останато

Карлос Саинц победи на првата етапа на релито Дакар

Стартуваше 43-тото издание на релито Дакар, кое годинава се вози на Арапскиот полуостров. Шпанецот Карлос Сајнц е победник во конкуренција на автомобили, на првата етапа штоп се возеше од Џеда до Биша во должина од 623 километри. Сајнц оваа делница со своето Мини ја мина во време од 3:05:56 часа, што беше за само 25 секунди подобро легендарниот Стефан Петерхансел кој е најтрофејниот возач во историјата на ова рели. Третото место му припадна на Чехот, Мартин Прокоп на Форд.


Нема ново одложување на Олимписките игри

Јапонскиот премиер, Јошиде Сука изјави дека Олимписките игри сигурно ќе се одржат ова лето во Токио, односно нема да има нови одложувања.
„Јапонија ќе направи се што може за Игрите да бидат сосема сигурни за секој кој ќе дојде во Токио, а истите ќе послужат како симбол на глобална солидарност.“ – изјави Сука.
Олимписките игри во Токио 2020. се одложени на година дена, а нивниот почеток е планиран за 24. јули годинава. Во анкетата на јапонските медиуми, мнозинството јапонци се против одржувањето на игрите годинава, односно сметаат дека треба повторно да се одложат или откажат.
Поради одложувањето и коронавирусот, Олимписките игри во Токио ќе станат најскапите летни Игри во историјата, бидејќи трошоците пораснаа за 2,8 милијарди долари, на вкупно 13 милијарди.