тенис

Надал ќе стане амбасадар на Ролан Гарос

Поранешниот светски рекет број еден, Шпанец Рафаел Надал би можел да стане амбасадор на „Ролан Гарос“, изјави директорката на турнирот Амели Морезмо.

„Турнирот и Рафа имаат заедничка желба да соработуваат во некоја форма. Се фокусиравме на она што се случи оваа година, со информативната кампања и оддавањето почит. Но, ќе продолжиме со нашите дискусии за историјата на турнирот, поврзана со Рафа во последните 20 години, да може да продолжи на некој начин“, изјави Морезмо за „Дејли Мејл“.

Надал се пензионираше во 2024 година на 38-годишна возраст. Тој го држи рекордот за најмногу титули – 14 на Отвореното првенство на Франција.

Вкупно Надал има освоено 22 Грен слема.


Сабаленка: Условите на Ролан Гарос беа ужасни

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се пожали на временските услови на натпреварот против Американката Коко Гоф во финалето на Отвореното првенство на Франција. Белорусинката вчера загуби во три сета – 7-6 (7-5), 2-6, 4-6.

– Силниот ветер стануваше сè посилен, а потоа стивнуваше. Беше ужасно з аигра. Таа ја удираше топката, а ветерот додаваше брзина на ударите, поради што постојано доцнев. Покрај тоа, топката многу лошо отскокнуваше на земјената подлога, па морав да се повлечам за да се справам со ваквите удари, рече Сабаленка на прес-конференцијата по мечот.

Дваесет и едногодишната Гоф стана шампионка на „Ролан Гарос“ за прв пат во кариерата. За Гоф ова е втора Грен слем титула. Првата и е од Отвореното првенство на САД во 2023 година.


Македонските тенисери поведоа во Дејвис Куп дуелот со Малта

Македонската тениска репрезентација поведе со 1-0 во мечот против Малта од првото коло од Дејвис купот Трета Европска група што се игра во Скопје.

Првиот поен за Македонија го донесе Берк Бугариќ, кој по 1 час и 50 минути го совлада Лиам Деликата со 2-0 во сетови (7-6 (2) и 6-2).

Бугариќ добро стартуваше во мечот и поведе со 2-0 во гемови, но потоа следуваше пад во играта и противникот направи пресврт за водство од 3-2. Во следните три гема повторно имаше брејк ба двете страни и резултатот беше 4-4 во гемови. До крајот на сетот немаше брејк и по 6-6 првиот сет се решаваше во тај брејк. Бугариќ направи серија од пет поени за водство од 5-0 и таа предност ја зачува до крајот. и гемот го доби со 7-2.

Во вториот сет Деликата поведе со 1-0, но набрзо Берк со серија од четири гема направи комплетен пресврт за водство од 4-1 и сетот го доби со 6-2 и со тоа донесе водство.

Во вториот меч за Македонија настапува Стефан Мицов, додека во игра на двојки се пријавени Берк Бугариќ и Амар Хусеиновиќ.

Поради повреда денес за Македонија нема да настапи најдобриот тенисер, Калин Ивановски.


Сабаленка и Гоф за титулата на женскиот Ролан Гарос

Првата и третата носителка на Ролан Гарос, Арина Сабаленка и Коко Гоф ќе се борат за титулата на вториот Гренд слем турнир во сезоната. Сабаленка ја победи бранителката на титулата Ига Швјонтек, а Гоф ја елиминира француската сензација, Лиос Боисон.

Најдобрата во светот, Сабаленка, ја детронизира, Швјонтек за два и пол часа.

Неизвесни беа првите два сета, во кои се случи фестивал на брејкови. Сабаленка го доби првиот со 7-6, а Швконтек вториот со 6-4. Во третиот Сабаленка ја декласира противничката, славеше со 6-0.

Сабаленка е првата тенисерка што стигнала до финалето на три последователни Гренд слем турнири по Серена Вилијамс во 2016 година.

Коко Гоф стави крај на најубавата приказна на овогодинешното издание на Ролан Гарос. Американката и препушти само три гема на противничката. За пласман во финалето и беа потребни само 70 минути, победи со 6-1, 6-2.

За утеха, Боисон ќе направи метеорски успех на ВТА листата. На Ролан Гарос дојде како 361. во светот, а од понеделник ќе биде меѓу најдобрите 70. Исто така ја зголеми банкарската сметка, заработи 690.000 евра.


Лоис Боасон сензационално избори полуфинале на Ролан Гарос

Лоис Боасон приреди уште една сензација на Ролан Гарос. Во четвртфиналето ја победи Мира Андреева со 7-6, 6-3 за нешто повеќе од два часа игра.

Боасон, 361. на ВТА листата, откако во претходната рунда ја победи Џесика Пегула, во екстаза ги фрли домашните фанови и во четвртфиналето со поебдата над шестата носителка, Андреева.

Боасон неодамна се најде во центарот на вниманието, кога Хариет Дарт му кажа на судијата на турнирот во Руан да ѝ каже на Французинката „да користи дезодоранс затоа што смрди“.

Видеото стана вирално, а Боасон одигра брилијантен турнир. Го освои челинџерот со награден фонд од 75.000 долари.

Во Париз ги совлада Елиз Мертенс, Анхелика Калињина, Елза Жакмон и Пегула


Лина Ѓорческа го освои турнирот во Куршумлиска Бања

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа оствари голем успех и триумфираше на Фјучрс турнирот во Куршумлиска Бања (Србија), откако во финалето ја совлада Марта Матула од Грција со 2:1, по сетови 2-6, 6-0 и 6-4.

Грчката тенисерка отвори со одличен прв сет, но потоа Ѓорческа возврати со доминантна игра во вториот сет за израмнивање на резултатот, без да и дозволи на противничката да освои гем. Третиот сет Лина го доби со 6-4 и ја го заврши мечот за два часа и четири минути.

За Лина Ѓорческа ова беше 36. финале во сингл-конкуренција и ќе добие најголем дел од наградниот фонд кој е во висина од 30.000 американски долари.


Медведев сензационално елиминиран од Ролан Гарос

Рускиот тенисер Данил Медведев загуби со 3-2 во сетови од Камерон Нори во првото коло на Ролан Гарос.

Британецот Нори, кој пред пет дена загуби од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на турнирот во Женева, ја приреди првата голема сензација на Ролан Гарос. Елиминација на еден од најдобрите тенисери на планетата, Данил Медведев е сензација и покрај тоа што најмалку сака да игра на земјена подлога. Инаку, во проектираното осминафинале Медведев требаше да игра против Ѓоковиќ.

Неговиот следен противник е Федерико Аугустин Гомес, „среќен губитник“ кој го победи Алекс Ковачевиќ во првото коло.

Во понеделникот, Гомес тренираше со Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос.


Ѓоковиќ ја освои стотата титула во кариерата

Тенисерот Новак Ѓоковиќ ги искажа своите впечатоци од финалниот меч на турнирот во Женева по освоената 100-та титула во кариерата.

Новак Ѓоковиќ го победи Хуберт Хуркач со 5-7, 7-6, 7-6 и повторно покажа зошто е најдобар досега.

„Морав да работам за ова. Имав шанси во првиот сет, направив двојна грешка на сет топка. Мечот можеше да оди и на друга страна. Не знам како направив брејк, можно е и тој да ми го подари. Неколку поени го одлучија победникот, но тоа се случува на вакво ниво. Прекрасна атмосфера, полн стадион, одличен меч, ми е драго што ја освоив стотата титула“, изјави Новак Ѓоковиќ.


Британецот Кларк е победник на Македонија Опен 2025

26-годишниот Британец Џеј Кларк е победник на годинашново издание на АТП Челинџер 75 тунриот Македонија Опен откако во финалето кое траеше 84 минути го победи квалификантот Нермин Фатиќ од Босна и Херцеговина со 2-0 (6-2, 6-3). За триумфот на тунирот тој освои 75 поени и 1920 евра, додека Фатиќ освои 44 поени и 7.620 евра.


Нишикори го откажа учеството на Ролан Гарос

Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори, кој беше четврти рекет на светот и финалист на Отвореното првенство на САД во 2014 година, нема да учествува на Грен слемот во Париз годинава.

Претходно на турнирот АТП-250 во Женева, Нишикори не можеше да го заврши натпреварот од второто коло против 24-тиот светски тенисер, Русинот Карен Качанов, поради проблеми со долниот дел од грбот.

Во првото коло од Ролан Гарос 2025, Нишикори требаше да игра против Шпанецот Карлос Алкараз, четирикратен шампион на Гренд слем турнирите и второпласиран тенисер во светот.

Наместо Јапонецот, на турнирот ќе учествува среќниот губитник Џулио Зепиери од Италија.

Отвореното првенство на Франција во 2025 година ќе се одржи од 25 мај до 8 јуни.