Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка на импресивен начин го освои ВТА турнирот во Бризбејн. Во денешното финале, по речиси два часа игра, Сабаленка ја совлада Полина Кудерметова со резултат 2-1 во сетови.
Интересно, на патот до финалето Сабаленка не загуби ниту еден сет, а ги доби средбите против Рената Заразуа, Јулија Путинцева, Марија Бузкова и Мира Андрејева со по 2-0.
Тренерот на Рибакина суспендиран пред Австралија опен
Иако Елена Рибакина го врати во тимот Стефан Вуков, хрватскиот тренер можеби нема да биде дел од нејзиниот тим на првиот Грен слем турнир сезонава.
Вуков започна да работи со неа уште во 2019 година кога таа се натпреваруваше на ITF турнирите. Имаа доста успеси, освоија Вимблдон во 2022 година и стигнаа до финалето на Австралија опен во 2023 година.
Се разделија минатиот август, а во почетокот на новата година Рибакина соопшти дека соработката е обновена и дека Вуков ќе работи заедно со сонародникот Горан Иванишевич.
Или можеби не? Во исто време, од ВТА стигна потврда дека Вуков е суспендиран поради потенцијално кршење на Кодексот на однесување. Во пракса, тоа значи дека Вуков нема да биде на располагање на Рибакина, односно не може да добие акредитација за било кој турнир, сè додека трае суспензијата.
Ѓоковиќ изненадувачки елиминиран од Опелка во Бризбејн
Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето го заврши настапот на турнирот во Бризбејн. Американецот, Рејли Опелка, го победи Ѓоковиќ по точно 100 минути игра со 2-0 (7-6, 6-3).
Опелка, кој по речиси две години пауза поради повреда на рамото, му се врати на тенисот и на првиот турнир забележа една од најголемите победи во кариерата. Во првиот меѓусебен дуел успеа да го победи Ѓоковиќ.
Највисокиот тенисер на АТП натпреварувањата (211 сантиметри), во Бризбејн дојде како 293. играч во светот. Најдобар пласман во кариерата му е 17.место на АТП листата.
Ѓоковиќ загуби бидејќи не можеше да го скроти сервисот на Опелка. Американецот освои 78 отсто од поените на првиот сервис и точно 80 отсто од поените на вториот сервис. Сервисот на Опелка е причината пто Ѓоковиќ во текот на целиот меч имаше само една топка за брејк, во третиот гем од вториот сет.
Американецот имше пет брејк топки, а искористи една, која му го трасираше патот кон победата, во четвртиот гем од вториот сет.
Опелка во полуфиналето ќе игра со Џовани Мпечи-Перикар, кој со 2-0 го победи Јакуб Меншик. Полуфиналето е закажано за сабота не порано од 11:30 часот.
Ѓоковиќ пресилен за Монфилс, втора победа на Србинот бо Бризбејн
Новак Ѓоковиќ избори пласман во третото коло на турнирот од серијата 250 во Бризбејн. Во втората рунда, Ѓоковиќ за 72 минути го победи Гаел Монфилс со 6-3, 6-3.
Новак Ѓоковиќ, рутински против рудовната муштерија, Гаел Монфис, избори место во четвртфиналето. Еден брејк во првиот и два во вториот сет му беа доволи за пласман меѓу најдобрите осум. Српскиот тенисер искористи три од четирите брејк топки, а во исто време на протвникот не му дозволи ниту една шанса за брејк.
Неверојатно звучи податокот дека во 20. меѓусебен дуел, Ѓоковиќ ја забележа 20.победа над Монфис.
Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра против Американецот Рајли Опелка.
Саша Зверев се повреди непосредно пред Австралија опен
Зверев се повреди на Јунајтед Купот и поради тоа мораше да се откаже од натпреварувањето, а по деталните прегледи ќе се знае колку време ќе паузира.
„Александер се повреде од турнирот поради повреда на бицепсот“, соопштија организаторите на натпреварувањето.
Ѓоковиќ и Кирјиос поразени во двојки на турнирот во Бризбејн
Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјиос го завршијас војот настап во игра на двојки на турнирот во Бризбејн. Во спектакуларен меч дуото НН загуби од Мајкл Венус (Нов Зеланд) и Никола Мектиќ (Хрватска) со 2-6, 6-3, 8-10.
Првиот сет го обележа доминантна игра на Хрватот и Новозеланѓанецот, кои ги искористија грешките на ривалите. По изедначениот старт Мектиќ и Венус го брејкнаа сервисот на Кирјиос и го добија сетот со 6-2.
Во вториот сет Ѓоковиќ и Кирјиос го подигнаа нивото на игра и направија пресврт. Брејк на сервис на Венус им донесе водство, а со сигурни сервиси го добија сетот со резултат 6-3.
Решавачкиот супертај брејк донесе драма. Ѓоковиќ и Кирјиос водеа со 7-4 и 8-6, но Мектиќ и Венус направија пресврт и го добија мечот.
Мектиќ и Венус одиграа сериозно и сконцентрирано, а Ѓоковиќ и Кирјиос приредија вистинско шоу, дури и танцуваа, со што ја подигнаа атмосферата во публиката.
Ѓоковиќ со победа го отвори турнирот во Бризбејн
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на стартот од новата сезона го совлада Австралиецот Ринки Хиџиката со 6-3, 6-3 и со победа во првото коло на АТП турнирот 250 во Бризбејн ја почна соработка со неговиот нов тренер Енди Маре
Ѓоковиќ (37) не се соочи со ниту една „брејк“ топка во текот на 75-минутниот дуел, а со еден одземен сервис во првиот и два во вториот сет оствари убедлива победа.
Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде уште еден ветеран, 38-годишниот Французин Гаел Монфис, кој го победи 19-годишниот Американец Нишеш Басавареди со 6-4, 4-6, 6-1.
Тоа ќе биде нивен 20 меѓусебен дуел на АТП турнирите, а прв по Мастерсот во Синсинати во 2023 година. Ѓоковиќ победи на сите 19 претходните натпревари.
Ѓоковиќ и Кирјиос со победа го отворија турнирот во Бризбејн
Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјиос се пласираа во второто коло на турнирот во Бризбејн. По голема борба ги совладаа Австриецот Ерлер и Германецот Миес со 6-4, 6-7/4, 10-8. Следни ривали им се главните фаворити Новозеланѓанецот Венус и Хрватот Мектиќ.
Новак и Ник уживаа на теренот, а од двете страни беа видени неколку брилијантни поени. Очигледно, дека играта во двојки, односно соработка меѓу Новак и Ник е од голема корист за двајцата.
По голема борба го добија првиот сет. Неверојатно одиграа Ѓоковиќ и Кирјиос во десеттито гем кога стигнаа до брејк и го освоија сетот со резултат 6:4.
Ерлер и Миес успеаја да се вратат во вториот сет, го добија во тај-брејк и покрај тоа што Ѓоковиќ и Кирјиос имаа повеќе можности да го завршат мечот. Тајбрејкот го реши еден мини брејк.
Во третиот сет се играше супер тај-брејк и тука доволен беше еден мини брејк. Ѓоковиќ и Кирјиос успеаја на самиот старт да го одземат сервиост на Ерлер, а потоа со одлични сервиси ја сочуваа предноста и остварија вредна победа.
Кирјос жестоко ги нападна тенисерите инволвирани во допинг скандали
Ник Кирјос се враќа на теренот со меч против француската тениска ѕвезда во подем, Џовани Мпетши Перикар.
Италијанецот Синер, светскиот број 1, двапати беше позитивен на забранетиот стероид клостебол во март. Меѓутоа, Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА) го прифати аргументот дека супстанцијата ненамерно влегла во телото на Синер – откако ја испрскал со спреј од неговиот сега веќе поранешен физиотерапевт за лекување на рана на раката – и не беше казнет. Последователно, Меѓународната анти-допинг агенција (ВАДА) ја обжали одлуката до Судот за спортска арбитража (КАС), барајќи забрана „помеѓу една и две години“, а се уште се очекува пресудата од КАС.
Кирјос претходно си зеде слобода да ја критикува ИТИА за одлуката и го стори тоа повторно за време на неговата прес-конференција пред неговото враќање на теренот во Бризбејн. Тој нема играно 18 месеци.
-Интегритетот на тенисот во моментов, сите го знаат тоа, но никој не сака да зборува за тоа, е во ужасна состојба. Навистина е, и тоа не е во ред. Знам дека на луѓето не им се допаѓа кога само го кажувам своето мислење и сум отворен. Како дете кое пораснало со тенис, со конкуренција, можам да бидам емотивен на теренот и да фрлам рекет, но тоа не е ништо во споредба со лажењето и земање на забранети средства за подобрување на перформансите“, рече Кирјос.
Тенисерот од Австралија се враќа на теренот со меч против француската тениска ѕвезда во подем, Џовани Мпетши Перикар.
Швјонтек: Ги дадов сите докази за мојата невиност
Втората светска тениска тенисерка, Ига Швионтек во петокот изјави дека се надева дека ќе ја сврти страницата на допинг аферата од минатата година и дека нема да има жалба за нејзината казна од Светската антидопинг агенција (ВАДА), јавија агенциите.
Тенисерката од Плска беше позитивна во август на триметазидин, лек за срце. Тогаш таа беше број 1 во светот на женскиот тенис. Аферата беше откриена три месеци подоцна, а натпреварувачката беше казнета на еден месец. Таа пропушти три турнири во Азија.
По откритието, светската агенција пресуди дека прекршокот не бил намерен, а нејзиниот случај е сличен на оној на Италијанецот Јаник Синер на почетокот на сезоната.
„Ги дадов сите докази и нема што повеќе да се прави. Можев брзо да докажам од каде е позитивниот резултат. Затоа случајот беше решен за кратко време. Не очекувам жалба, но немам никакво влијание за тоа што може да се случи. Мислам дека од самиот почеток и низ процедурите низ кои поминав се беше фер“, изјави за медиумите Швионтек, која својата сезона ќе ја започне на „Јунајтед купот“.
Швионтек изјави дека и покрај инцидентот и дека и е „ментално тешко“, реакцијата од публиката била позитивна.