тенис

Ѓоковиќ надмоќно до четвртфинале на АО

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, се пласираше во четвртфиналето на грен слем турнирот Австралија опен, совладувајќи го домашниот играч Алекс де Минор со 3:0 во сетови.

За пласман во наредната рунда од турнирот, на Ѓоковиќ му беа потребни само два часа игра на „Род Лејвер“ арената.

„Мислам дека првите четири-пет гема беа многу тесни. Имаше само еден брејк во првиот сет. После брејкот почнав да се чувствувам послободен и опуштен, и започнав да играм поагресивно. Почуствував дека Алекс е нервозен на крајот од првиот и почетокот од вториот сет, и тоа беше прилика да ги искористам своите шанси“, изјави Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето од турнирот во Мелбурн ќе игра против петтиот носител, Русинот Андреј Рубљев.


Швјонтек елиминирана уште во осминафиналето во Мелбурн

Полската тенисерка Ига Швјонтек која беше прв носителка и убедливо главна фаворитка за титулата на Австралијан опен настапот на турнирот го заврши во четвртото коло.

Швјонтек беше надиграна од 22-ро рангираната Елена Рибакина од Казахстан со 4-6, 4-6, и ова е најголемо изненадување на турнирот досега.



Рибакина која е Русинка, но зеде казахстанско државјанство поради
поголемата финансиска помош од државата, минатата сезона како го
освои Вимблдон.




Кирјос го откажа настапот на Австралија опен заради повреда

Австралискиот тенисер Ник Кирјос денеска соопшто дека се
повлекува од настапите на Австралија опен поради повреда на
коленото.
„Ова е еден од најважните турнири во мојата кариера и воопшто
не беше лесно да се донесам одлука за повлекување“, изјави 27-
годишниот Кирјос на прес-конференцијата.
„Целосно сум уништен. Лош тајминг, но тоа е животот. Повредите
се дел од спортот. Не се сомневам дека ќе се вратам уште
посилен“, додаде тој.
Кирјос во првото коло требаше да игра против Русинот Роман
Сафиулин, а во ждрепката ќе биде заменет со Американецот
Денис Кудла.


Ѓоковиќ ќе спаринува со Кирјос пред Австралија опен

Новак Ѓоковиќ ќе одигра меч со Ник Кирјос пред почетокот на
Австралијан опен, а тоа беше потврдено и од самиот организатор.
Во петок, 13 јануари, тие двајца ќе настапат на „Род Лејвер арената“, а
картата е за влез е 20 австралиски долари, додека цел приход ќе биде
дониран во хуманитарни цели. Ѓоковиќ и Кирјос ќе го одиграат
првиот меѓусебен дуел по големото финале на Вимблдон, кога
Србинот освои уште една гренслем-титула.
Србинот ја брка 10-та титула на Австралијан опен, а притоа го закажа
и првиот тренинг во Мелбурн против Данил Медведев кој го совлада
пред неколку дена во Аделаида.


Алкараз го откажа настапот на Австралија Опен, Ѓоковиќ може да се врати на врвот

Spain’s Carlos Alcaraz celebrates winning against Spain’s Albert Ramos-Vinolas in five sets, 6-1, 6-7 (7-9), 5-7, 7-6 (7-2), 6-4, during their second round match at the French Open tennis tournament in Roland Garros stadium in Paris, France, Wednesday, May 25, 2022. (AP Photo/Jean-Francois Badias)

Првиот тенисер на АТП ранг-листата, Карлос Алкарас го откажа
настапот на Австралија опен поради повреда, а од неговото неиграње
најголема корист може да има Новак Ѓоковиќ.
Новак по непријатната одисеија минатата година кога беше
депортиран од Австралија, годинава ќе учествува на гренд слем
турнирот што се игра во Мелбурн и е прв фаворит за триумф, а
неиграњето на Алкарас може да му ја олесни работата.
Србинот има девет триумфи во Мелбурн, и иако се наоѓа на петтото
место на АТП ранг-листата со помалку од 2.000 бодови од Алкарас, е
главен фаворит за триумф и доколку по десетти пат го крене
шампионскиот пехар, ќе се врати на првото на ранг листата.
Триумф на еден од четирите гренд слем турнири носи 2.000 поени, и
во случај Каспер Руд не направи добар резултат, односно не дојде до
полуфинале, тогаш Новак со триумф ќе се врати на првото место на
АТП ранг-листата бидејќи не брани ниту еден поен од минатата
година.


Руските и белоруските тенисери ќе можат да учествуваат на Австралија опен

Тениската федерација на Австралија, потврди дека тенисерите од Русија и Белорусија ќе учествуваат на овогодинешниот гренд слем турнир Австралија опен.

Во соопштението на федерацијата се наведува дека останува на сила одлуката со која им се дозволува настап на тенисерите од овие две земји, и покрај барањата од меѓународните спортски федерации за забрана на нивните настапи.

Меѓународниот олимписки комитет во февруари минатата година им предложи на спортските федерации да не дозволат учество на претставници од Русија и Белорусија на меѓународните натпреварувања поради војната во Украина.

Австралија опен ќе се одржува од 16. до 29.јануари во Мелбурн.


Рекорден награден фонд на Австралија Опен

Директорот на тенискиот гренд слем турнир Австралија опен, објави дека вкупниот награден фонд оваа година ќе изнесува рекордни 76,5 милиони австралиски долари.

Наградниот фонд е зголемен за 3,4 % во однос на претходниот турнир. Победниците во машки и женски сингл на Австралија опен 2023 година ќе освојат по 2,9 милиони австралиски долари.

На турнирот се зголемува и наградниот фонд за секое коло од квалификациите па се до финалето. Посебно се зголемува наградниот фонд за првото коло на турнирот.

Австралија опен ќе биде одржан од 16.до 29. јануари во Мелбурн, а титулата ја брани Рафаел Надал.


Австралија опен го зголеми наградниот фонд за следното издание

Првиот календарски грен – слем турнир Австралија опен ќе им
понуди на тенисерите рекордно висок награден фонд во износ од 76.5
милиони австралиски долари (48.5 милиони евра).
Организаторите на првиот од четирите сезонски грен – слем турнири,
кој ќе стартува на 16 јануари, соопштија дека наградниот фонд на
Австралија опен 2023 е зголемен за 3,4% во однос на годинешното
издание.
Победниците во машка и женска конкуренција ќе инкасираат по 1.886
милиони евра, а само пласманот во првото коло на тенисерите ќе им
донесе заработка од 67.384 евра.

На Австралија опен го зголемивме наградниот фонд за секое коло,
особено за првото, изјави директорот на Австралија опен, Грег Тили.


Доминик Тим доби вајлд-карта за Австралија опен

Поранешниот трет тенисер во светот и освојувач на Ју Ес опен 2020 Доминик Тим со специјалната покана од организаторите ќе настапи на првиот календарски грен – слем турнир Австралија опен во Мелбурн. Австрискиот тенисер поради повреда не настапи на последното издание на Австралија опен, додека во 2020. во Мелбурн парк играше во финалето во кое загуби од Србинот Новак Ѓоковиќ во пет сетови.

Како последица на повредата Тием лани испадна од Топ 300, но во втората половина од годината победи на 22 од последните 33 натпревари и се врати меѓу најдобрите 100. Тием во моментов е на 102. место на АТП листата.

Квалификациите за првиот голем турнир во 2023 година почнуваат на 11 јануари, а главната фаза пет денови подоцна.


Ѓоковиќ: Никогаш нема да заборавам што ми се случуваше во Австралија

Новак Ѓоковиќ ќе настапи во Австралија на првиот гренслем турнир во сезоната. Настапот на Ѓоковиќ привлекува посебно внимание поради се што му се случуваше во Австралија минатата сезона поради ковид рестрикциите.

Минатата година Ѓоковиќ помина неколку дена во Австралија каде што му се случуваа разни работи, а на крајот беше депортиран.

„Нема да ги заборавам никогаш тие настани, секогаш ќе останат длабоко во мене. Мислам дека никој човек не би можел да ги заборави. Претходно не сум се соочил со такво искуство, се надевам нема да имам повторно. Депортацијата не ја заборавив, но сепак ја сакам Австралија“, изјави Ѓоковиќ.