тенис

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Веста дека Новак Ѓоковиќ си најде нов тренер и дека во 2025 година ќе го тренира Енди Мареј, еден од неговите најголеми ривали, се појави како од ведро небо, како што и самиот потврди преку социјалните мрежи.

Новак Ѓоковиќ објави видео клип во кој има компилација од нивните дуели, додека самиот Мареј беше дел од „големата четворка“, односно во еден период успеа да се прикраде и да ја заземе првата позиција на АТП листата покрај Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Енди Мареј постигна голем успех, а сега ќе го тренира Новак Ѓоковиќ. Еве зошто српскиот тенисер за својот нов тренер:

„Од момчиња игравме еден против друг, 25 години бевме големи ривали, се форсиравме надвор од нашите граници. Имавме некои од најголемите битки во нашиот спорт. Нè нарекоа менувачи на игри, преземачи на ризик и создавачи на историјата. Мислев дека нашата приказна е завршена, но ќе има последен чин. Време е еден од моите најголеми ривали да застане во мојот агол, тренерот Енди Мареј е добредојден“.


Надал веќе има нов план, го шири ланецот на хотели ширум светот

Само неколку дена откако официјално ја заврши кариерата и се пензионираше, Рафаел Надал ја донесе првата деловна одлука и најави нова локација за изградба на својот хотел.

Надал не мораше долго да чека за да направи големи чекори по повлекувањето од тенисот, бидејќи неговиот синџир хотели „ZEL Born“ најави нова локација за еден од неговите хотели во Доминиканската Република.

Рафа го основа овој синџир хотели минатата година, заедно со Габриел Ескарер, директор на Melia Hotels International, а нивната визија беше инспирирана од традиционалните медитерански куќи и нивната култура на живот на отворено.

Новиот луксузен хотел ЗЕЛ Пунта Кана ќе биде лоциран на плажата Кортесито, на прекрасниот брег на Бавара, кој е идилична дестинација за секој патник кој сака да ужива во песочните плажи и кристално чистото море. Хотелот кој располага со 190 соби е трет по ред по отворањето на ЗЕЛ Мајорка лани и ЗЕЛ Коста Брава на почетокот на летово – се вели во соопштението.

Иако официјално не потврди, се добива впечаток дека Надал ќе се занимава со хотелиерство по неговото повлекување од играњето. Да потсетиме, тој неодамна беше поразен од Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп на стартот од Дејвис купот, а на првиот чекор испадна и самата Шпанија.


Ивановиќ: Надал ќе му недостига на тенискиот спорт

Ана Ивановиќ го испофали Рафаел Надал, кој се пензионираше на 38-годишна возраст. Како што изјави поранешниот најдобар српски женски рекет, на тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“.

Рафаел Надал е најодликуваниот тенисер на планетата по Новак Ѓоковиќ. Освои импресивни 22 Грен слем трофеи, а на врвот на кариерата најголемите битки ги водеше со Ѓоковиќ и Федерер, како и со Енди Мареј, кој ја сочинуваше „големата четворка“

Во тој период во самиот врв на женскиот тенис беше српската тенисерка Ана Ивановиќ. Сопругата на познатиот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер преку социјалните мрежи се огласи за тажниот ден за светскиот тенис, бидејќи Рафа ги „закачил патиките на колче“, пренесува Спутник.


Синер ја одведе Италија во полуфиналето на Дејвис Купот

Селекцијата на Италија е последниот патник во полуфиналето на завршниот Дејвис Куп кој се одржува во Малага.

Италијанците закажаа пресметка со Австралија откако успеаа да ја добијат битката со Аргентина со 2-1.

Главен „виновник“ за тоа беше првиот светски рекет Синер кој прво доминатно го доби сингл мечот со Баез (6-2, 6-1) за измранување на 1-1 за да потоа во комбинација со Беретини слават во дубл битката со Гонзалес и Молтени со 6-4 и 7-5 за место во Топ 4.


Италија суверено го освои „Били Џин Купот“

MALAGA, SPAIN – NOVEMBER 20: Team of Italy lift the Billie Jean King Cup trophy during the trophy presentation on Billie Jean King Cup Finals at Palacio de Deportes Jose Maria Martin Carpena on November 20, 2024 in Malaga, Spain. (Photo by Angel Martinez/Getty Images for ITF)

Репрезентацијата на Италија е победник во купот „Били Џин Кинг“.

За Италија ова е петти трофеј во натпреварувањето. Претходно победи во 2006, 2009, 2010 и 2013 година.

Италија синоќа во Малага стана шеста земја која го освоила турнирот најмалку пет пати. Се израмни со Русија и Шпанија. Повеќе трофеи имаат само Австралија (7), Чешка (11) и САД (18)

Во финалето Италија ја совладаа Словачка. Во годинешниот победнички тим беа Јасмине Паолини, Луциа Бронзети, Елизабета Кокиарето, Сара Ерани и Мартина Тревисан.


Надал: Сакам луѓето да ме паметат како добар човек од мало гратче на Мајорка

Рафаел Надал по поразот на шпанската репрезентација синоќа од Холандија (1-2) во четвртфиналето на Дејвис купот, проговори како навивачите треба да го паметат.

„Титулите се важни, но најмногу сакам да бидам запаметен како добар човек од мал град на Мајорка и момче кое постигна повеќе отколку што можеше да замисли“, изјави Надал на тернот во Малага.

Ова беше последен турнир во кариерата на 38-годишниот Шпанец. Има 1.080 победи во сингл и 92 титули, вклучувајќи 22 Грен слем титули. Надал е сопственик и на две златни олимписки медали.

Во полуфиналето на Дејвис купот, Холандија ќе игра со победникот од пресметката Германија – Канада.


Алкараз: Уникатна е страста со која Рафа го живееше тенисот

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се осврна на крајот на кариерата на сонародникот Рафаел Надал.

„Она што ќе го паметам за Надал е страста со која го живееше тенисот. Својот последен турнир го одигра со неверојатна страст. Имав среќа што играв со него, тренирав со него… помалку отколку што би сакал. Ако мојата кариера е дури половина добра од онаа на Рафа, ќе бидам повеќе од среќен. Мојот сон отсекогаш бил да станам број еден во светот и да освојам Грен слемови. Голем дел од овој сон постоеше благодарение на Рафа Надал. Се сеќавам како победуваше кога бев мал. Тогаш помислив дека еден ден ќе бидам јас таму“, изјави Алкараз за „The Tennis Letter“.

Шпанската репрезентација синоќа загуби од Холандија (1-2) во четвртфиналето на Дејвис купот. Ова беше последен турнир во кариерата на 38-годишниот Надал.


Лина Ѓорческа поразена од првата носителка во Трнава

Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка (првата носителка) на ИТФ фјучрсот што се игра во W50 Трнава Словачка за награден фонд од 40.000 долари. Таа по голема борба и меч во три сета загуби од Французинката Осеан Додин со 2-1 во сетови (7-5, 0-6, 6-2) за 108 минути игра.

Првиот сет донесе и најмногу неизвесност во текот на мечот. Македонската тенисерка имаше предност до 3:2 во сетови, за потоа противничката да успее да направи брејк во седмиот гем и да поведе со 4-3. Сепак Ѓорческа се врати резултатски со „ри-брејк“ во следниот гем за 4-4. Но, француската тенисерка повторно направи брејк во единаесетиот гем за предност од 6-5, која ја сочува откако го доби и следниот гем за 7-5 во првиот сет.

Во вториот сет Лина Ѓорческа одигра буквално без грешка и со 6-0 го доби вториот сет и со тоа изедначи на 1-1 во сетови. Но, во решавачкиот сет Додин стартуваше со два брејка за водство од 4-0 што беше клучно сетот да го добие со 6-2 во гемови.

Мала утеха за Ѓорческа е што против Додин (115.место ВТА листа) имаше еден поен повеќе освоено (82:81) при ист број на гемови (13-13).

Следната недела Ѓорческа ја очекува настап на W50 ИТФ фјучрсот во Селва Гардена во Италија.


Надал: Нема перфектно збогување, тука сум за да помогнам да се радуваме

MALAGA, SPAIN – NOVEMBER 18: Rafael Nadal of Team Spain speaks during a press conference prior to the 2024 Davis Cup Finals at Palacio de Deportes Jose Maria Martin Carpena on November 18, 2024 in Malaga, Spain. (Photo by Matt McNulty/Getty Images for ITF)

Во Малага се одржува завршниот Дејвис куп турнир во тенис. Репрезентацијата на Шпанија во четвртфиналето се среќава со Холандија, а фокусот на јавноста е на потенцијално последниот професионален натпревар на Рафаел Надал.

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Рафаел Надал четирипати го освојуваше Дејвис купот со Шпанија, а сега целта му е по петти пат да ја крене славната „салатара“.

„Нема идеално збогување. Филмските завршетоци се резервирани за американските филмови, а јас одамна сфатив дека нема да бидам еден од нив. Тоа не е нешто што ме загрижува во таа смисла. Моето збогување ќе биде тоа што ќе биде. Во таа смисла, би било фантастично сите во тимот да бидат конкурентни и да се обидеме да освоиме уште еден Дејвис куп“, изјави Надал.

Новак Ѓоковиќ најави дека ќе присуствува на турнирот во Малага. Новинарите се интересираа дали Роџер Федерер ќе го придружува Надал, бидејќи Шпанецот беше дел од неговиот проштален натпревар.


Ивановски со победа го отвори челинџерот во Роверето

Стартна победа за македонскиот тенисер Калин Ивановски во квалификациите на Челинџер турнирот во Роверето, Италија.

Тој во првата рунда од квалификациите денес го совлада Алексис Готие од Франција (осми носител во квалификациите) со 2-1 во сетови (6-3, 5-7 и 6-4) за 135 минути.

Челинџерот 100 во Роверето се игра за награден фонд од 120.950 евра.

Во утрешниот меч ривал на Ивановски ќе биде Богдан Павел од Романија, кој денес со 2:0 во сетови го совлада првиот носител од квалификациите Егор Герасимов од Русија.