останато

Алекс Маркез победник на трката во Херез

Помладиот Маркез, Алекс, ја заблежа првата победа во кариерата на Големата награда на Шпанија во Херез. Возачот на Гресини Дукати, славеше пред возачите на Јамаха и Дукати, Фабио Квартараро и Франческо Бањаја.

Алекс Маркез победи во Херез и ја презеде лидерската позиција во шампионатот од свјот брат Алекс.

Марк направи голема грешка во третиот круг,излета од патеката кога го напаѓаше во тој момент лидерот Квартараро. Марк се врати во трката, на крајот го освои 12. место.

Квртараро беше на чело на колоната до 11 круг, кога Алекс си префектен маневар во првиот свиок успеа да го претекне.

Алекс во следните два круга создаде предност од една секунда, додека Квартараро седум ркуга се бореше со Бањаја, но успеа да ја освои втората позиција. За Квартараро ова е прв пласман на подиумот уште од октомври 2023 година.

Во генералниот пласман Алекс води со 140 поени, еден повеќе од Марк и 20 од Бањаја.


Агнес Нгетич постави нов светски рекорд на 10 километри

Кениската атлетичарка на долги патеки Агнес Нгетич го собори светскиот рекорд на 10 километри на денешниот митинг во германскиот град Херцогенаурах, станувајќи првата жена која ја истрча делницата за помалку од 30 минути во трка само за жени.
Кениската атлетичарка Нгетич го собори светскиот рекорд на 10 километри.

Нгетич, која има 24 години, истрча време од 29 минути и 27 секунди, соборувајќи го претходниот рекорд, кој го држеше Агнес Јебет Тироп, од 30:01, поставен во истиот германски град во 2021 година. Јебет Тироп трагично почина пред четири години.

Пред две години, Нгетич оствари време од 29:24 за 10 км, но рекордот не беше потврден бидејќи патеката беше пократка за 25 метри.

„Многу сум возбудена, не го очекував ова. Минатата година го промашив рекордот за две секунди, па сакав да дојдам денеска и да пробам повторно. Многу сум горда на себе. Откако ги пропуштив Олимписките игри минатата година, сакам да го надоместам тоа годинава на Светското првенство“, рече Нгетич.

Минатата година, Нгетич го собори светскиот рекорд на 10 км во Валенсија, станувајќи првата жена која ја истрчала делницата за помалку од 29 минути 28:46) во мешана трка.


Струмица поведе во финалето на одбојкарскиот плеј-оф

Одбојкарите на Струмица направија значаен чекор кон нова шампионска титула, откако на стартот од финалната серија на гостински терен го совладаа Штип со 1-3 во сетови.

Штипјани осоколени по освоениот куп-трофеј се надеваа дека повторно ќе го земат скалпот на струмичани, но гостинскиот состав покажа повеќе на теренот и заслужено стигна до победата.

Првиот сет донесе неизвесна игра до самиот крај, за Струмица подобро да финишира и да поведе со 24-25. Штип одговори на идентичен начин, славејќи со 25-22 во вториот сет и израмнување на 1-1.

Сепак, струмичките одбојкари беа на ниво кога беше најпотребно, најпрвин славеа со 19-25 со третиот сет, а потоа со 21-25 во четвртиот сет, за заслужена победа.

Венецуелскиот интернационалец Кинтеро беше клучен играч на овој прв финален дуел со освоени 16 поени за Струмица,

Нилсен освои 15, а Милев 13 поени за актуелниот првак. Кај штипјани најдобар беше Замдард со 15 поени, сепак премалку за да се изненади шампионот на стартот од оваа финална серија. Вториот меч од финалната серија до три победи ќе се одигра во Струмица.


Дуплантис освојувач на наградата „Лауреус“

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис е прогласен за најдобар спортист на светот на церемонијата „Лауреус“ во Мадрид.

Дуплантис со години доминира во скок со стап, рекордот го собори 11 пати, а последниот го постави во февруари, кога прескокна 6,27 метри.

Престижната награда му ја врачи Новак Ѓоковиќ, кој оваа награда ја освојуваше во пет наврати. Токму српскиот тенисер беше последниот освојувач.

Конкуренција на Дуплантис годинава беа Карлос Алкараз (тенис), Леон Маршан (пливање), Тадеј Погачар (велосипедизам) и Макс Ферстапен (Ф1).


Дарио Ивановски прв Македонец што истрчал 10.000 метри под 30 минути

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски постави нов македонски рекорд на 10.000 метри и тоа подобрувајќи го стариот за 33 секунди и стана прв Македонец кој 10 километри на тартан истрчал за помалку од половина час.

На денешната трка од националниот Куп која се одржа на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, Дарио испиша историја со време од 29 минути, 31 секунди и 27 стотинки.

И претходниот национален рекорд беше негов, времето беше 30 минути, 04 секунди и 66 стотинки.


Верстапен има на маса огромна понуда да замине од Ред Бул

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, добил неверојатна понуда кариерата да ја продолжи во Астон Мартин. Доколку ја прифати ќе стане најплатениот возач во историјата на Формула 1.

Италијанската „Газета дело Спорт“ откри дека Астон Мартин на Холанѓанецот му понудил неверојатни 264 милиони евра за тригодишен договор.

Понудата ги опфаќа сезоните 2026, 2027 и 2028 година, а Астон Мартин очигледно нема намера да штеди пари кога е во прашање доведувањето на актуелниот шампион.

Според овој извор, зад оваа астрономска понуда стои државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија — Фонд за јавни инвестиции (PIF).

Овој фонд веќе поседува 20% од компанијата „Астон Мартин лагонда“, а преку нафтениот гигант „Арамко“ е и главен спонзор на тимот.

Договорот на Ферстапен со Ред Бул е до крајот на 2028 година, но одредени клаузули овозможуваат тој да биде и пред време раскинат.


Хорхе Мартин го чека пауза од три месеци

Актуелниот шампион во кралската класа, Хорхе Мартин најверојатно ќе мора да остане во болница во Доха најмалку две недели поради скршеници на ребрата со кои се здоби за време на ГН на Катар. Шпанецот најверојатно ќе отсуствува од патеките околу три месеци.

Возачот на Априлија се врати на патеката минатиот викенд, откако ги пропушти првите три трки поради бројните повреди кои ги претрпе уште пред почетокот на сезоната.

Мартин прво се здоби со скршеници на раката и стапалото за време на првиот ден од предсезонското тестирање во Сепанг, а една недела пред првата трка ја скрши другата рака.

Шпанскиот мотоциклист се врати минатиот викенд, но имаше тежок пад, откако во спринтот го освои 16-тото место, на осум круга пред крајот на главната трка на патеката „Лусаил“.


Саудиска Арабија спремна да купи Формула 1 тим!

Во пресрет на трката за Големата награда на Саудиска Арабија, раководството на земјата зборуваше за потенцијалното учество со својот тим во Формула 1. Принцот Калид бин Фајсал Ал Сауд најави дека може да се случи Саудиска Арабија да купи еден од тимовите во натпреварувањето.

„Тоа може да се случи и тоа брзо ако има раст во Ф1. Формула 1 тим се купува за да се заработат пари, особено ако е купен од некоја од компаниите на суверениот фонд на Саудиска Арабија. Не е лесно да се каже каков тим да се купи и како да се управува со него. Но, има голем интерес од наша страна. Ние сме домаќини на трка во Формула 1 и ги спонзорираме тимовите. Затоа, не би бил изненаден доколку наскоро има и еден тим од Саудиска Арабија“, изјавил принцот.


Се разведуваат Бастијан Швајштајгер и Ана Ивановиќ

Една од најпопуларните спортски двојки во светот, поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер одлучија да се разведат, пишува „Билд“.

Овој германски медиум се повикува на магазинот „Бунте“ и пишува дека Србинката и Германецот два месеца живеат одвоено, а сега наводно решиле да поднесат документи за развод.

Швајцајгер поголемиот дел од времето го поминува во Минхен, каде што се занимава со бизнис, а Ивановиќ решила со трите сина да се врати во родниот Белград, каде што купила стан од околу 100 метри квадратни во близина на станот на нејзините родители.

Оваа вест шокираше многумина бидејќи Ана и Бастијан важеа за хармоничен пар. Тие често доаѓаа во Србија заедно со синовите Лука, Леон и Тео. Швајнштајгер често ги следеше натпреварите на кошаркарскиот клуб Партизан од првиот ред со братот и таткото на Ана и изгледаше дека е близок со целото нејзино семејство.

„Билд“ наведува дека токму нивната љубов ги навела да веруваат дека бајките можат да бидат реални, но очигледно не било се така идилично како што се прикажува.

Ана и Бастијан стапија во брак пред девет години во Венеција, а целиот настан го проследија германските, српските и светските медиуми, бидејќи и двајцата тогаш беа успешни спортисти.

Тие двајца не се огласија во врска со овие пишувања.


Ралф Шумахер не верува во останување на Верстапен во Ред Бул

Поранешниот Формула 1 возач Ралф Шумахер верува дека Макс Верстапен наскоро може да го напушти Ред Бул.

„Убеден сум дека ако ажурирањата на Ред Бул немаат ефект пред трката во Имола и тестовите на моторот во 2026 година покажат слаби резултати, Макс Верстапен дефинитивно ќе го напушти тимот. Тој сега покажува феноменална разлика во брзината – на секој тим му треба возач како него. Мислам дека ќе има нов предизвик во Астон Мартин каде што може да постигне уште повеќе“ изјави Шумахер за „Racingnews365“.

Следната фаза од Формула 1 ќе се одржи во Саудиска Арабија од 18 до 20 април.