тенис

Ѓоковиќ ќе настапи во Париз

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, по долгата пауза која ја имаше реши да настапи на мастерсот во Париз.

Тој во Париз тренира заедно со Русинот, Данил Медведев, од кого загуби во финалето на УС Опен. Медведев воедно е и најголем конкурент на Ѓоковиќ за преземање на првото место на АТП листата.

Данил Медведев со пост на Твитер ја одбележа неговата средба и тренинг со Новак Ѓоковиќ.

https://twitter.com/DaniilMedwed/status/1453707572767166466?s=20



Само вакцинирани тенисери ќе играат на Австралија Опен

Сите тенисери кои сакаат да добијат виза за учество на Австралија опен на почетокот на следната година, мора да бидат целосно вакцинирани. Ова денеска го објави австралискиот министер за имиграција, Алекс Хок.

Новак Ѓоковиќ, кој е актуелен шампион на Австралија опен, досега одбиваше да открие дали е вакциниран, и рече дека не е сигурен дека ќе ја брани титулата во Мелбурн.

„На сите спортисти им се потребни две дози вакцина ако сакаат да ја посетат Австралија. Ова не се однесува само за тенисерите, туку и за секој странец кој сака да дојде”, изјави Хок за австралиското радио.

„Немам посебна порака за Новак. Апелирам до сите што сакаат да дојдат во Австралија дека мора да бидат целосно вакцинирани”, додаде министерот.


Нори со шампионска титула во Индијан Велс

Британскиот тенисер, Камерон Нори е овогодишен победник на Мастерс 1000 турнирот во Индијан Велс. 

Нори, ја освои титулата соовладувајќи го Николоз Басилашвили од Грузија, со 2:1 во сетови, откако направи одличен пресврт на натпреварот. Басилашвили го доби првиот сет со 6: 3, но ги загуби другите два со 6: 4 и 6: 1 и трофејот отиде во рацете на Британецот Нори.

Ова е прва Мастерс титула во кариерата за Камерон Нори, со која освои нови илјада поени на АТП листата и чек од 1.209.703 УСД.


Финале со дебитанти на Индијан Велс

Во финалето на овогодинешниот тениски Мастерс турнир кој се одржува во Индијан Велс, ќе се борат британскиот тенисер Камерон Нори и Грузиецот Николоз Басилашвили. За двата тенисери ова ќе биде прво финале во Мастерс серијата.

Басилашвили за влез во финалето се избори со победа над Тејлор Фриц , додека Нори во полуфиналето го совлада тенисерот од Бугарија, Григор Димитров.


Викторија Азаренка и Паула Бадоса во битка за титула на Индијан Велс

Белорусинката Викторија Азаренка и Паула Бадоса од Шпанија, ќе играат во финалето на турнирот во Индијан Велс. 

Викторија Азаренка, која е двократна шампионка на турнирот, во финалето се пласираше по победата над украинката Јелена Остапенко, додека Паула Бадоса обезбеди финален натпревар, преку победа над тенисерката од Тунис, Онс Жабер.


Надал: Не знам кога, но ќе се вратам само кога целосно ќе закрепнам

Рафаел Надал, се надева дека брзо ќе ги реши проблемите со стапалото и дека ќе се врати во натпреварувачки ритам.

„Сакам целосно да закрепнам. Не знам кога повторно ќе играм. Работам напорно секој ден. Очекувам се да биде позитивно и повторно да се натпреварувам. Работам напорно за да играм на врвно ниво“, потенцираше Надал.


Федерер испаѓа од листата топ 10

Роџер Федерер кој во моментот е деветти тенисер во светот, го загуби местото од Каспер Руд. Норвежанецот ќе го престигне Федерер на најновата АТП листа благодарение на добриот резултат на турнирот во Индијан Велс.

До завршетокот на Индијан Велс, Роџер Федерер со сигурност ќе испадне од топ 10 најдобри тенисери по АТП рангирањето . Шаповалов, Хуркач, Шварцман, Гарин, Карењо Буста и Гаел Монфилс се тенисерите кои можат да го отстранат Федерер од топ 10 овој месец.


Надал го очекуваат уште успешни сезони

Рафаел Надал сеуште се мачи со повредите на стапалото, поради што пропушти голем број натпревари оваа сезона.

После настапот на Ролан Гарос тој ги пропушти Вимблдон, Олимписките игри, Торонто, Монтреал, УС Опен, а го откажа и Индиан Велс.

Неодамна е виден како се движи со помош на патерици но иако ситуацијата не изгледа баш најдобро, неговиот стрико и негов бивш тренер, Тони Надал, е уверен дека Рафа го чекаат уште неколку успешни сезони.

“Мислам дека ќе се опорави, Јас сум оптимист и верувам дека 2022 година ќе биде успешна за него. Се надевам дека Рафа ќе има уѓте две или три добри сезони“, изјавува Тони Надал.

Останува да се види дали ќе се остварат овие очекувања на Тони Надал.


Надал постави нов рекорд: 6.000 дена во ТОП 10 на АТП листата

20-кратниот освојувач на Грен Слем трофеи, Шпанецот Рафаел Надал стана првиот тенисер во светот кој успеа да помине 6.000 дена по ред во ТОП 10 на АТП листата.

Шпанецот за првпат влезе меѓу најдобрите десет светски рекети во машко конкуренција на 25 април 2005 година и оттогаш не излезе од најдобрата „десетка“.


Ѓоковиќ го откажа учеството на Мастерсот во Индијан Велс

Светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ го откажа учеството на турнирот од Мастерс серијата во Индијан Велс кој е на програмата следниот месец, соопштија организаторите.

“Многу ми е жал што нема да можам да ги видам моите обожаватели во Индијан Велс и да играм во пустината, едно од моите омилени места. Се надевам дека ќе се видиме следната година!”, изјавил Ѓоковиќ.

34-годишниот Србин кој загуби од Русинот Даниел Медведев во финалето на УС Опен и ќе биде уште една sвезда која се повлекува од турнирот по шампионката од 2018 година, Наоми Осака, женскиот светски рекет број еден Ешли Барти и поранешната најдобра светска тенисерка, Серена Вилијамс.