тенис

Махач и Давидович ќе се брат за титулата во Акапулко

Чехот Томаш Махач и Шпанецот Алехандро Давидович ќе се соочат во финалето на АТП тенискиот турнир во мексиканскиот град Акапулко што се игра за награден фонд од 2,7 милиони долари.

Осмиот носител Махач во полуфиналето го победи Американецот Брендон Накашима со 6:4, 1:6, 6:4, додека Давидович триумфираше над деветтиот носител Канаѓанецот Денис Шаповалов со 7:6 (3), 7:6 (1).

За олимпискиот шампион во мешани двојки од Париз, Махак, ова ќе биде второ финале на АТП турнирите, додека Давидович ќе игра во третото.

И двајцата сè уште се без титула на највисоко ниво.


Циципас го освои турнирот во Доха

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас ја освои титулата на тенискиот турнир на тврда подлога од серијата АТП 500 во Дубаи со награден фонд од 3.237.670 долари, што за него е прв трофеј на АТП 500 турнирите.

Во финалето, четвртиот носител Циципас го победи Канаѓанецот Феликс Ожие-Алијасим во два сета – 6-3, 6-3. Натпреварот траеше еден час и 29 минути.

Огер-Алиасим го загуби своето второ последователно финале откако во февруари претходно загуби од Андреј Рубљев во финалето на турнирот во Доха.

26-годишниот Циципас ја освои својата 12-та АТП титула и прва од април 2024 година.


Суспендираниот Синер не е во комбинација за наградата Лауреус

Фондацијата Лауреус одлучи да го отстрани Јаник Синер од листата на кандидати за престижната награда за спортист на годината што ја доделува.

Причината е тримесечната суспензија на италијанскиот тенисер.

Шон Фицпатрик, директорот на Лауреус, во изјава подетално ја објасни позадината на одлуката.

„По разговорите со Академијата Лауреус, одлучено е да се повлече кандидатурата на Јаник Синер за спортист на годината. Го следевме неговиот случај, одлуките на светските тела и веруваме дека тримесечната суспензија ја оневозможува неговата кандидатура. Јаник и неговиот тим се информирани“, стои во соопштението потпишано од Фицпатрик.

Листата на номинирани ќе биде објавена во понеделник на 3. март во Мадрид.

Синер беше позитивен два пати во март минатата година на забранетата супстанца клостебол, но беше ослободен од обвиненијата од страна на Меѓународната агенција за интегритет во тенис.

ВАДА ја обжали таа одлука пред Судот за спортска арбитража, а пред две недели се спогоди со Синер да добие три месечна суспензија.


Ѓоковиќ по шест години се враќа во Мајами

Српскиот тениер Новак Ѓоковиќ, потврди дека ќе настапи на Мастерс 1000 турнирот во Мајами, каде што не играше во последните шест години.

Пред настапот на Флорида, каде најдобрите тенисери од 18. до 30. март ќе се борат за трофејот, остатокот од тениската елита, вклучувајќи го и Ѓоковиќ, ќе игра на АТП мастерс 1000 турнирот во Индијан Велс, кој е на програмата од 5. до 16. март.

Последен пат Ѓоковиќ играше во Мајами во 2019 година, кога беше поразен во осминафиналето од Шпанецот Баутиста Агут.

Последен пат Ѓоковиќ на тој турнир славеше во 2016 година, а претходно уште пет пати го подигна победничкиот пехар во Мајами, во 2007, 2011, 2012, 2014 и 2015 година.


Синер обвинет за нова измама

Јаник Синер постигна договор со Светската антидопинг агенција (ВАДА). Наместо рочиште пред Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана, каде што можеше да добие тениска забрана на една или две години, тој ќе биде суспендиран на само три месеци.

Сега, сите се прашуваат кој е виновен, дали Синер или ВАДА, па останува да се утврди. Имено, се појавија некои нови информации во британскиот Би-би-си.

Како што открива медиумот, бил постигнат договор меѓу Синер и ВАДА, според кој место да му истекува од 14 февруари, суспензијата почнала да тече од 9 февруари. Сето тоа било направено за да добие право за настап пред својата публика, на мастерсот во Рим, кој започнува на 5 мај.

Тешко дека е само случајност сето ова и дека дошло до ненадејна грешка, особено ако се земе предвид дека претседателот на АТП, Андреа Гауденци, е Италијанец и дека целиот овој случај е прилично контроверзен.

Пред сè, поради начинот на кој беше спроведен целиот процес, што доведе до тоа да може да се договори Синер за својата казна, иако два пати падна на допинг-тест бидејќи беше позитивен на „клостебол“.


Ајава ја завршува кариерата заради смртни закани

Дестани Ајава, австралиска тенисерка, на 24-годишна возраст реши да стави крај на кариерата.

Поради огромната количина на омраза, па дури и смртни закани, таа одлучи дека и е доста.

Одлуката ја донела откако загуби од Габриела Кнутсон со 6-4, 3-6, 7-5 во финалето на ИТФ турнирот во Прага. Вообичаено, оние кои се обложуваат на спортски резултати први пишуваат ужасни пораки, први пцујат, навредуваат и се закануваат.

„Донесов одлука да се повлечам поради пораките со омраза (мизогинија) и смртните закани што ги добивам по секој изгубен натпревар“, рече Ајава.

Во моментот кога го напушти тенисот, таа беше на 169. место во светот, а во текот на 2017 година стигна до 147. позиција.


Рубљев го освои турнирот во Доха

Рускиот тенисер Андреј Рубљев го освои АТП турнирот 500 во Доха, Катар.

Во денешното финале, 10-топласираниот светски играч го победи Британецот Џек Дрејпер (16-ти на АТП ранг-листата) за 2 часа и 6 минути – 7-5, 5-7, 6-1.

Русинот сервираше 10 асови, не направи ниту една двојна грешка и претвори 3 од 7 брејк топки во поени.

Неговиот противник имаше 12 аса, 2 двојни грешки и една конвертирана брејк топка од три можности.

Дваесет и седумгодишниот Рубљов ја освои 17-та АТП титула во кариерата и прва од мај 2024 година./


Андреева го освои турнирот во Дубаи

Руската тенисерка Мира Андреева стана најмладата шампионка на ВТА турнир од серијата 1.000. Андреева ја освои титулата во Дубаи.

Андреева во финалето во Дубаи ја победи Клара Таусон со 7-6/1, 6-1, по еден час и 47 минути битка.

Таа стана најмладата тенисерка која некогаш победила на ВТА турнир од серијата 1.000 откако оваа категорија беше додадена во календарот во 2009 година.

Од утре таа ќе стане и најмладата Топ 10 тенисерка (ќе биде деветта на ВТА листата) по Никол Ваидисова во 2006 година.

Андреева се мачеше во првиот сет, не успеа да го реши на свој сервис при резултат 5:4, но затоа блесна во тај-брејкот во кој на противничката и препушти само еден поен.

Моментумот од тај-брејкот го пренесе во вториот сет во кој буквално ја збриша својата противничка.


Мира Андреева најмлада АТП-финалистка во историјата

Руската 17-годишна тенисерка Мира Андреева продолжи да ги победува фаворизираните противнички и да поставува турнирски рекорди, а совладувајќи ја денеска во Дибаи шестата носителка Елена Рибакина со 6-4, 4-6, 6-3 стана најмладата финалистка во историјата на ВТА турнирите од серијата 1000, кои се вклучени во календарот од 2009 година.

Рибакина беше на прагот на пресврт откако го загуби првиот сет, но го доби вториот, а во третиот имаше водство од 3-1. Сепак, Андреева нанижа пет гемови за победа, освојувајќи три гема во кои Рибакина беше на сервис.

Ден претходно Андреева ја елиминираше втората носителка Ига Швјонтек од Полска и стана најмладата полуфиналистка во Дубаи.

За младата Русинка ова е најголем успех во кариерата и вкупно трето финале. Минатата година ја освои првата титула на ВТА 250 во романски Јаши, а во октомври беше поразена во финалето на турнирот ВТА 500 во кинески Нингбо од сонародничката Дарија Касаткина

Андреева во утрешното финале ќе се соочи со победничката од вториот полуфинален меч меѓу Данката Клара Таусон и Каролина Мучова од Чешка.


Лехечка го шокира Алкараз на турнирот во Доха

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е елиминиран во четвртфиналето на АТП турнирот во Доха. Него го порази Чехот Јиржи Лехечка со 2-1, во сетови 6-3, 3-6, 6-4.

Лехечка за место во финалето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Матео Беретини и Џек Дрејпер.