останато

Таеквондистот Георгиевски се избори за олимписка виза

Дејан Георгиевски ќе биде дел од претстојните Олимписки Игри во Токио во текот на летото откако успеа да се избори за норма на квалификацискиот турнирво таеквондо кој се реализираше во Софија во соседна Бугарија.
Тој во финалето во категоријата над 87 килограми успеа да слави над олимпискиот шампион Радик Исаев од Азербејџан и да си обезбеди место на финалниот собир. Место на Летните Олимписки Игри претходно обезбеди и борачот Могамедгаџи Нуров а реални шанси тоа да го направи има и каратистот Емил Павлов.
Георгиевски во двете денешни борби победи со апсолутна доминација против Динко Сегедин а потоа и против олимпискиот првак Исаев.


Неизвесно одржувањето на трката за ГН на Турција

Неполни две недели откако беше објавено дека патеката „Истанбул Парк“ во Турција ќе биде домаќин на трка од овогодинешниот Формула 1 шампионат на 13 јуни, се појави огромен прашалник за тоа дали оваа трка че биде одржана според планот. Сето ова се случи откако британските власти ја стави Турција на нивната „црвена листа“ поради големиот број на заразени лица од ковид-19 во земјата. Според оваа одредба, секој што бил во Турција десетина дена пред да пристигне на Островот, ќе мора да помине во задолжителен карантин. Во овој случај, стандардните исклучоци од кои имаат корист луѓето кои работат во Формула 1 кога ќе се вратат во Велика Британија по трките, нема да бидат валидни, бидејќи Турција е на оваа листа. „Ние сме свесни за одлуката на британската влада за ограничувања на патувањето во и од Турција и во моментов ја проценуваме ситуацијата. Повеќе детали ќе бидат објавени во наредните денови“, се вели во изјавата за Формула 1.


Сите учесници на ЛОИ во Токио ќе се вакцинираат

Компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ соопштија денеска дека склучиле меморандум за разбирање со Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за донација вакцини против коронавирус за спортистите и делегациите од сите земји учеснички на претстојните Олимписки игри во Токио. Двете компании ќе ги „координираат своите активности со националните олимписки комитети ширум светот“, а првите испораки на нивната вакцина ќе започнат на крајот од мај. Имунизацијата не е задолжителна за учесниците на Олимпијадата во Токио, но МОК ги поттикнува националните комитети да ги вакцинираат своите спортисти. „Оваа донација вакцини е уште еден инструмент во спектарот мерки претстојните Олимписки и Параолимписки игри во Токио да бидат безбедни за сите учесници и, во исто време, ја покажува нашата солидарност со нашиот домаќин Јапонија“, изјави претседателот на МОК, Томас Бах. Се очекува околу 11.000 спортисти да настапат на ОИ во јапонската престолнина од 23 јули до 8 август.


Познато кога почнуваат спринт трките во Формула 1!

Првиот домаќин на спринт квалификациите во шампионатот на Формула 1 ќе биде Велика Британија на стазата „Силверстоун“, потврдија организаторите.
Тркачкиот викенд во Британија ќе трае од 16. до 18. јули, а спринт квалификациите ќе се возат во сабота.
Управата на шампионатот едногласно го усвои новиот формат на натпреварувањето, кое годинава ќе се одржи на уште две дестинации.
Како можни домаќини се наведуваат „Монца“ за ГН на Италија, како и стазата „Интерлагос“ за Големата награда на Бразил.
Досегашните квалификации би се возеле во петок, после првиот слободен тренинг и ќе одлучуваат за пласманот во спринт квалификациите.
Најбрзиот возач во спринт квалификациите ќе добие три бода, второпласираниот два, а третиот ќе запише еден бод.
На викендот во Британија, според сегашните информации, ќе биде дозволено присуство на публика.


Формула 1 шампионатот воведува спринт трки

На три сезонски трки ќе има спринт квалификации кои ќе обезбедат бодови за првите тројца возачи, објави Формула 1.
Планот е спринтовите на 100 километри да бидат в петок по првиот слободен тренинг и ден потоа кога ќе се одреди и распоредот за главната неделна трка. Според најавите, спринтовите се планирани за патеката „Силверстоун“ во Велика Британија, „Монца“ во Италија и на една трка надвор од Европа која ќе биде дополнително одредена.
Најбрзиот возач во спринт-квалификациите ќе добие три бода вториот два а третиот ќе освои еден бод.


Македонија коорганизатор на ЕП во одбојка во 2023 година

Македонија и љубителите на одбојката добија одлични вести, а тоа е дека нашата земја ќе биде организатор на една до групите на Европското првенство во одбојка за сениори кое е закажано за 2023 година. Првиот човек на Европската одбојкарска конфедерација Александар Боричиќ гостуваше во нашата земја и ја соопшти добрата вест на состанокот со премиерот Зоран Заев и претставници на Одбојкараската федерација на Македонија. „Сега кога Владата ја поддржува организацијата на големите европски настани според највисоки стандарди, а тоа се однесува на Европската сребрена лига 2021, на Европското првенство за одбојкарки до 19 години во 2022, како и на една група од сениорското машко Европско првенство во 2023, можам да кажам дека Одбојкарската федерација на Северна Македонија им се доближи на најдобрите организатори на големите одбојкарски настани во Европа“, рече Боричиќ. Македонската одбојкарска репрезентација игра одлично во изминатите неколку години, а со тоа обезбеди пласман и настап на две Европски првенство, што е доволен показател дека се работи добро за развојот на овој спорт во нашата држава.


Порази на сите македонски борачи на ЕП во Полска

Македонските борачи ги завршија своите настапи на Европското првенство во Варшава. Последната надеж на Макеоднија беше Владимир Егоров, кој доби шанса во репасажо, но загуби од репрезентативецот на Азербејџан, Ахмеднаби Гварзатилов со со 2-6. Во шест борби на Европското првенство, нашите борачи не издвојуваа ниту една победа и освоија само седум бода, од кои четири се дело на Фати Вејсели. Ова е големо разочарување за нашите борачи кои се надеваат на многу подобри резултати на ова Европско првенство. Резултати на македонските борачи: -61 кг: Владимир Егоров – Андрил Џелеп (Украина) 0-7 Репасаж Владимир Егоров –Ахмеднаби Гварзатилов (Азербејџан) 2-6 -70 кг: Фати Вејсели – Даниел Антал (Унгарија) 4-7 -79 кг: Дејан Митров – Акшарбек Гуалев (Русија) 0-10 (ТТ) Репасаж – Дејан Митров – Арман Авагјан (Ерменија) 1-12 (ТТ) -97 кг: Могамедгаџи Нуров – Елизбар Одикадѕе (Грузија) 0-5.


Колмен нема да настапи на Олимписките игри во Токио

Кристијан Колмен, најбрзиот човек во светот во овој момент остана без настап на летните Олимписки игри во Токио. Откако Усаин Болт се повлече Колмен се најавуваше како негов наследник во најбрзите спринтерски дисциплини меѓутоа не ја доби жалбената постапка на Арбитражниот суд во Лозана. Судот му ја намали казната само за шест месеци од претходното и место на 13. мај 2022 на теренот ќе може да се врати на 14. ноември оваа година, а тоа значи дека ќе ги пропушти Олимписките игри во Токио. Судот утврдил дека Колман ги прекршил анти-допинг правата, но сепак пресуди дека степенот на прекршокот бил понизок па затоа жалбата е намалена.


Олимпискиот оган пристигна во Осака

Движењето на олимпискиот факел во густо населената префектура Осака беше организирано во голем локален парк на етапи од 200 метри. Штафетата на олимпискиот факел започна во Јапонија на 25 март во фудбалскиот тренинг центар во префектурата Фукушима. Патувањето ќе трае 121 ден, факелот ќе помине низ 859 општини во сите 47 префектури на земјата. Околу 10.000 луѓе се очекува да учествуваат во штафетата. Олимписките игри во Токио треба да се одржат од 23 јули – 8 август 2021 година.


Маркез се враќа на патеките по деветмесечна пауза

Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез, ќе може да се појави на Гран При трката за Големата награда на Португалија која ќе се вози на 18- ти април. Тоа значи дека осумкратниот светски шампион кој претрпе три операции на раката во изминатите девет месеци, конечно ќе може да се врати на патеките во новата сезона во Мото-шампионатот. „Навистина сум многу среќен. Вчера бев на преглед кај докторите и ми дадоа зелен светло за да се вратам во натпреварувачки ритам“, вели Маркез.