тенис

Симона Халеп го откажа учеството на Австралија Опен

Симона Халеп, 33-годишната романска тенисерка и некогаш најдобра светска тенисерка, поради повреда се повлече од Австралија опен, првиот Грен слем турнир годинава.

Халеп моментално е 877. тенисерка на ВТА рангирањето, а од организаторите на турнирот во Мелбурн доби покана за настап во квалификациите. Романката го откажа доаѓањето во Мелбурн поради повреда на коленото и рамото што ја добила на почетокот од подготовките за новата тениска сезона.

Во октомври 2022 година, Халеп беше суспендирана на четири години поради позитивен допинг тест, но по жалба казната ѝ беше намалена на девет месеци бидејќи беше утврдено дека намерно не ја земала забранетата супстанца роксадустат. Халеп на крајот на 2017 година беше најдобрата тенисерка на светот, а во кариерата освои вкупно 24 ВТА турнири.

Од тоа, таа двапати победи на Грен слем турнирите, најдобра беше во 2018 година на Ролан Гарос и 2019 година на Вимблдон. На Австралија Опен во 2018 година, играше во финалето кога беше поразена од Данката Каролин Вознијацки. Отвореното првенство на Австралија ќе се одржи од 12 до 26 јануари, а Халеп последен пат играше на Грен слем турнир на УС Опен во 2022 година.


Алкараз го потврди учеството на турнирот во Доха

Третиот светски рекет Карлос Алкараз во 2025 година за прв пат ќе игра на турнир во Доха, Катар.

Од следната сезона овој турнир ќе биде класифициран како АТП 500 турнир.

Претходно своето учество во Доха го потврдија: Јаник Синер, Новак Ѓоковиќ, Данил Медведев, Андреј Рублев, Алекс де Минаур и Григор Димитров.

Турнирот ќе започне на 17 февруари.


Мекинро: Не верувам дека Ѓоковиќ и Мареј долго ќе соработуваат

T9J9GD London, UK. 19th May 2019. Wimbledon Tennis Players Day; John McEnroe interviews Paloma Faith Credit: Action Plus Sports Images/Alamy Live News

Легендарниот американски тенисер Џон Мекинро е скептичен околу долговечноста на соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и неговиот нов тренер Енди Мареј.

„Неверојатно е да се видат двајца ривали кои се бореа на најголемите турнири сега заедно во оваа улога. Сепак, мислам дека ова нема да трае долго. Енди штотуку излезе од својата играчка кариера, а тренерството бара поинаков менталитет и долгорочна посветеност“, рече Мекинро говорејќи во поткастот на Енди Родик.

Мекинро, сепак, изрази надеж дека соработката барем на краток рок ќе даде резултати.

„Би било одлично доколку Ѓоковиќ го освои Австралија опен со Мареј во тимот. По сите повреди низ кои мина Енди, тоа би била фантастична приказна“, додаде Мекинро.


Халеп ќе игра во Мелбурн по суспензијата и допинг-скандалот

Романската тенисерка Симона Халеп, поранешната број еден во светот, доби специјална покана за учество на квалификациите за Австралија Опен 2025.

Во моментов 877-та на ВТА листата, Халеп ќе се обиде да обезбеди место на првиот голем турнир на годината, кој ќе се одржи од 12 до 26 јануари.

Халеп, која беше суспендирана на четири години во октомври 2022 поради позитивен допинг тест, успеа да ја намали казната на девет месеци по жалба.

По враќањето на терените во Мајами оваа година, таа сега се подготвува за повторно учество во Мелбурн, каде ќе има шанса да се бори за уште еден значаен резултат.


Зверев: Синер е во моментот најдобриот светски тенисер

Александар Зверев смета дека во моментов најдобриот играч на машката турнеја е Јаник Синер.

„Го познавам Јаник Синер од 16 или 17 години, кога тренираше со Рикардо Пјати во близина на Монте Карло. Го познавам од детството и тој апсолутно заслужува да биде број еден во светот денес. Јаник освои две Грен слем титули, три Мастерс турнири и победи на Завршниот турнир. Тој сега е најдобриот тенисер во светот“, вели Зверев.

Синер е победник на Австралија Опен во 2024 година и УС Опен во 2024 година. Вкупно во текот на кариерата освои 19 АТП титули, а двапати го освои и Дејвис купот (2023, 2024) како репрезентативец на Италија.

Синер оваа сезона ја заврши како прв рекет на светот.


Ѓоковиќ и Кирјиос ќе играат во дубл во Австралија

Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјиос заедно ќе играат двојки во Австралија. Ова го објави Кирјос на своите профили на социјалните мрежи.

Ѓоковиќ и Кирјиос ќе настапат во дубл на турнирот во Бризбејн. Инаку на овој турнир двајцата ќе играат и во сингл.

Ова ќе биде прво вакво партнерство меѓу Србинот и Австралиецот, по неколкугодишни најави откако ги надминаа сите несогласувања и станаа големи пријатели.

За потсетување, Новак ќе ја отвори новата сезона во Бризбејн, турнир кој започнува на 29 декември, а ќе се загрева и во сингл и во двојки за Австралија опен, кој започнува на 12 јануари.

Од друга страна, тоа ќе биде прв турнир за Кирјос по долго време, тој паузираше повеќе од една година поради разни повреди.


ВАДА инсистира Синер да биде казнет

Истрагата за два позитивни теста на допинг контрола на италијанскиот тенисер Јаник Синер сè уште е во мирување, додека спортската јавност го следи развојот на овој контроверзен случај. Одлуката на Судот за спортска арбитража (CAS), по жалбата поднесена од Светската антидопинг агенција (ВАДА), е одложена и нема да биде донесена пред февруари.

Иако привременото одложување на постапката отвори простор за шпекулации, официјалните извори уверуваат дека случајот нема да биде заташкан и дека сите наводи ќе бидат темелно разгледани.

Светската антидопинг агенција го обвинува Синер за прекршување на антидопинг правилата, што претставува сериозен удар за еден од најперспективните тенисери во светот. Ако обвиненијата се докажат, младиот Италијанец би можел да се соочи со сериозни санкции, вклучувајќи суспензија од натпреварувањата.

– При донесувањето на првата одлука, беше пресудено дека не е била одговорност на Синер – потсетува Оливие Нигли, директор на VADA, за првата казна која била донесена врз основа на изјавата на самиот Италијан дека забранетата супстанца влегла во неговото тело по одговорност на неговиот физиотерапевт. – Но, нашата позиција е поинаква. Ние сметаме дека одговорноста на играчот се однесува и на луѓето од неговото опкружување. Затоа тоа е нешто на што се потпира нашата жалба до КАС. Не спориме дека е можно да е во прашање контаминација, но веруваме дека спроведувањето на постапката не било во согласност со законот.


Синер прв фаворит за освојување на Австралија опен

Организаторите на првиот грен-слем во сезоната, Австралија Опен ги објавија коефициентите за евентуалните освојувачи на титулата.

Прв фаворит за првиот грен-слем во сезоната е најдобриот светски тенисер, Јаник Синер за кого коефициентот се движи помеѓу 1.75 и 1.8. Зад Синер е Алкараз кој има коефициент помеѓу 2.4 и 2.5, додека Ѓоковиќ е рангиран на третата позиција со коефициент помеѓу 3 и 4.

Бранител на титулата во Мелбурн е Синер кој е и најдобар на планетата во овој момент. Синер дури и да не настапи на Австралија Опен сигурно ќе остане на првата позиција по завршување на турнирот.


Вавринка доби „вајлд карта“ за настап на Австралија опен

Стен Вавринка доби специјална покана за овогодинешниот Австралија Опен.

Вавринка првпат играше во Мелбурн, на Австралија опен, пред речиси 20 години и токму на овој турнир ја освои првата од трите Гренд слем титули.

Вавринка во финалето во 2014 година победи против Рафаел Надал.

Покрај Вавринка, Австралија опен испрати специјални покани на адреси на осум австралиски играчи, меѓу кои и Дарија Савил и Ајла Томљановиќ.

-Неверојатно сум благодарен што добив специјална покана за Австралија Опен. Мелбурн има посебно место во моето срце, таму го освоив мојот прв Гренд слем и тоа е една од најголемите пресвртници во мојата кариера, изјави Вавринка.

Првиот Гренд слем во сезоната ќе се игра од 12 до 26 јануари 2025 година.


Ѓоковиќ потврди дека ќе игра на турнирот во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на АТП турнирот во Доха, соопштија вечерва организаторите на турнирот.

Во соопштението се наведува дека турнирот во Доха ќе се игра од 17 до 22 февруари 2025 година.

Ѓоковиќ два пати го освои турнирот во главниот град на Катар, во 2016 и 2017 година. Српскиот тенисер последен пат играше на турнирот во Доха во 2019 година.