тенис

Бердих нов селектор на Дејвис Куп репрезентацијата на Чешка

Томаш Бердих е новиот селектор на Дејвис куп репрезентацијата на Чешка, соопшти денеска Тенискиот сојуз на оваа земја.

Бердих го замени Јарослав Навратил како селектор на Чешка.

Чешка не успеа да се пласира на завршниот турнир од Дејвис купот, откако на турнирот во Валенсија забележа порази од Австралија, Франција и Шпанија.

-Во Дејвис купот доживеав незаборавни моменти од мојата тениска кариера. Ниту еден момент не се двоумев да ја прифатам понудата, изјави Бердих по тој повод.


Синер: Федерер е најдобриот на сите времиња

Италијанскиот тенисер Јаник Синер успеа да дојде до трофејот на последниот грен-слем оваа сезона, САД опен, откако во финалето го совлада домашниот тенисер, Тејлор Фриц, со 3-0 во сетови.

Италијанскиот тенисер се чини дека го искористи раното испаѓање на Карлос Алкарас во второто коло и на Новак Ѓоковиќ во третото, па многу лесно дојде до трофејот.

Тој во интервју за АТП одговараше на прашања, а едно од нив беше кој е најдобриот тенисер на сите времиња.

„За мене најдобар на сите времиња е Роџер!“, рече Јаник Синер.


Стерлинг одушевен што потпиша за Арсенал

Фудбалерот, Рахим Стерлинг, кој му се приклучи на Арсенал во текот на летово, вели дека се наоѓа на вистинското место.

„За мене е идеално да бидам во фудбалски клуб во кој сите се гладни за победа. Сакам да се подобрувам секоја сезона“, вели напаѓачот за официјалниот веб-портал на клубот од Лондон.  

Стерлинг кој се наоѓа на платниот список на Челзи, дојде кај „топчиите“ на едногодишна позајмица.


Ѓоковиќ ги избегна Синер и Алкараз до финалето на УС Опен

Српскиот тенисер пристигнува во Њујорк со голема доза на самодоверба по случувањата во Париз, но поволна околност за него ќе биде и тоа што на стартот има доста лесен старт на Флешинг Медоус.

Ѓоковиќ во првото коло ќе игра против квалификант, во второто против победникот од Ѓере и Штруф, додека во третата рунда проектирано е да ги одмери силите со Алексеј Попирин. Во четврата рунда оди на Шелтон или Тиафо, додека потенцијални четвртфинални противници му се Рубљов или Димитров.

Пред да дојде ред за големото финале, главен фаворит за полуфинале во ждребот на Новак е Александер Зверев, тенисер против кого би требало да игра Србинот ако се остварат сите очекувања. Доста потешко на дешениот ждреб минаат Синер и Алкарас, кои уште во раните фази ќе имаат потешки предизвици на патот до големото финале.

Светскиот ретек број еден отвора против МекДоналд, во второто оди на Микелсен, додека во третото коло оди на Вавринка или Џари. Во четвртата рунда може да вкрсти со незгодниот Томи Пол, а во четвртфиналето би имал сериозен тест против Медведев или Циципас. Потенцијален полуфинален ривал му е Карлос Алкарас, кој исто така има тежок пат пред себе. Шпанецот во првото коло отвора против квалификант, но веќе во втората рунда ќе игра со подобриот од Шаповалов и Ван Де Зандшулп, Проектиран за третото коло му е Дрејпер, додека во четвртото Табило или Корда.

Во четвртфиналето ќе вкрсти со еден од Хуркач и Де Минор, додека во полуфинале против Синер или Медведев.


Ѓорческа елиминирана во квалификациите на УС Опен

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа, не успеа да го мине првото квалификациско коло на Отвореното првенство на САД (УС Опен), иако одиграбдоста добро против Аргентинката Хулија Риера која е на 122 место на ВТА листата односно 71 место подобро рангирана од Лина Ѓорческа. Хулија Риера победи со 7-6 и 6-3 во меч кој траеше 196 минути игра.

Ѓорческа почна одлично, поведе со 4-1 во првиот сет, а имаше и предност од 5-3 и гејм на свој сервис. Но, не успеа да го добие решавачкиот гејм за водство и дозволи противничката да направи престврт и тајбрејкот Риера беше подобра со 7-4, за водство од 1-0.

Во вториот сет немаше толку многу брејкови како во првиот, Лина загуби само еден гејм на свој сервис, но тоа беше доволно за да го загуби сетот со 3:6, и да го заврши својот настап во квалификациите на последниот Грен-слем турнир оваа сезона.


Тениска егзибиција во САД, ќе заиграат и Агаси и Мекинро

В среда на 21 август на теренот ќе излезат четири од најголемите имиња во историјата на тенисот, Андре Агаси и Карлос Алкараз во пар против Џон Мекинро и Новак Ѓоковиќ.

Ова се тенисери кои заедно имаат 43 гренслем титули. Составот ветува незаборавен спектакл, комбинирајќи искуство и младешки ентузијазам.

Отвореното првенство на САД започнува на 26 август, а овој егзибициски натпревар ќе биде совршена увертира за последниот гренслем турнир годинава, предизвикувајќи интерес и возбуда кај навивачите.


УС Опен го згопеми наградниот фонд

Наградниот фонд на последниот сезонски Грен слем тениски турнир, УС Опен, ќе биде зголемен за осум проценти во однос на 2022 година, објавија денеска организаторите.

Како што е соопштено, годинешниот награден фонд на турнирот во Њујорк ќе изнесува рекордни 65 милиони долари.

Победниците во машка и женска конкуренција ќе добијат по три милиони долари, што е за 15 отсто повеќе од лани, а поразените во финалето во поединечна конкуренција ќе добијат по 1,5 милиони долари.

Оваа година УС Опен ја слави 50-годишнината од воведувањето на еднакви парични награди за тенисерки и тенисерки. Во 1973 година, турнирот беше првиот од четирите Грен – слем турнири што воведе еднакви парични награди за мажи и жени, при што сите се натпреваруваа за вкупна наградна сума од 100.000 долари, со исплата од 25.000 долари за победниците во сингл во машка и женска конкуренција.

Отвореното првенство на САД годинава на програмата е од 28 август до 10 септември. Титулите ќе ги бранат Шпанецот Карлос Алкараз и полската тенисерка Ига Швјонтек.


Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Синсинати

Новак Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Синсинати и
годинава нема да го брани трофејот, кој во 2023 година го освои.
Организаторот потврди дека српскиот тенисер нема да биде дел
од ждребот и веќе е одреден тенисерот кој ќе го замени, а сосема
логично е дека најважна причина за ваквата одлука е
исцрпувачкиот настап на Олимписките Игри.


Шпанскиот тениски ас Рафаел Надал, носителот на 22 гранслем титули, нема да учествува на Отвореното првенство на САД во тенис.

„Здраво на сите, пишувам за да ве информирам дека решив да не учествувам на УС Опен оваа година. Имам прекрасни спомени поврзани со ова место. Ќе ми недостигаат енергичните вечерни сесии во Њујорк на теренот „Артур Еш“, но мислам дека овојпат нема да можам да дадам 100% од себе. Ви благодарам на сите мои фанови од САД, ќе ми недостигате многу. До скоро видување“, објави Надал.

Отвореното првенство на САД оваа година ќе се одржи од 26 август до 8 септември.


Надал не донел одлука за својата иднина

22-кратниот Грен слем победник Рафаел Надал одговори на прашање за пензионирање.

“Ова ме прашуваат често во последно време. Секој ден се трудам да дадам максимум. Кога ќе заврши овој турнир, ќе ги донесам потребните одлуки врз основа на тоа како се чувствувам и што сакам. Денеска не знам“, рече Надал на прес-конференција по поразот од Ѓоковиќ.

Шпанскиот тенисер истакна дека доколку почувствува дека повеќе не може да се натпреварува, ќе одлучи да стави крај на кариерата.

Во второто коло на Олимпијадата 2024, Надал вчера загуби од Србинот Новак Ѓоковиќ со резултат 1-6, 4-6. Меѓусебниот биланс е 31-29 во корист на Ѓоковиќ.4