Горан Иванишевиќ ќе биде нов тренер на Елена Рибакина. Иванишевиќ во март се раздели со Новак Ѓоковиќ и тогаш најави дека ќе оди на одмор „барем до септември“.
Помина уште малку, Зец ќе паузира до крајот на сезоната, но подготовките ќе ги започне со Рибакина, шампионот на Вимблдон од 2022 година, кој неодамна раскина со Стефан Вукова.
Се шпекулираше дека Иванишевиќ ќе соработува со Беретини, Циципас и некои други имиња, но на крајот тој реши да се префрли во женскиот тенис.
Претходно Иванишевиќ го освои Ју-ес опен со Марин Чилиќ во 2014 година, а соработуваше и со Милош Раониќ. Како тренер на Ѓоковиќ освои 12 Гренд слем титули.
Циципас и Хачанов четврртфиналисти на Мастерсот во Париз
Стефанос Циципас се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Париз, откако попладнево во три сета го совлада Аргентинецот Франциско Серундола со 6-7, 6-4, 6-2).
Циципас, 11. тенисер во светот, го совлада 29. рангираниот тенисер на АТП листата по два часа и 23 минути.
Гркот во четвртфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Фис и Зверев.
Пласман во четвртфиналето денеска обезбеди и 21. тенисер во светот, Русинот Карен Хачанов, кој го совлада Австралиецот Алексеј Попирин со 2-0 (7-6, 6-4).
До победата над 24. играч на светот Хачанов дојде по еден час и 57 минути игра.
Хачанов во четвртфиналето ќе игра против подобриот од дуелот Димитров – Риндеркнеш.
На Алкараз му смета подлогата на Мастерсот во Париз
Карлос Алкараз ги коментираше условите во „Берси“, откако беше елиминиран во осминафиналето од Уго Имбер.
Неколкумина веќе кажаа дека подлогата во „Берси“ е исклучително брза, што го забележа и Алкараз.
„Овој терен… Мислам, не сакам да кажам нешто што ќе звучи како изговор. Уго заслужи да победи. Кога играм, на пример, на затворен терен во Дејвис купот, теренот е многу побавен. Кога го одиграв првиот меч, статистика беше дека ова е најбрзиот терен на Мастерс турнирите, веројатно и на АТП турот, ова е веројатно најбрзата подлога во последните 10 години“, рече Карлос Алкарас.
„Не знам зошто го прават тоа. Не знам зошто го сменија теренот. Ме изненади, дојдов тука без премногу денови за подготовка. Веројатно требаше да дојдам порано за да се навикнам на условите. Можам само да кажам е дека не разбирам зошто го направија тоа“.
Алкараз сега ќе се подготвува за завршниот Мастерс во Торино, каде минатата година беше елиминиран во полуфиналето.
Сензација во Париз: Имбер го исфрли Алкараз од Мастерс турнирот
Уго Имбер го совлада Карлос Алкараз во осминафиналето на Мастерсот во Париз со резултат 2-1 (6-1, 3-6, 7-5).
Неверојатна битка беше видена во третиот сет. Во неколку гемови Алкараз го зголемуваше ритамот и го притискаше противникот, но брејк топки немаше. Имбер, во финишот повторно најде добар ритам во своите серви гемови. Првите брејк топки стигна во 12.гем кои беа и меч топки. Алкараз првата ја спаси со ас сервис, но не и втората, запо што Имбер започна да ја слави најголемата победа во кариерата.
Во следното коло Французинот ќе игра против Џордан Томпсон.
Медведев изненаден од Попирин на Мастерсот во Париз
Алексеј Попирин се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Париз, откако во второто коло го совлада Русинот Данил Медведев со 6-4, 2-6, 7-6.
Мечот траеше два часа и 31 минута. Попирин е 24. тенисер во светот, додека Медведев е на петтото место на АТП листата.
Ова беше четврти меѓусебен дуел на Попирин и Медведев и прв триумв на Австралиецот, кој во осминафиналето ќе игра против победникот од мечот меѓу Русинот Карен Хачанов и Џовани Мпески Перикар од Франција.
Мастерсот во Париз се игра за награден фонд од 5.950.575 евра.
АТП им исплати бонуси на пет тенисери!
Светска тениска турнеја – АТП ќе им исплати бонуси на играчите за нивните најдобри перформанси на турнирите од серијата 500 оваа сезона.
Помеѓу петте тенисери ќе биде поделена сума од 1,34 милиони долари.
Бонусите на играчите врз основа на перформансите на турнирите АТП 500 во сезоната 2024 се:
Вирусот го принуди Синер да го откаже настапот во Париз
Јаник Синер се повлече од Мастерсот во Париз, Франција. Италијанскиот тенисер како причина го наведе вирусот.
„Дојдов во Париз уште порано отколку што требаше да се подготвам подобро, но потоа ми се слоши. Сè уште го имам вирусот и моето тело едноставно не е во натпреварувачки режим. Не можам да изразам колку ми е жал. Се гледаме следната година“, им порача Синер на своите фанови во видео порака.
Тој беше прв носител на турнирот, како играч кој сигурно ќе ја заврши 2024 година убедливо на првото место.
На негово место доаѓа домашниот тенисер Артут Казо, кој во второто коло ќе игра со победникот од дуелот помеѓу Бен Шилтон и Корентин Муте.
Пад на ВТА листата на најдобрите македонски тенисерки
Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска по поразите на последните турнири забележаа на најновата ВТа листа објавена денеска.
Ѓорческа која е најдобро рангирана македонска тенисерка се наоѓа на 263. позиција и тоа е пад за осум позиции во однос на минатата недела. Стоилковска пак откако падна за 15 позиции сега е на 1207 место во светот.
На врвот нема промена, Арина Сабаленка е прва, пред Швојнтек и Гоф. Најголемиот скок го направи српската тенисерка Олга Даниловиќ која напредуваше дури 34 места и сега е на 52. позиција.
Голема победа за Калин Ивановски на Челинџерот во Братислава
Македонскиот тенисер Калин Ивановски оствари голем триумф на стартот од квалификациите на на Челинџер 125 турнирот во Братислава (наградниот фонф на турнирот е 148625 евра). Тој во два сета со 2-0 (7-6/4, 7-6/3 го совлада Американецот Александар Ковачевиќ кој се наоѓа на 99.то место на АТП листата. Два сета Ивановски ги доби во тај брејкот, притоа во текот на целиот меч имаше максимална контрола над играта и резултатот, иако за противник имаше тенсер од ТОП 100.
Во првиот сет Американецот Ковачевиќ имаше постојано предност и водство во сетот од причина што прв сервираше. Сетот мина без брејк шанса за некој од тенисерите и се решаваше во тај брејкот. Тогаш на дојдоа моментите на Калин кој веданш направи „мини брејк“ и поведе со 1-0, а потоа со уште еден „мини брејк“ поведе и со 4-1 и водеше со 5-1. При 6-2 на поени Ивановски ја искористи третата сет топка откако две беа на сервис на противникот.
Без брејк шанса изминуваше и вториот сет. Но така беше до 11.тиот гем кога Калин Ивановски успеа да спаси брејк типка и поведе со 6:5 во гемови. Во следниот гем противникот водеше со 40/15, а Ивановски успеа да освои три поени во низа и стигна до брејк и меч топка, но не успеа да ја искористи. Во продолжението на гемот Ковачевиќ имаше дури трипати предност и стигна до 6-6 во гемови и уште еден тај брејк. За разлика од првиот сет, во вториот тај брејк Ивановски направи „мини брејк“ за водство од 4-2 во поени, а вториот „мини брејк“ беше на меч топка што значеше и 7-3 на поени за македонскиот тенисер.
Ивановски мечот го заврши со 8 ас сервиси и две двојни сервис грешки, додека противникот имаше 4 аса и 3 двојни сервис грешки. Двајцата тенисери имаа по една брејк топка која не ја искористија, а Ивановски беше поуспешен и во вкупниот број на поени 80-73.
Денешниот ривал на Ивановски, Ковачевиќ беше рангиран како втор носител во квалификациите. Во следното коло (утре) Калин ќе игра со победникот од мечот меѓу Милош Карол од Словачка и Максим Крејси од САД (мечот се игра подоцна попладнево).
Поради повреда Ивановски во 2024 година го имаше отсуство од тениските терени и ова за него е само втор меч во сезонава.
Шарапова и браќата Брајан нови членови на тениската Куќа на славните
Церемонијата на прием во Меѓународната тениска куќа на славните ќе се одржи во Њупорт од 21 до 23 август следната година.
Петкратната грен слем победничка, руската тенисерка Марија Шарапова и сопствениците на бројни рекорди во игра на парови, американските близнаци Боб и Мајк Брајан, во 2025 година ќе бидат примени во Меѓународната тениска куќа на славните, која се наоѓа во Њупорт, во американската сојузна држава Род Ајленд.
Во текот на својата речиси 20-годишна кариера, Шарапова се приклучи на ексклузивното друштво од десет тенисерки кои успеаја да освојат индивидуални титули на сите четири Грен слем турнири, а пет пати се искачи и на врвот на поединечната ВТА ранг-листа.
Браќата Брајан освоија рекордни 16 грен слем титули во конкуренција на парови и се најуспешниот тениски тандем во историјата со вкупно 119 заеднички трофеи. Рекордни 438 недели беа на врвот на АТП ранг-листата, а десет пати беа најдобар машки пар на крајот на годината.
Церемонијата на прием во Меѓународната тениска куќа на славните ќе се одржи во Њупорт од 21 до 23 август следната година, со специјална програма и хуманитарен турнир на кој ќе настапат легенди кои веќе влегле во рангот на тениските бесмртници.