тенис

Алкараз: Уникатна е страста со која Рафа го живееше тенисот

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се осврна на крајот на кариерата на сонародникот Рафаел Надал.

„Она што ќе го паметам за Надал е страста со која го живееше тенисот. Својот последен турнир го одигра со неверојатна страст. Имав среќа што играв со него, тренирав со него… помалку отколку што би сакал. Ако мојата кариера е дури половина добра од онаа на Рафа, ќе бидам повеќе од среќен. Мојот сон отсекогаш бил да станам број еден во светот и да освојам Грен слемови. Голем дел од овој сон постоеше благодарение на Рафа Надал. Се сеќавам како победуваше кога бев мал. Тогаш помислив дека еден ден ќе бидам јас таму“, изјави Алкараз за „The Tennis Letter“.

Шпанската репрезентација синоќа загуби од Холандија (1-2) во четвртфиналето на Дејвис купот. Ова беше последен турнир во кариерата на 38-годишниот Надал.


Лина Ѓорческа поразена од првата носителка во Трнава

Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка (првата носителка) на ИТФ фјучрсот што се игра во W50 Трнава Словачка за награден фонд од 40.000 долари. Таа по голема борба и меч во три сета загуби од Французинката Осеан Додин со 2-1 во сетови (7-5, 0-6, 6-2) за 108 минути игра.

Првиот сет донесе и најмногу неизвесност во текот на мечот. Македонската тенисерка имаше предност до 3:2 во сетови, за потоа противничката да успее да направи брејк во седмиот гем и да поведе со 4-3. Сепак Ѓорческа се врати резултатски со „ри-брејк“ во следниот гем за 4-4. Но, француската тенисерка повторно направи брејк во единаесетиот гем за предност од 6-5, која ја сочува откако го доби и следниот гем за 7-5 во првиот сет.

Во вториот сет Лина Ѓорческа одигра буквално без грешка и со 6-0 го доби вториот сет и со тоа изедначи на 1-1 во сетови. Но, во решавачкиот сет Додин стартуваше со два брејка за водство од 4-0 што беше клучно сетот да го добие со 6-2 во гемови.

Мала утеха за Ѓорческа е што против Додин (115.место ВТА листа) имаше еден поен повеќе освоено (82:81) при ист број на гемови (13-13).

Следната недела Ѓорческа ја очекува настап на W50 ИТФ фјучрсот во Селва Гардена во Италија.


Надал: Нема перфектно збогување, тука сум за да помогнам да се радуваме

MALAGA, SPAIN – NOVEMBER 18: Rafael Nadal of Team Spain speaks during a press conference prior to the 2024 Davis Cup Finals at Palacio de Deportes Jose Maria Martin Carpena on November 18, 2024 in Malaga, Spain. (Photo by Matt McNulty/Getty Images for ITF)

Во Малага се одржува завршниот Дејвис куп турнир во тенис. Репрезентацијата на Шпанија во четвртфиналето се среќава со Холандија, а фокусот на јавноста е на потенцијално последниот професионален натпревар на Рафаел Надал.

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Рафаел Надал четирипати го освојуваше Дејвис купот со Шпанија, а сега целта му е по петти пат да ја крене славната „салатара“.

„Нема идеално збогување. Филмските завршетоци се резервирани за американските филмови, а јас одамна сфатив дека нема да бидам еден од нив. Тоа не е нешто што ме загрижува во таа смисла. Моето збогување ќе биде тоа што ќе биде. Во таа смисла, би било фантастично сите во тимот да бидат конкурентни и да се обидеме да освоиме уште еден Дејвис куп“, изјави Надал.

Новак Ѓоковиќ најави дека ќе присуствува на турнирот во Малага. Новинарите се интересираа дали Роџер Федерер ќе го придружува Надал, бидејќи Шпанецот беше дел од неговиот проштален натпревар.


Ивановски со победа го отвори челинџерот во Роверето

Стартна победа за македонскиот тенисер Калин Ивановски во квалификациите на Челинџер турнирот во Роверето, Италија.

Тој во првата рунда од квалификациите денес го совлада Алексис Готие од Франција (осми носител во квалификациите) со 2-1 во сетови (6-3, 5-7 и 6-4) за 135 минути.

Челинџерот 100 во Роверето се игра за награден фонд од 120.950 евра.

Во утрешниот меч ривал на Ивановски ќе биде Богдан Павел од Романија, кој денес со 2:0 во сетови го совлада првиот носител од квалификациите Егор Герасимов од Русија.


Синер доминантно го освои Мастерсот во Торино

Италијанскиот тенисер Јаник Синер е вториот финалист на АТП-турнирот во Торино.

Светскиот рекет број еден, синоќа во полуфиналниот меч самоуверено го совлада Норвежанецот Каспер Руд во два сета – 6-1, 6-2. Средбата траеше 1 час и 10 минути.

Во мечот за трофејот на Завршниот турнир, Синер ќе се сретне со Американецот Тејлор Фриц, кој претходно го победи Германецот Александар Зверев.

Финалето е закажано за вечер со почеток во 18 часот.


Фриц сензационално го исфрли Зверев од Мастерсот во Торино

Тејлор Фриц ја доби битката со Александер Зверев и обезбеди пласман во големото финале на АТП завршниот турнир што се одржува во Торино.

Фриц полека станува нерешлива енигма за Германецот и доказ за тоа е фактот дека ова беше четврта победа во низа на Американецот. Тејлор триумфираше со 2-1 во сетови со 6-3, 3-6, 7-6(3) по скоро два ипол часа игра и утре ќе игра за најголемата титула во досегашната кариера и тоа со победникот од вечерашниот натпревар меѓу Јаник Синер и Каспер Руд.

Со овој пласман Фриц е првиот Американец по Џејмс Блејк од 2006 година кој обезбедил место во финалето на овој завршен турнир.

Воедно тој сигурно ќе биде и прв Американец по споменатиот Блејк (2006 година) со Топ 5 пласман на АТП листата, може да биде и четврти ако Руд не триумфира во северна Италија.


Кирјос се предомисли, се враќа на тениските терени уште во декември годинава

Ник Кирјос најави дека ќе се врати на теренот и ќе настапи на турнирот во Бризбејн кој започнува на 29 декември.

Поради проблеми со повредите на коленото и зглобот, Кирјос за повеќе од две години одигра само еден АТП натпревар, во 2023 година на турнирот во Штутгарт.

„Се чувствувам фит и здрав и возбуден сум што ќе се вратам на тенисот … Беше долг пат на закрепнување за да бидам таму каде што сум денес“, рече Кирјос на прес-конференција во Бризбејн.

Неговите здравствени проблеми почнаа шест недели откако играше во финалето на Вимблдон и загуби во четири сета од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

„Искрено, веројатно се чувствувам најдобро што сум се чувствувал во последните две години. Играв неверојатно во 2022 година. Потоа дојде финалето на Вимблдон и УС Опен и тогаш почнав да чувствувам некои проблеми со зглобот. Имав операција и сега се чувствувам одлично“, рече Кирјос.

Кирјос во моментов нема пласман на АТП листата на која беше најдобро рангиран на 13. место.

Досега во кариерата австралискиот тенисер освои седум АТП титули.


АТП го казни Тиафо со 120.000 долари поради пцуење судија

Американскиот тенисер Френсис Тиафо е казнет со 120.000 долари поради недолично однесување откако го пцуеше судија за време на натпревар на Мастерсот во Шангај.

Инцидентот се случи во септември на Мастерсот во Шангај, во дуелот кој Тиафо го загуби од Русинот Роман Сафиулин со 7-5, 5-7, 6-7.

Тиафо е казнет со 60.000 долари за исклучително недолично однесување, како и дополнителни максимални 60.000 долари за вербална навреда.

Американскиот тенисер подоцна се извини за инцидентот и рече дека неговото однесување е неприфатливо.

Тиафо се соочуваше со можна суспензија, но АТП, сепак, само парично го казни.


Алкараз: Кога играм против најдобрите знам дека морам да бидам на максимум

Карлос Алкараз вчеравечер ја забележа првата победа на Завршниот АТП турнир во Торино. Победата над Русинот Андреј Рубљев значеше и задржување на шансите за пласман во полуфиналето.

Алкараз се надева на добра игра во третото коло против Александар Зверев.

Кога играте против врвни играчи, знаете дека треба да го играте вашиот најдобар тенис, во спротивно ќе изгубите. Ова многу помага. Пред натпреварите со нив, треба да одлучите каква игра избирате, какви удари ќе користите. Тоа е тоа. Во тенисот, менталната игра е многу важна – начинот на кој зборувате со себе пред натпреварите. Кога имам натпревар против врвен играч, си велам дека сум подобар, ќе го играм мојот најдобар тенис и ќе дадам се за да го победам, истакна Алкараз.

По две кола во Б-групата, води Зверев со две победи, Каспер Руд и Алкараз имаат по една победа и еден пораз, Рубљев е последен со два загубени меча.


Иниеста ќе ја заврши кариерата на „Ел Класико“

Андрес Иниеста ќе го одигра својот последен настпревар во кариерата на 15 декември во Токио, а овој момент за паметење ќе биде со „Ел Класико“. На него ќе учествуваат легендите на шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.

Натпреварот го доби името „Последниот танц на Иниеста“.

Учеството на спектакуларниот настан го потврдија Роберто Карлос, Чави Ернандез, Луис Фиго, Ривалдо, Икер Касиљас, Хавиер Маскерано, Иван Кампо, Стив Мекманаман, а организаторите подготвуваат уште еден куп изненадувања.