тенис

Ѓорческа и Горгодзе ќе играат полуфинале во Грузија

Нашата тенисерка Лина Ѓорческа заедно со домашната претставничка Екатерине Горгодзе влегоа во полуфиналето во игра на двојки на ИТФ фјучерсот во Лопота, Грузија кој се игра за награден фонд од 40.000 долари.

Тие ја оправдаа фаворитската улога во дуелот со Зозија Кардава (Грузија) и Улаџислава Зверава (Русија) и триумфираа за нешто повеќе од еден час со 2-0 во сетови со 6-3 и 6-3.

Лина и Горгодзе во наредната рунда ќе играат со третите носителки, Рутуја Хосале (Индија) и Пејџ Хуриган (Нов Зеланд).


Гоф и Сабаленка ќе играат за титулата во Мадрид

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се пласираше во финалето на турнирот од серијата 1.000 во Мадрид, Шпанија, победувајќи ја Елина Свитолина.

Сабаленка ја победи Свитолина со 2-0 во сетови 6-3 и 7-5. Белорусинката, тенисерка број еден во светот, се пласираше во своето трето последователно финале на ВТА 1.000, како и во своето трето последователно финале во Мадрид.

Таа ќе ја брка својата 20 титула во сабота против Коко Гоф која ја совлада Ига Швјонтек.

Ова беше петта победа на Сабаленка во шесте досегашни мечеви против Свитолина.Финалето во Мадрид е закажано за в сабота од 18.30 часот. Тоа ќе биде 10 средба меѓу Сабаленка и Гоф, а Американката моментно води со 5:4.


Гоф пресилна за Швјонтек на Мастерсот во Мадрид

Полската тенисерка Ига Швјонтек загуби од Американката Коко Гауф во полуфиналето на турнирот ВТА 1000 во Мадрид со 1-6, 1-6. Мечот траеше 66 минути.

Гауф реализираше 5 од 7 брејк-топки во текот на мечот. Швјонтек имаше 3 двојни грешки и 1 ас.

Ова беше трета победа по ред за Американката против Швјонтек.

Четвртиот рекет во светот се пласираше во финалето и ќе се соочи со победничката од натпреварот Арина Сабаленка (Белорусија) – Елина Свитолина (Украина).

Наградниот фонд на турнирот во Мадрид изнесува 8,9 милиони долари.


Ѓорческа со победа го започна турнирот во Грузија

Лина Ѓорческа имаше успешен старт на ИТФ фјучерсот во Лопота (Грузија) што се игра на тврда подлога за награден фонд од 40.000 долари.

Ѓорческа која ја има улогата на четврта носителка во првото коло се соочи со домашната претставничка Зозија Кардава, тенисерка која дојде до главниот ждреб со вајлд карта.

Лина ја оправа фаворитската улога и тоа со победа во два сета и тоа прва „рунда“ во која противничката даде силен отпор кој беше скршен во 12 гејма (7-5) за да потоа биде многу полесно за Македонката која со 6-2 го потврди триумфот и местото во наредната фаза.

За место во четвртфиналето ќе се бори со Анастасија Тихонова која во моментов е на 346 место на ВТА листата.


Ѓоковиќ поразен и понижен на стартот на Мастерсот во Мадрид

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (АТП-5) уште на стартот го заврши настапот на АТП Мастерс турнирот во Мадрид, откако попладнево загуби од Италијанецот Матео Арналди со 2-0 во сетови. Арналди ((АТП-44.) до својата втора победа во кариерата во дуели против пет најдобро рангирани тенисери дојде за 101 минути, елиминирајќи го рекордерот според освоени грен – слем титули со 6-3 и 6-4.

Ѓоковиќ го почна настапот на Мастерсот во Мадрид од второто коло, а за него ова беше трет последоватен пораз по елиминациите во Монте Карло и Мајами.

Противник на Арналди во следното коло на Мастерсот во Мадрид ќе биде босанскиот тенисер Дамир Џумхур, кој со 2-1 во сетови го совлада Аргентинецот Себастијан Баез.


Ѓоковиќ: Се чувствува смената на генерации

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави денес дека се чувствува оти дошло до генерациска смена и луѓето почнале да прифаќаат дека Роџер Федерер, Рафаел Надал и Енди Мареј повеќе не играат.

„Се чувствува како да се променила цела генерација. Луѓето почнаа да прифаќаат дека Роџер, Рафаел и Енди повеќе не играат, а наскоро ниту јас“, рече Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ утре во рамки на второто коло на АТП турнирот во Мадрид ќе игра против Италијанецот Матеа Арналди, а во шпанската престолнина ќе се обиде да стигне до својата 100-та титула во кариерата.

„Кога си врвен играч, правиш работи надвор од теренот, се обидуваш да придонесеш за популарноста на тенисот, да привлечеш повеќе луѓе, да привлечеш млади деца кон тенисот. Гледам дека тоа се случува, но сепак треба да работиме на тоа поле“, рече Ѓоковиќ.


Руне ги замрси сметките на Алкараз и го освои турнирот во Барселона

Данскиот тенисер Холгер Руне ја освои титулата на турнирот од серијата 500 во Барселона.

Руне стигна до петтиот трофеј во кариерата откако во финалето го совлада Карлос Алкараз со 7-6, 6-2.

Алкараз, победникот во 2022 и 2023 година, го мачеше и повреда на мускулот на десната нога, поради која не можеше да биде на ниво, особено во вториот сет.

Првиот сет беше драматичен, Руне најпрво ја надополни негативата од брејк, а потоа пропушти две сет-токи, пред да го материјализира петтата во тај-брејкот.

Алкараз побара медицински тајм-аут во средината на вториот сет, Руне потоа направи брејк, па уште еден и ги реши дилемите околу победникот.

Алкараз се држеше до крајот, но практично статираше на теренот.

По овој пораз Алкараз од утре ќе падне на втората позиција на АТП листата.


Ролан Гарос ќе му оддаде почит на Рафа Надал

Раководството на Ролан Гарос објави дека ќе му оддаде посебна почест на живата легенда на овој гренслем турнир, Рафаел Надал, на првиот ден од годинашното натпреварување.

„Тоа ќе биде церемонија полна со изненадувања“, изјави директорката на турнирот, Амели Морезмо.

Церемонијата ќе се одржи на теренот „Филип Шатрие“ по првите три дневни меча.


Ѓорческа со победа започна во Копер

Mакедонската тенисерка, Лина Ѓорческа со победа го започна својот настап на ИТФ фјучрсот турнирот кој се игра во словенечкиот град Копер.

Ѓорческа во првото коло на турнирот вреден 60.000 американски долари славеше против Мари Беноа од Белгија со максимални 2:0, по сетови 7:5 и 6:2.

Во осминафиналето Лина Ѓорческа ќе игра со подобрата од мечот меѓу Французинката Селена Јаничевиќ и Екатерине Горгодѕе од Грузија.


Серена Вилијамс: Да имав случај како Синер ќе добиев суспензија од 20 години

Американската тенисерка Серена Вилијамс, освојувачка на 23 грен слем титули и поранешен број 1 на ВТА листата, го коментираше случајот со допинг на италијанскиот тенисер Јаник Синер.

Таа во својата изјава за „Тајмс“ се осврна и на поранешната ривалка Марија Шарапова.

„Го сакам момчето, го сакам спортот. Тој е одличен за тенисот. Му треба на машкиот тенис. Но, да бидеме искрени – ако јасго направев тоа, би добила 20 години казна. Сите мои титули од грен слем турнирите би ми биле одземени”, изјави Вилијамс и додаде:

„Најчудно е што не можам да не размислувам за Марија (Шарапова)] цело ова време. Не можам да не се сочувствувам за неа“.

Јаник Синер моментално отслужува тримесечна суспензија поради прекршување на антидопинг правилата во пролетта 2024 година. Се очекува тој да се врати на наредниот месец, на Мастерсот во Рим.

Во 2016 година, Марија Шарапова сама свика вонредна прес-конференција и откри дека била позитивна на забранетата супстанција, мелдониум. Таа беше суспендирана 24 месеци.