тенис

Ѓоковиќ пријави учество на Мастерсот во Индијан Велс

Организаторите на тенискиот турнир Индијан Велс, првиот мастерс на новата сезона, ја објави листата на учесници со името на Новак Ѓоковиќ е на неа. Турнирот започнува на 5 март.

Натпреварувањето и минатата година беше на списокот на Новак, беше еден од само четирите мастерси (заедно со Монте Карло, Рим и Шангај) на кои играше во 2024 година.

Сепак, не се прослави, бидејќи загуби веќе во третото коло од Италијанецот Нарди, но минатата сезона имаше други приоритети.


Халеп: Допинг скандалот ме исфрли од колосек

Романската тенисерка со македонско потекло Симона Халеп ја коментираше својата одлука да стави крај на кариерата.

Триесет и тригодишната тенисерка вчера доживеа убедлив пораз од Италијанката Луција Бронзети (1-6, 1-6) во првото коло на домашниот турнир во Клуж-Напока (Романија).

„Допинг скандалот не влијаеше на мојата психа, но ме исфрли од колосек. Сакам да се одморам бидејќи сум емотивно исцрпена. Се збогував со жителите на Клуж-Напока. Тоа е вистинскиот крај бидејќи ако не тренирате секој ден, нема да се справите со ривалките“, изјави Халеп.

Халеп се врати на турнејата во март 2024 година по дисквалификацијата за допинг во есента 2022 година. Таа беше суспендирана од натпреварувањето на четири години, но во пролетта 2024 година, CAS ја намали нејзината дисквалификација на девет месеци.

Севкупно, поранешната светска тенисерка број 1 има освоено 24 ВТА титули во сингл во текот на нејзината кариера. Таа е победничка на два Грен слем турнири.


Симона Халеп ја заврши кариерата

Романската тенисерка Симона Халеп објави крај на кариерата. 33-годишната тенисерка загуби од Италијанката Лусија Бронзети во првото коло на домашниот турнир во Клуж – 1-6, 1-6. По мечот Халеп ја соопшти својата одлука.

Халеп се врати на турнејата во март 2024 година, по дисквалификацијата за допинг во есента 2022 година. Романката беше суспендирана на четири години, но во пролетта 2024 година, Судот за спортска арбитража (КАС) објави дека нејзината суспензија е намалена на девет месеци.

Во текот на кариерата, поранешната светска тенисерка број 1 освои 24 ВТА турнири. Таа победи на „Ролан Гарос“ во 2018 година и на „Вимблдон“ во 2019 година.


Двоен триумф на Амар Хусеиновиќ во Најроби

Младиот македонски тенисер Амар Хусеиновиќ оствари двоен триумф на турнирот во Најроби, Кенија и со тоа ја потврди улогата на носител број еден во двете конкуренции. Хусеиновиќ победи и во поединечна и во конкуренција на двојки заедно со Јан Сикора од Чешка. Во поединечна конкуренција Хусеиновиќ сите мечеви ги доби со 2-0 во сетови.

Во сингл финалето Хусеиновиќ го совлада Аирик Абединзадех од Иран со 2-0 во сетови (6-3, 6-1), а на патот до финалето Хусеиновиќ ги совлада: Рафаел Хозе Де Лима Гонзалез од Венецуела со 2-0 во сетови (6-0, 6-0) – второ коло, Педро Куероз од Бразил со 2-0 во сетови (7-6/4, 6-3) – 3.коло. Во четвртфиналето го победи Абделазиз Гуенуми од Мароко со 2-0 (6-2, 6-3), а во полуфиналето беше подобар од Србинот Марко Драговиќ со 2-0 во сетови (6-4, 6-1).

Во конкуренција на двојки со Чехот Јан Сикора во финалето ги победија тенисерите од Србија Марко Драговиќ и Урош Живковиќ со 2-1 во сетови (4-1, 3-5 11-9 на поени).

Амар Хусеиновиќ и следната недела ќе има настап на турнир во Кенија.


Лина Ѓорческа се пријави на турнирот во полски Лешно

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по елиминацијата на турнирот во Франција, ќе биде дел од силен турнир кој ќе се игра во полскиот град Лешно.

Турнирот е вреден 60.000 долари ќе има високо рангирани имиња.Најпознато име кое ќе игра во квалификациите е 34-годишната Урсула Радванска, домашната тенисерка која некогаш беше во ТОП-25 учеснички во „белиот спорт“ во светот.

ВТА-фјучрсот во Полска ќе се игра од 3 до 9 февруари, а е на тврда подлога.


Ѓоковиќ ќе биде подготвен за турнирот во Доха

Новак Ѓоковиќ ќе биде подготвен за настап на турнирот во Доха. Иако првично, врз основа на снимките на повредата на бутниот мускул, се очекуваше пауза од неколку месеци најдобриот тенисер на сите времиња ќе почне да тренира во следните неколку дена

Ѓоковиќ рехабилитацијата ја започна во Србија, а поради повредата го загуби полуфиналниот меч од Александар Зверев на Австралија Опен откако го загуби првиот сет.

Турнирот во Доха на кој ќе настапат сите најдобри тенисери почнува на 17 февруари.


Ѓоковиќ шест недели надвор од тениските терени

Питер Ларкинс, познат доктор од Австралија, се изненадил кога видел со каква повреда Новак Ѓоковиќ успеал да го заврши мечот против Карлос Алкараз и да излезе на терен во полуфиналето против Александар Зверев.

„Тоа е сериозна повреда. Не е крај на кариерата, но мислам дека е прилично неверојатно што тој дури успеа да одигра неколку натпревари“, изјавил Ларкинс.

Според лекарот ваков тип на повреда бара мирување во период и до шест недели.


Иванишевиќ фаворит за нов тренер на Јаник Синер

Горан Иванишевиќ е еден од кандидатите за иден тренер на најдобриот светски тенисер Јаник Синер. Ова го пишува „Газета дело Спорт“, потсетувајќи на успешната соработка помеѓу Иванишевиќ и Новак Ѓоковиќ и фактот дека актуелниот тренер Австралиецот Дарен Кејхил го напушта Синер на крајот од сезоната.

Горан Иванишевиќ, кој неодамна се раздели од Елена Рибакина, моментално е слободен агент. Поранешниот шампион на Вимблдон би можел значително да го подобри сервисот на Синер, како што тоа го правеше во годините на работа со Новак Ѓоковиќ.

Иванишевиќ беше клучен во претворањето на сервисот на Новак во моќно оружје. Плус, тој е дел од истата агенција како Синер, „Старвинг Спорт“ што ја олеснува потенцијалната соработка.

Да потсетиме, ова не би било првпат Синер да ги „превзема“ поранешните членови на тимот на Ѓоковиќ, бидејќи во својот тим веќе донесе двајца поранешни соработници на Новак.

Тоа се фитнес тренерот Марко Паники и физиотерапевтот Улисес Бади.

Покрај Горан Иванишевиќ како можни тренери на Синер се споменуваат Андре Агаси (кратко работеше со Ѓоковиќ) и поранешниот италијански тенисер Андреа Сепи.


Синер го збриша Шелтон и пак ќе игра финале во Мелбурн

Јаник Синер ќе ја брани титулата на Австралија опен. Првиот носител во полуфиналето го победи Бен Шелтон со 7-6, 6-2, 6-2. Мечот траеше два часа и 36 минути. Противник во финалето ќе му биде Александар Зверев.

Синер имаше големи проблеми во првиот сет, Шелтон сервираше за предност од 1:0, но не успеа да го освои сетот. Синер потоа издоминира во тај-брејкот откако беше јасно дека Американецот со мислите се уште е во претходниот гем, во кој не искористи две сет топки.

Вториот и третиот сет беа рутина за Синер. Направи по два брејка и го реши мечот.

Шелтон, 20. на АТП листата, немаше константност за да му се спротивстави на светскиот број 1.

Финалето на Австралија опен ќе се одигра в недела со почеток во 9 часот по средно-европско време.


Ѓоковиќ го предаде полуфиналето, Зверев прв финалист на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ го заврши учеството на Австралија опен, откако му го предаде мечот на Александар Зверев.

По завршувањето на првиот сет, Ѓоковиќ се доближи до мрежата и му ја соопшти својата одлука на Германецот, очигледно неспособен да го продолжи мечот поради повреда.

Двајцата тенисери одиграа 81-минутен сет кој Зверев го доби во тај-брејк (7:6), Во текот на сетот Ѓоковиќ се обиде да ја ублажи болката со апчиња, но овој пат тоа не му помогна.