тенис

Ѓоковиќ се намачи за прва победа во Париз

Новак Ѓоковиќ со пресврт стигна до победа над Валентин Вашеро и обезбеди пласман во втората рунда на Мастерсот во Париз. Српскиот тенисер по нешто повеќе од два и пол часа игра славеше со 2-1 во сетови, иако не го започна мечот според посакуваното сценарио.

Првиот сет донесе изедначена борба, во која двајцата тенисери успешно ги бранеа своите сервиси, па победникот мораше да биде решен во тај-брејк. Таму Вашеро се покажа посигурен во завршницата и со 7-5 поведе со 1-0 во сетови.

Тенисерот од Монако продолжи во добар ритам и на почетокот од вториот сет, кога веднаш направи брејк и поведе со 2-0. Сепак, Ѓоковиќ не дозволи противникот да ја преземе контролата врз мечот, брзо возврати и го врати резултатскиот баланс.


Германецот Aлександар Зверев е нов светски рекет број еден!

Александар Зверев се пласираше во четвртфиналето на АТП-турнирот во Виена, откако во осминафиналето го совлада Холанѓанецот Талон Грикспор со 6-4, 7-5.

Мечот траеше еден час и 36 минути, а вториот тенисер на АТП листата во двата сета направи по еден брејк, што му беше доволно за победа над 50. играч на АТП-листата.

За место во полуфиналето, Зверев ќе се соочи со Британецот Артур Фери, кој приреди изненадување елиминирајќи го Италијанецот Лоренцо Музети со 2-1 во сетови.

Познати се уште два четвртфинални дуела во Виена. Карлос Алкарас ќе игра против Томи Пол, додека Данил Медведев ќе се соочи со Адријан Манарино.


Зверев го презеде врвот на АТП листата

Александар Зверев за првпат во кариерата ќе биде најдобриот тенисер во светот. Германецот го обезбеди првото место на АТП-листата откако се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Виена.

Зверев во осминафиналето го совлада Холанѓанецот Талон Грикспор со 2-0 во сетови (6-4, 7-5) и со тоа го потврди историскиот успех. На официјалната АТП-листа, која ќе биде објавена во понеделник, 2 ноември, тој ќе го преземе првото место од Италијанецот Јаник Синер.

Ова е првпат во кариерата 29-годишниот Германец да се најде на врвот на светскиот тенис. Тој ќе стане 30-тиот тенисер во историјата на кој му успеало тоа откако е воведена АТП-листата во 1973 година.

Зверев воедно ќе биде вториот германски тенисер кој стигнал до светскиот трон, по легендарниот Борис Бекер, кој првпат беше број еден во јануари 1991 година.

Со 29 години и шест месеци, Германецот ќе стане вториот највозрасен тенисер кој за првпат стигнал до првото место. Рекордот го држи Австралиецот Џон Њукомб, кој имал 30 години кога го постигнал тоа во 1974 година.

„Ова е многу посебно. Чувството да се биде на врвот на светот е неверојатно. Различно е од освојување турнир или титула, но прекрасно е да знаете дека покрај вашето име ќе стои број еден“, изјави Зверев.


Лина Ѓорческа елиминирана во второто коло на турнирот во Истанбул

Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот од серијата В50 во Истанбул по второто коло.

Кипарската тенисерка го доби мечот со 2-1 и по два часа борба на теренот во сала во Истанбул.

Ѓорческа отвори одлично и го доби првиот сет со сигурни 6-0. Сепак, во вториот ривалката со 6-1 дојде до израмнување.

Во решавачкиот сет Шербан играше сигурно, Ѓорческа ја загрози кога пријде на 5-4, но потоа го загуби следниот гем за крај.

Пред македонската тенисерка по настапот во Истанбул е најавен турнир во Ираклион.


Рибакина ќе ја заврши годината на врвот на ВТА листата

Елена Рибакина го обезбеди првото место на ВТА листата на крајот од сезоната, откако ја победи сонародничката Јулија Путинцева со 6-2, 6-3 во второто коло од турнирот во Токио.

Казахстанската тенисерка ја оствари целта една недела пред почетокот на завршниот турнир од сезоната во Ријад.

Рибакина стигна до осминафиналето на ВТА 500 турнирот во Токио без борба во првото коло, а потоа рутински славеше над Путинцева и го потврди својот статус на најдобра тенисерка во светот во 2026 година.

За 27-годишната тенисерка, ова е прв пат во кариерата да ја заврши сезоната на врвот на светската ранг-листа. Второто место го зазема Арина Сабаленка, која повеќе нема можност да ја престигне до крајот на сезоната.

Рибакина има исклучително успешна сезона зад себе, обележана со титули на Отвореното првенство на Австралија и Отвореното првенство на САД. На овој начин, таа стигна до вкупно три трофеи од Гренд слем турнирите во кариерата, откако претходно го освои Вимблдон во 2022 година.

Таа стигна до првото место на ВТА листата во текот на кампањата за титулата во Њујорк, а својата одлична форма ја потврди минатата недела, кога го освои турнирот во Нингбо, Кина. Тоа беше нејзин четврти трофеј во сезоната и прв откако ја зазеде водечката позиција на светската ранг-листа.

Во следната рунда, Рибакина ќе игра против Канаѓанката Лејла Фернандес, која ја победи Елис Мертенс со резултат од 6-2, 7-6 (10:8).


Ѓорческа поразена на турнирот во Кипар

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, доживеа пораз во второто коло на ИТФ турнирот во Истанбул откако со 1-2 беше поразена од Ралука Шербан од Кипар.

Лина тргна перфектно, го доби првиот сет со максимални 6-0 и во тој момент ситуацијата изгледаше дека Македонката лесно ќе дојде до победата, но работите се променија.

Шербан го доби вториот сет со 6-1 и го однесе мечот во трет, решавачки сет.

Кипарската тенисерка во третиот сет поведе со 5-2 во гемови, Ѓорческа успеа да ги врзе следните два гема и да намали на 4-5, но Шербан го зема следниот гем и го доби сетот со 6-4, заверувајќи ја победата од 2-1.

Македонската тенисерка следниот настап треба да го има на ИТФ турнирот во Ираклион.


Ѓоковиќ ја прескокна првата пречка во Базел

Новак Ѓоковиќ се мачеше против Уго Амбер на стартот на турнирот во Базел, но успеа да победи со 2-1 во сетови, односно 4-6, 6-3 и 6-4.

Амбер беше подобар во првиот сет од натпреварот и го доби со 6-4, по што Србинот се разбуди во следниот сет и влезе во одличен ритам (4-1), а на крајот стигна до 6-3.

Ѓоковиќ налета на голем отпор од Амбер во третиот сет (2-2), но клучниот момент се случи во петтиот гем кога Србинот направи брејк, а потоа сервираше за 4-2. Французинот не успеа да ја анулира негативата, па загуби со 4-6.

Ѓоковиќ се врати на турнирот во градот на Роџер Федерер по пауза од 15 години.


Вавринка ја заврши професионалната кариера

Освојувачот на три Гренд слем титули, 41-годишниот швајцарски тенисер Станислас Вавринка ја заврши својата одлична кариера во вторник со пораз во 1. коло на АТП турнирот во Базел, подобар од него со 7:5, 7:6 (2) беше Чехот Јиржи Лехечка.

Во текот на својата 24-годишна кариера, Вавринка освои 16 турнири со 15 порази во финалињата, а најголемите успеси ги постигна во средината на последната деценија кога ги освои Австралија Опен во 2014 година,

Ролан Гарос во 2015 година и САД Опен во 2016 година. Последната од своите 16 титули ја освои во 2017 година во Женева.

Најдобриот пласман во неговата кариера беше третото место

Со Роџер Федерер, Вавринка ја освои и олимписката титула во двојки во Пекинг во 2008 година, додека со Швајцарија во 2014 година беше и освојувач на Дејвис купот.


Надал се враќа од пензија за егзибиционен меч

Рафаел Надал првпат фати рекет по заминувањето во пензија на турнирот кој самиот го организираше по повод јубилејот во неговата Академија, но очигледно кам-бекот на терените му годеше на прославениот шпански тенисер, кој сега најави дека ќе биде дел од нова егзибиција.

Надал ќе се појави и на терените во САД, или поточно во Лас Вегас каде ќе има тениски обврски на крајот на месец февруари 2027-ма година.

Егзибицијата во Ел-Еј е организирана од „MGM Resorts“ и се одржува секоја година, како што потврди самиот Рафа, настанот ќе се одржи на 28 февруари наредната година.


Мусети го освои турнирот во Лион

Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети го победи Американецот Тејлор Фриц во финалето во Лион со 6-3 и 6-4. Мечот траеше 1 час и 24 минути. 

Италијанецот сервираше четири аса, не направи двојни грешки и реализираше две од четири брејк топки. 

Американецот погоди шест аса, не направи двојни грешки и не реализираше брејк топки.

Дваесет и четиригодишниот Мусети ја освои својата трета титула на АТП во поединечна конкуренција и прва од 2022 година, кога освои турнири во Неапол и Хамбург.