тенис

Руд го декласира Алкараз на Мастерсот во Торино

Во првиот меч од групата Б на завршниот Мастерс во Торино, Каспер Руд го совлада Карлос Алкараз. Во вториот меч од 20:30 часот се среќаваат Александар Зверев и Андреј Рубљов.

Руд славеше во два сета (6-1, 7-5), за нешто помалку од 90 минути игра.

Откако спаси две брејк топки во првиот гем, Руд одигра брилијантен прв сет.

Во четвртиот гем успеа да направи брејк, а потоа спаси три брејк топки за да ја потврди таа предност. И не застана тука. Додаде уште еден брејк, поведе со 5-1 и со својот сервис ја заврши работата во првиот дел од мечот.

Алкараз прв стигна до брејк во вториот сет, но Норвежанецот возврати во седмиот. Шпанецот сервираше при 5-4 за изедначување, но тука повотрно влезе во „црна дупка“, Руди освои три гема по ред и ја прослави победата.


Гоф го доби трилерот со Женг и го освои завршниот Мастерс

Коко Гоф ја освои титулата на завршниот ВТА турнир во Ријад, откако во финалето по три сета со 3-6, 6-4, 7-6 ја совлада седмата светска тенисерка, Кинвен Женг од Кина. Тенисерката број три во светот победи по три часа и четири минути и првпат во кариерата ја освои титулата на завршниот турнир.

Сабаленка, која е првопласирана има речиси 4.000 поени повеќе.

„Воопшто не размислувам за број 1, тоа никогаш не ми било во прв план. Освојувањето на Грен слемовите е најважно за мене. Секако, ако добијам шанса, ќе се обидам да бидам прва.

Имаше многу полемики кога беше одлучено да се игра Мастерсот во Ријад, но за Коко тоа веќе не е важно.

„Засекогаш ќе остане запишано во историјата дека првиот женски турнир се одржа во Саудиска Арабија и тоа ќе значи многу за спортот. Очекувам оведе на има уште повеќе турнири“, рече Гоф.

Дваесетгодишната Американка, најмладата во првите десет, го доби најголемиот чек во историјата на женскиот тенис, 4.805.000 долари.


Гоф и Женг ќе се борат за титулата од завршниот Мастерс во Ријад

Коко Гоф ќе биде противничката на Чингвен Женг во големото финале на ВТА завршниот турнир што се игра во Ријад.

Во денешните полуфинални пресметки Гоф како и Женг остварија победи без загубен сет, па утре ќе се борат за престижниот трофеј, но и најголемата парична награда во историјата на женскиот тенис-тоа е 4,805,000 долари (толку ќе добие победникот).

Инаку Гоф направи изненадување и ја доби Арина Сабаленка со 7-6, 6-3, додека пак тенисерката од Кина ја суреди Барбора Крејчикова со резултат 6-3, 7-5 за нешто повеќе од еден ипол час игра.


Синер и Алкараз во различни групи на завршниот Мастерс во Торино

Ждрепката за завршниот АТП турнир во Торино се одржа денеска, а задоволен од неа може да биде светскиот рекет број 1 – Италијанецот Јаник Синер.

Група на Илија Настасе: Јаник Синер, Данил Медведев, Тејлор Фриц, Алекс де Минор

Група Џон Њукомб: Александар Зверев, Карлос Алкараз, Каспер Руд, Андреј Рублев

Пред ждрепката главното прашање беше дали Синер и Алкараз ќе бидат во иста група. Ждрепката одлучи дека тоа нема да биде така, а иако групите се релативно изедначени, впечатокот е дека тенисерот број еден во светот поминал нешто подобро.

Вториот носител Александар Зверев во својата група ги доби Алкараз, но и Руд и Рубљов, кои се далеку од добра форма.

Од друга страна, Медведев го доби Синер, а тоа ќе им биде 11-тиот состанок на во последните две сезони.

На неговиот единствен турнир во сала, Фриц беше нокаутиран во првиот меч од Дрејпер во Берси, а Алекс де Минор се бореше со повреда во вториот дел од сезоната и едвај стигна со завршниот турнир.


Ѓоковиќ потврди дека нема да игра на завршниот Мастерс во Торино

Новак Ѓоковиќ нема да ја брани титулата на завршниот АТП турнир оваа сезона.

-За мене е голема чест што успеав да се квалификувам за финалето во Торино. Навистина се радував на турнирот, но поради повреда нема да можам да играм следната недела.

„Им се извинувам на оние кои планираа да ги гледаат моите натпревари. На сите играчи им посакувам одличен турнир. Се гледаме наскоро“, напиша Србинот.

Ѓоковиќ е седумкратен освојувач на трофејот на завршниот турнир.

Натпреварите ќе почнат на 10 ноември.


Чекор назад на АТП листата за Ѓоковиќ и Алкараз

Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ назадуваа за по едно место на АТП листата. Алкараз испадна во осминафиналето на Мастерсот во Париз, а Ѓоковиќ не играше на турнирот кој го освои минатата сезона. На тронот во Париз, по убедливата победа над Уго Имбер го наследи Александар Зверев.

Новак минатата недела не играше во „Берси“, на Мастерсот во Париз, поради што загуби 1.000 бодови.

Пред Ѓоковиќ излезе Данил Медведев, кој сега има 20 поени повеќе. Ѓоковиќ има 5.210, а Медведев 5.230 поени.

Првото место на листата суверено го држи Јаник Синер со 11.330 поени, а промена имаше и на втората позиција.


Шнајдер победничка на ВТА турнирот во Хонг Конг

Дијана Шнајдер ја освои титулата на ВТА турнирот во Хонг Конг, откако во денешното финале ја совлада втората носителка Кејти Бултер со убедливи 6-1, 6-2.

За 20-годишната Русинка, 14. тенисерка во светот, ова е четврта ВТА титула во кариерата, сите освоени оваа година во која триумфираше претходно во Будимпешта, Бад Хомбург и Хуа Хин.

Од друга страна, 28-годишната британска тенисерка Бултер првпат во кариерата го загуби финалниот меч откако претходно освои три титули, две во Нотингем, лани и годинава, а на почетокот од 2024 победи во Сан Диего.

Турнирот во Хонг Конг се играше за награден фонд од 661.000 долари.


Ивановски елиминиран во квалификациите на Челинџерот во Хелсинки

Македонскиот тенисер Калин Ивановски е поразен на стартот од квалификациите на Челинџер 125 турнирот во финскиот град Хелсинки. Ивановски загуби од искусниот тенисер од Чешка Јиржи Весели со 2-0 во сетови (6-4, 7-6(3)) за 95 минути игра.

Во мечот имаше само еден брејк и го направи Весели во првиот сет, а Ивановски имаше 10 ас сервиси наспроти 6 на противникот, но скорот на двојни сервис грешки беше 6 за Иваовски, а 2 за Весели.

Мечот почна со водство на македонскиот тенисер од 1:0, но во следниот гем на сервис на Калин, ривалот успеа да направи брејк и ја искористи единствената брејк шанса и таа предност и водство ги задржа до крајот на сетот што го доби со 6:4 во гемови. Во вториот сет, Ивановски имаше постојано предност, а во осмиот гем од сетот македонскиот тенисер ја имаше и единствената брејк топка, но не ја искористи и до крајот на сетотдвајцата тенисери го освојуваа гемот на свој сервис и сетот беше решен во тај брејк. Калин поведе со 2:1 во поени, но Весели го искористи своето искуство во еден ваков меч и тај брејкот го реши со 7:3 на поени и 2-0 во сетови.

Турнирот во Хелсинки се игра за награден фонд од 148.625 евра на тврда подлога во сала.


Зверев суверено до титула на Мастерсот во Париз

Александар Зверев го освои Мастерсот во Париз откако беше подобар од домашниот тенисер Уго Амбер, кого го совлада со 6-2, 6-2.

Амбер направи неколку чуда во Берси, но на крајот не успеа да го освои пехарот, бидејќи Зверев покажа целосна доминација во финалниот меч.

Зверев беше доминантен на сервисот, на противникот не му дозволи ниту една брејк топка, додека двапати во двата сета му одзеде сервис за рутинска победа.


Зверев рутински до финале на Мастерсот во Париз

Александер Зверев е прв финалист на АТП Мастерсот од серијата 1000 што се игра во Париз, Франција.

Германскиот тениски ас во денешното полуфинале го надигра Холгер Руне со 2-0 во сетови за нешто помалку од два часа игра. Зверев славеше со 6-3, 7-6(4) и утре ќе игра за седмата титула од оваа категориа.

Ова воедно за него беше 65 триумф на АТП турот во 2024 година со што се израмни со Јаник Синер на првото место, а во исто време се искачи на втората позија на ранкигот надминувајќи го Карлос Алкарас.