тоа ќе биде моето збогување“ – потенцира Фарах кој има шест златни медали на светските и пет на европските првенства.

Фарах на Игрите во Лондон (2012) и Рио де Женеиро (2016) успеа да ги освои златните медали на трките на 5 и 10 километри.


Формула 1 трката во Монако под знак прашалник заради протестите во Франција

Одржувањето на трката за Големата награда на Монако може да биде под знак прашалник. Во Франција продолжуваат протестите во врска со усвојувањето на пензиската реформа, па во оваа насока, во земјата се одржуваат масовни протести и меѓу синдикатот CGT Energie, кој работи во енергетскиот сектор.

Меѓу овие акции, се очекуваат прекини на струја на големи настани како Ролан Гарос и Големата награда на Монако. Од CGT Energie истакнаа дека не ја исклучуваат можноста овие настани да „завршат во темница“.

CGT Energie веќе ја презеде одговорноста за прекините на електричната енергија на аеродромот во Монпеље и во училиштето во Еро кое го посети претседателот Макрон. Големата награда на Монако е закажана за 26-28 мај.