тенис

Шпанецот Алкараз го освои турнирот на идните генерации

Карлос Алкараз го почна турнирот така што камерата го сними како спие на теренот наместо да тренира, но сепак на крајот го освои трофејот.

Еден од најталентираните шпански тенисери, кој го споредуваат со Новак Ѓоковиќ по стилот на игра, го освои турнирот на новата генерација во Милано. Алкараз во финалето беше подобар од американскиот претставник Себастијан Корде по еден ипол час битка со 4-3, 4-2 и 4-2, па така докажа дека ќе има одлична кариера.

Шпанецот е роден на 5 мај 2003 година, а тренира на академијата „Рафаел Надал“ на Мајорка, додека тренер му е легендарниот тенисер Хуан Карлос Фереро.


Роџер Федерер го пропушта Австралија опен

Поранешниот светски рекет број еден, Роџер Федерер, нема да учествува на Австралија опен, бидејќи се уште се опоравува од повредата, открива неговиот тренер Иван Љубичиќ. Според него, Федерер е решен да се врати на тениските терени следната година.

Швајцарецот е надвор од тенисот од неговиот пораз во четвртфиналето на Вимблдон оваа година, после што имаше операција на коленото.

„Мислам дека Австралија не е остварлива цел во моментов. Шансите се многу мали, тој се уште се опоравува но добро го познавам и знам дека ќе сака да биде 100 проценти подготвен пред да се врати на теренот“, изјави Хрватот Љубичиќ.



Луда прослава на Новак Џоковиќ по победата на Србија над Португалија (Видео)

Фудбалската репрезентација на Србија обезбеди директно учество на Светското првенство во Катар 2022. Популарните „орли“ направија изненадување и ја победијата фаворизираната Португалија на сред Лисабон со резултат 1:2. Голот за победа на Србија го постигна Александар Митровиќ во 90.минута. 

Натпреварот во својата хотелска соба го следеше и најдобриот светски тенисер, Новак Џоковиќ, кој на крајот од средбата „полуде“ од среќа. Неговото славење Новак го објави на социјалните мрежи.


Џоковиќ: Имам сличен карактер како Ибрахимовиќ

Најдобриот тенисер на светот, Новак Џоковиќ, истакна дека во некои свои карактерни особини наликува на Златан Ибрахимовиќ кој според него е симбол на балканскиот менталитет.

Џоковиќ оваа изјава ја даде за италијанската Газета дело Спорт пред неговото заминување во Торино на завршниот мастерс турнир за оваа година.

„Ми се допаѓа неговата филозофија – колку сум постар, толку помлад се чувствувам. Златан е симбол на балканскиот менталитет. Тој никогаш не се предава и има голема самодоверба. Двајцата имаме шампионски менталитет“, се вели во изјавата на Џоковиќ.

Турнирот во Торино започнува на 14. ноември и е завршен мастерс на годината.


Новак Џоковиќ ја освои рекордната 37-ма Мастерс титула

Српскиот тенисер Новак Џоковиќ е победник на турнирот од Мастерс серијата кој се одржа во Париз, победувајќи го во финалето Русинот Данил Медведев со 2:1 во сетови.

Со освоениот трофеј во Париз, Џоковиќ сега има рекордни 37 победи на турнирите од Мастерс серијата со што го надмина Рафаел Надал кој остана на 36 освоени титули.

Со самиот пласман во финалето на парискиот турнир, Новак Џоковиќ ја заврши годината на првото место од АТП листата по рекорден 7-ми пат, еден повеќе од легендарниот Пит Сампрас.


Првпат Норвежанец се избор за место на завршниот Мастерс

Каспер Руд стана првиот Норвежанец во историјата, кој обезбеди место на завршниот АТП турнир закажан во Торино од 14. до 21 овој месец.

Руд обезбеди настап на завршниот турнир на кој традиционално учествуваат осумте најдобри тенисери и двојки со победата во осминафиналето на Мастерсот од серијата 1000 во Париз против Американецот Маркос Гирон со 6-2, 6-1.

Руд оваа година освои пет турнири, идентично како и Германецот Александер Зверев и со тоа двајцата тенисери се најуспешни на АТП турнирите оваа сезона.


Американките први обезбедија полуфинале на „Били Џин Кинг куп“

Тенисерките на САД ги добија двата сингл меча против Шпанија во групата Ц и обезбедија пласман во полуфиналето на тенискиот турнир – „Били Џин Кинг куп“.

Слоун Стивенс со 6-4, 6-4  ја совлада Нурија Парисас-Дијаз додека Даниел Колинс ја загарантира втората победа на САД откако за само еден час ја совлада Сара Сорибес Тормо со 6-1, 6-0. Сега Американките ги чека пресметката со селекцијата на Русија која ја победи Франција.

„Мислам дека во сегашниов формат, секој дуел, секој сет е значаен и влијае на пласманот. Јас и Слоун бевме мотивирани, самоуверени и знаевме дека сме подготвени за победа“, изјави Даниел Колинс.


Надал најави враќање на терените пред Австралија Опен

Рафаел Надал, кој пропушти голем дел од оваа сезона поради операција на стапалото, тренира напорно и уверен е дека подготвено ќе го дочека настапот на Австралија Опен идната година.

Мојот план е да играм во Абу Даби во текот на декември. Потоа сакам да одиграм турнир во јануари пред Австраlија Опен и подготвен да ги дочекам настапите во Мелбурн. Напорно работам сето тоа и да се случи, изјави Надал, кој како и Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер има освоено 20 грен-слем титули во кариерата.

Во моментов тренирам по час и половина. Тоа е навистина добро. Има и подобри и полоши денови, но согледувам сè повеќе позитивни, отколку негативни работи, додаде шпанскиот тенисер.


Ѓоковиќ „турна“ уште еден рекорд на Федерер

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, собори уште еден рекорд на Швајцарецот, Роџер Федерер. Имено, Ѓоковиќ со победата над Мартон Фучович во второто коло од Мастерсот во Париз стана нов рекордер по број на победи од првата позиција на АТП листата.

За српскиот тенисер ова беше 418 победа во кариерата од местото најдобар тенисер во светот, додека Роџер Федерер има забележано 417 победи.


Рафаел Надал најави враќање на терените во декември

Рафаел Надал, кој поради повреда на стапалото е надвор од тениските терени од поразот во полуфиналето на Ролан Гарос, во понеделникот изјави дека планира да им се врати на настапите во декември и тоа на турнирот во Абу Даби. Целта е што подобро да се припреми за учество на Австралија Опен кој се одржува во јануари.

„Имам намера во декември да играм во Абу Даби , а потоа и на Австралија опен. Тоа е мојата цел. Работиме напорно со мојот тим за да го спроведеме овој план“, изјави Шпанецот за време на промотивен настан во Париз. 

Надал го има освоено Австралија опен само еднаш и тоа во далечната 2009 година, а ги загуби финалињата во 2012,2014,2017 и 2019 година.