останато

Историско прво злато за Филипините на ЛОИ

Филипинката Хидилин Дијаз го освои златниот медал во кревање тегови во категоријата до 55 килограми на Олимписките игри во Токио и со тоа на својата земја и го донесе првото олимписко злато во историјата.

Филипинските спортисти до Олимпијадата во Токио имаа освоено вкупно 10 медали, но ниту еден златен.

Во својот четврти и најверојатно последен настап на Олимписките игри, 30-годишната Дијаз крена вкупно 224 килограми и го освои златниот медал со нов олимписки рекорд.


Георгиевски обезбеди медал на Олимпијадата во Токио

Македонскиот таеквондистот Дејан Георгиевски се пласира во финалето на Олимпијадата во Токио. Тој претпладнево го победи Кјо Дон Ин од Кореја со 12:6 во полуфиналето во категоријата +80 килограми.

За прв пат на турнирот во Токио, Георгиевски имаше негатива по првата рунда (0:1). Следуваа две добри минути за македонскиот репрезентативец и водство со 5:3 по втората рунда. Последните две минути поминаа во доминација на Македонецот за сигурен пласман во финалето.

По две децении македонскиот спорт доаѓа до медал на Олимписките игри. Противник на Георгиевски во борбата за златото ќе биде Русинот, Владислав Ларин. Финалето е закажано за 14:45 часот.

Извор: МИА


Злато на австралиската штафета 4×100 метри слободно

Поделбата на медалите во пливањето на Олимписките игри во Токио започна со светски рекорд кој австралиската штафета во женска конкуренција го постави на 4×100 метри слободно. Мег Херис, Ема Мекион и сестрите Бронте и Кејт Кембeл испливаа неверојатна трка, доминатно победувајќи пред ривалките од Канада и Сад.

Австралијанките светскиот рекорд го подобрија за 36 стотинки, поставен токму од нив на Светско првенство пред три години.


Реџепи елиминирана по само една рунда во Токио

Македонската џудистка Арбреша Реџепи издржа само една минута во своето деби на Олимписките игри. Таа вчера во категоријата до 52 килограми загуби (11-0) од Челси Џил од Велика Британија со ипон во првата рунда.

Од осумте македонски натпреварувачи на Олимпијадата во Токио, своите настапи покрај Реџепи ги завршија уште и Борјан Бранковски кој претходно беше 21-ви во квалификациите во стрелаштво – воздушен пиштол 10 метри, како и пливачот Филип Деркоски кој заврши на последното место во квалификациите на 400 метри слободно.

Следен Македонец кој ќе се појави на борилиштата во Токио е Георгиевски Дејан, (таеквондо) во категоријата +80 кгр. Неговиот настап е предвиден за 27 јули.


Уште една земја го откажа настапот на Олимписките игри

Спортистите од Гвинеја нема да учествуваат на Олимписките игри во Токио поради пандемијата на КОВИД-19.

Вкупно пет спортисти требаше да ја претставуваат оваа западноафричка држава на Игрите. Меѓутоа, гвинејскиот министер за спорт, Сануси Бантама Со рече дека неговаа земја нема да учествува поради„новото оживување на КОВИД-19“.

Оваа одлука беше објаснета во писмото упатено до претседателот на Националниот олимписки одбор, Набију Камири, се наведува во извештајот на агенцијата АФП.

Меѓутоа, неименуван извор на АФП, близок на властите во Конакри, вели дека причините првенствено се финансиски и дека министерството за спорт не може да ги плати трошоците за сместување и патување во Јапонија за сите пет спортисти.


Олимписки „специјали“ само во Евротип!

Олимпиското злато е одличје за кое сонува секој спортист во својата кариера, а олимписките „специјали“ на Евротип се одлична можност за секој кој се обложува да може и да заработи на Олимписките игри!

Стартот на летните Олимписки игри е за неколку дена, а само во Евротип можете да ги најдете квотите за долгорочно обложување.

Евротип ви нуди прилика да се обложувате на Вашиот фаворит и на тоа која земја ќе освои најмногу медали, кој ќе освои најмногу златни медали, обложувајте се на популарните турнири во фудбал, ракомет и кошарка, атлетските трки на 100 метри во машка и женска конкуренција, како и многу други кои ќе ги најдете во билтенот на Евротип.

Уживајте пред малите екрани со одличниот спорт кој ќе го понудат Игрите, а заработете со највисоките квоти и најбогатата понуда на спортските обложувалници Евротип!


Помалку од илјада луѓе на трибините на отворањето на ЛОИ во Токио

Бројот на гости кои ќе присуствуваат на церемонијата на отворање на Летните олимписки игри во Токио ќе се намали поради епидемијата на коронавирус, јави агенцијата „Кјодо“.

Организаторите на настанот планираат да примат помалку од илјада гледачи на свечениот дел, на еден или на друг начин поврзани со организацијата на Олимписките игри.

Претходно, локалните власти одлучија церемониите на отворање и затворање на Олимписките игри да поминат без гледачи.

Игрите во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август.


Илјада луѓе ќе учествуваат на отворањето на Олимписките игри во Токио

Бројот на гости кои ќе присуствуваат на церемонијата на отворање на Летните олимписки игри во Токио ќе се намали поради епидемијата на коронавирус, јави агенцијата „Кјодо“.

Организаторите на настанот планираат да примат помалку од илјада гледачи на свечениот дел, на еден или на друг начин поврзани со организацијата на Олимписките игри.

Претходно, локалните власти одлучија церемониите на отворање и затворање на Олимписките игри да поминат без гледачи.

Игрите во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август.


Олимпиец на Уганда исчезна во Токио

Олимпиецот од Уганда, Јулиус Ссекителеко, исчезна во западна Јапонија. Според бројни извештаи во медиумите, кревачот на тегови тренирал како дел од деветчлен тим на Уганда.

Неговите колеги од олимпискиот тим на таа африканска земја сфатија дека тој не е таму кога не достави примерок за тест за коронавирус и кога ја најдоа неговата хотелска соба празна. Бидејќи немало 24-часовен надзор во хотелот, не е познато кога и како го напуштил хотелот. Случајот бил пријавен во полиција, која вложува максимални напори да го пронајде исчезнатиот спортист.

Ова е само продолжение на проблемот за делегацијата на Уганда. По пристигнувањето во Јапонија, беше утврдено дека еден член на делегацијата е позитивен на коронавирус, па сите тие мораа да одат во десетдневен карантин.


Формула 1 најави како ќе изгледаат болидите од наредната сезона (видео)

Формула 1 воочи Големата награда на Велика Британија претстави како ќе изгледаат болидите од 2022. година.

Иако екипите ќе променат некои детали, вака генерално ќе изгледаат болидите по целата низа на правила кои се менуваат од наредната сезона. Болидите ќе имаат целосен редизајн на предниот и задниот спојлер, а обликот на болидот ќе биде позаоблен, како би им било полесно на возачите да го контролираат.

Тркалата ќе бидат поголеми, а предниот спојлер делумно и ќе ги покрива. Формула 1 верува дека со овие промени ќе се зголеми компетитивноста и дека ќе биде полесно за претекнување, што би требало да ја зголеми и атрактивноста на спортот.

Несреќата на Роман Гросжан минатата година кога неговиот болид експлодира при удар во оградата влијаеше на дополнителни подобрувања кога сигурноста е во прашање. Новите болиди ќе бидат дизајнирани така што моторот, во случај на распаѓање на болидот, ќе може посигурно да се одвои од остатокот од болидот и да не доаѓа до истекување на гориво.

https://twitter.com/i/status/1415763097038491652