тенис

Данил Медведев е нов светски рекет број еден

Рускиот тенисер Данил Медведев е новиот најдобро рангиран играч во светот. Тој од овој понеделник е на првата позиција од АТП листата со 8615 бодови, 150 повеќе од Србинот, Новак Џоковиќ.

Промената во врвот на светскиот тенис беше очекувана после завршувањето на Австралија Опен, каде досегашниот број еден, Џоковиќ не учествуваше поради добро познатите причини, додека Медведев успеа да стигне до финалето на турнирот.


Рафаел Надал победник на турнирот во Акапулко

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, е победник на АТП турнирот во Акапулко, Мексико. Тој во финалето беше подобар од Британецот Камерон Нори кој го совлада со 2:0, по сетови 6:4, 6:4.

Веднаш по дуелот, Надал не го криеше задоволството од освојувањето на трофејот и ги сподели импресиите од турнирот.

„Акапулко одсекогаш било специјално место за мене. Енергијата која доаѓа од мексиканските фанови е неверојатна. Имав неколку тешки моменти во финалето, но успеав да ги добијам двата сета. Презадоволен сум од победата и оваа титула е многу важна за мене“, изјави Надал.


Рубљов доминантно го освои АТП турнирот во Дубаи

Рускиот тенисер Андреј Рубљов ја освои титулата на АТП титулата од серијата 500 во Дубаи.

Рубљов во големото финале беше подобар од „џелатот“ на Новак Ѓоковиќ, чешкиот рекет Јиржи Весели кого го совлада со 2-0 во сетови со 6-3 и 6-4. Во првиот сет видовме само еден брејк, додекаво вториот имаше поголема борба, прв удар зададе Андреј, потоа возврати Весели за да на крајот фаворитот го има последниот збор и со вториот одземе сервис на ривалот се доведе до ситуација која потоа ја круниса за 10 АТП титула.


Надал го надигра Медведев во полуфиналето во Акапулко

Помалку од еден месец од нивното епско финале на Австралија Опен, шпанскиот тенисер Рафаел Надал втор пат едноподруго беше поуспешен од Русинот Данил Медведев, кој од понеделник ќе го преземе приматот најдобар светски тенисер на АТП листата од Србинот Новак Ѓоковиќ.

Надал во синоќешниот дуел, кој траеше два часа, го совлада Медведев со 6-3, 6-3 и со својата 14 победа во низа избори пласман во финалето на АТП турнирот во Акапулко.

За третиот трофеј сезонава Надал во финалето ќе игра против Британецот Камерон Нори, кој во првото полуфинале на турнирот во Акапулко беше подобар од Гркот Стефанос Циципас со 6-4, 6-4.


Зверев со максимална казна за инцидентот во Акапулко

Германскиот тенисер, Александар Зверев, ја дозна казната која му е изречена од АТП, поради неговото неспортско однесување на турнирот во Акапулко.

Тој после учеството во натпреварот во парови, незадоволен од претходните судиски одлуки, започна да удира со својот рекет по столчето на главниот судија.

Зверев по инцидентот заработи исклучување од турнирот, а од Асоцијата на тениски професионалци (АТП) соопштија дека тенисерот ќе биде казнет со паричен износ во висина од 40 илјади американски долари, како и одземање на освоените бодови од турнирот, што претставува максимална казна за ваков тип на однесување.


Зверев ги загуби нервите, го исфрлија од турнирот (ВИДЕО)

Шокантно однесување на Зверев на денешниот дуел. Тој го шутираше столчето на судијата со рекет заради тоа што сметаше дека топката завршила во аут но  удијата не го послушал.
Се зборува дека организаторите одлучиле да го дисквалификуваат.

https://twitter.com/i/status/1496355375741902856

Италијанецот Музети прв противник на Ѓоковиќ во Дубаи

Новак Ѓоковиќ на стартот на турнирот од серијата 500 во Дубаи ќе игра со Лоренцо Музети од Италија.

Доколку го совлада младиот Италијанец Ѓоковиќ во втората рунда ќе се сретне против подобриот од Карен Хачанов и Алекс де Минор.

Потенцијален противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе биде Роберто Баутиста Агут, а во тој дел од ждребот е и Марин Чилиќ. Ривал во полуфиналето на Ѓоковиж може да биде Феликс-Аже-Алијасим, а младиот Канаѓанец на стартот игра со Николоз Басилашвили. Во тој дел од ждребот се Шаповалов, Штруф, Фуцович…


Ѓоковиќ 360 недели прв на АТП листата

Српскиот тенисер Новак Џоковиќ ја започна 360-та недела како прв тенисер на АТП листата.

Иако Ѓоковиќ нема одигран натпревар во 2022 година, тој и понатаму е со најмногу освоени бода, односно има 10.875. Меѓутоа, Новак веќе на крајот од месецот може да ја изгуби лидерската позиција од Русинот Данил Медведев кој е втор на листата со 9.365 бода.Доколку Медведев го освои АТП турнирот во Мексико тогаш тој со сигурност ќе успее да го преземе првото место.


Ѓоковиќ го губи првото место на АТП листата?

Новак Ѓоковиќ како што стојат работите во следниот период би можел да го изгуби првото место на АТП листата и главна причина затоа ќе биде што одбива да се вакцинира.

Ѓоковиќ првиот настап во 2022 година ќе го има на турнирот во Дубаи. Но, потоа во еден месец Новак ќе ги пропушти двата мастерс турнири во САД, Индијан Велс и Мајами. Правилата таму се исти како во Австралија и тоа значи дека невакцинирани нема да можат да настапат.

Иста е ситуацијата и со првиот мастерс во Европа кој ќе се игра во април во Монте Карло.

Според сегашните мреки и правила тоа што не е вакциниран е голем проблем за Ѓоковиќ. Најблиску до Ѓоковиќ е Данил Медведев и во зависност од неговите резултати на овие турнири може да го симне Ѓоковиќ од тронот.


Опелка и Иснер го одиграа најдолгиот тај-брејк во историјата на АТП турнејата

Американскиот тенисер Рајли Опелка го освои најдолгиот тај-брејк во историјата на АТП турнејата во победата над сонародникот Џон Иснер во полуфиналето на Далас опен.

Опелка забележа тај-брејк победа од 24-22 во вториот сет за да го обезбеди својот четврти триумф по ред над Иснер со резултат 7-6, 7-6. 

Двајцата тенисери на дуелот разменија 60 асови, а Опелка доби 39, во меч кој траеше два часа и три минути.

https://twitter.com/DALOpenTennis/status/1492657371532955648?s=20&t=Vh934PpH3a1AwyNLDkkf2A