тенис

Ѓоковиќ заработил најмногу пари во тенискиот свет во 2023 година

Новак Ѓоковиќ има заработено најголема сума на пари во светот на тенисот во оваа 2023 година.

Според информациите кои ги објави „Еуроспорт“, Ѓоковиќ во досегашниот тек на оваа календарска година има „грабнато“ 38,4 милиони долари. Тоа се пари од турнири и спонзори со што е далеку пред колегите, но и пред колешките.

Втората позиција е резервирана за големиот шпански талент, Карлос Алкарас чија што сметка е побогата за 31,4 милиони долари.

На третото место е најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек со 22.4 милиони долари, а во првата петка се уште Данил Медведев (20,1 милиони долари), но и Рафаел Надал (15,5 милиони долари) иако тој не е активен од Австралија Опен.

Во Топ 10 се Ема Радукану (15,3), Коко Гоф (15,2), Каспер Руд (14,4), Наоми Осака (12,1) и Џесика Пегула (10,9).


Алкараз жртва на голема Интернет-измама

Првиот тенисер во светот, Карлос Алкараз, мораше да се огласи на Инстаграм поради големата лага која е направена на социјалните мрежи.

Шпанецот има армија фанови зад него, а бројот на следбеници на Инстаграм достигла цифра од скоро четири милиони, а добива и нагорна линија за уште повеќе.

Поединци се обиделе да ја искористат популарноста на Алкараз и да организираат состанок и запознавање со шампионот на Вимблдон.

Едноставно сакале да направат пари од неговиот успех, претставувајки се како Карлос Алкараз поради што овој 20 годишен тенисер мораше да реагира со официјално објаснување.

„Дадено ми е до знаење дека има поединци кои лажно се претставувале во мое име и им нуделе на навивачите можност да ме запознаат лично доколку тоа биде платено. Мојот тим и јас не стоиме зад ова, ниту учествувам на вакви состаноци. Моите навивачи се најдобри и тажен сум што поединци се обидуваат да ме искористат преку социјалните мрежи“, напиша Алкараз.


Ѓоковиќ: Мислам дека вистинска одлука е да го прескокнам Торонто

Новак Ѓоковиќ го откажа настапот на овогодинешното издание на Мастерс 1000 АТП турнирот во Торонто, кој ќе се игра од 7 до 13 август, а како причина го наведе заморот. Последниот настап на Ѓоковиќ беше на Вимблдон, каде пред осум дена го загуби финалето од Карлос Алкараз, а претходно играше и на Ролан Гарос во Париз, каде ја освои титулата на 11 јуни.

„Отсекогаш уживав во Канада, но откако разговаравме со мојот тим, решивме дека е вистинската одлука да го прескокнеме овој турнир“, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ го освои Мастерсот во Торонто во 2007, 2011, 2012 и 2016 година.


Вимблдон му изрече казна на Ѓоковиќ заради нервозните реакции

Новак Ѓоковиќ доби казна од организаторит на Вимблдон затоа што го скрши рекетот за време на финалето против Шпанецот Карлос Алкараз.

Српскиот тенисер ќе мора да плати 6.117 фунти или околу 8.000 евра. За ситуацијата Ѓоковиќ беше опоменат и од судијата.

Ѓоковиќ ги загуби нервите откако Алкараз му одзеде брејк, па со сета сила удри во долниот дел од мрежата.


Ивановски скокна на ВТА листата за 39 места

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски направи скок за уште 39 позиции на најновата ранг листа, објавена денеска.

Сега тој се наоѓа на 331. позиција на АТП листата што е негов убедливо најдобар пласман во кариерата. Напредокот е остварен благодарение на пласманот во четвртфиналето на Челинџерот во Јаши.

Од почетокот на 2023 година, Ивановски скокнал дури 210 позиции и сега е многу блиску до најдобрите 300 во светот.


Алкараз се врати на првото место на АТП листата

Новак Ѓоковиќ го загуби првото место на АТП листата, каде од денеска на врвот се наоѓа младиот Шпанец, Карлос Алкараз, кој има 80 повеќе од српскиот тенисер.

Сепак, Ѓоковиќ може брзо да се врати на врвот, веќе во Лондон, секако ако успее да постигне добар резултат на Вимблдон. Дури и да не ја освои 24-тата Грен Слем титула, по Вимблдон тој може да се врати на тронот.

Карлос Алкарас по освојувањето на титулата на турнирот во Квинс ја презеде лидерската позиција и ќе биде прв носител на третиот Грен слем во сезоната.


Алкараз: Не се подготвив добро за дуелот со Новак

Карлос Алкараз уште еднаш прокоментира што се случи во полуфиналето од Ролан Гарос и проблемите кои ги имаше против Ѓоковиќ.

Момчето од Мурсија на почетокот од третиот сет од дуелот со Новак Ѓоковиќ, почувствува грчеви во целото тело, не сакаше да го предаде мечот, па со болки и грчеви играше до самиот крај.

Сето тоа влијаеше на неговата игра во третиот и четврти сет, па на крајот мораше само да го следи Ѓоковиќ во неговата игра и не успеа да пружи некој поголем отпор.

„Не се подготвив добро за овој меч, за она што ме очекуваше. Премногу бев под стрес, под притисок. По два сета, кои беа доста тешки за мене, ако на тоа се додаде и напнатоста на која бев изложен, се случи тоа што се случи..“, порача Алкараз.

Алкараз пристигна во Лондон, каде евентуално би се борел за титула во Квинс и повторно би станал прв светски рекет на АТП листата.


Ѓоковиќ лесно во втората недела на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос победувајќи го Хуан Пабло Вариљас во три сета. Ѓоковиќ го доби мечот фуриозно со 3:0 во сетови, односно 6-3, 6-2, 6-2.

Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра против Русинот Карен Хачанов, кој во четири сета беше подобар од Лоренцо Сонего.

Ѓоковиќ не остави ништо на случајноста во мечот против Хуан Пабло Вариљас со кого играше за првпат во кариерата. Мечот траеше само 119 минути, а првиот сет го одбележаа двата брзи брејка на Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ продолжи во ист ритам и во следните два сета, но уште поубедливо – на ривалот му дозволи по само два гема и заслужено продолжува понатаму. Српскиот тенисер по седумнаесетти пат во кариерата ќе игра четвртфинале на терените на Роланд Гарос, со што стана рекордер и според овој податок.


Халеп протестира за одложувањата на нејзиниот допинг случај

Романската тенисерка Симона Халеп излезе со протест поради тоа што анти-допинг институциите го спречуваат разрешувањето на нејзиниот случај со допинг и и понатаму и ја блокираат карирата. Минатата недела стана јасно дека Халеп е обвинета за уште едно прекршување на антидопинг правилата, но сослушувањето за случајот никако да се одржи.

Првично рочиштето требаше да се одржи на 28 февруари, но потоа беше одложено за 23 март, а подоцна за 28 мај. Нов датум за сослушување се уште не е објавен.

„Уште сум крајно шокирана и разочарана од начинот на кој ITIA се однесува кон мене. Додека пред три дена ITIA, преку својата претставничка Никол Сапстед, изјави дека е отворена за навремена и ефективна соработка, Трибуналот веќе по третпат го одложи моето сослушување. Јавно кажуваат едно, а потоа постапуваат сосема поинаку. Повеќепати сум барала рочиште, а тие продолжуваат да го презакажуваат“, вели огорчената Халеп.


Надал го пропушта Ролан Гарос и најави пензија во 2024 година

Актуелниот шампион на Ролан Гарос, шпанскиот тенисер Рафаел Надал објави дека нема да настапи на претстојниот Гренд слем турнир во Париз и дека очекува да се пензионира од професионалниот тенис во 2024.година.

„Природата на повредата која ја заработив во Австралија се покажа како посериозна од очекуваното. Во овој момент мојот настап на Ролан Гарос е невозможен. Немам намера да продолжам со игра во наредните неколку месеци. Се надевам дека ќе заиграм за Шпанија во Дејвис купот кој се одржува во септември. Мојот план е наредната година да бидам подготвен 100% и верувам дека 2024 година ќе биде моја последна година во професионалната кариера“, стои во објавата на Надал.