тенис

Надал го откажа учеството на Мастерсот во Синсинати

Рафаел Надал го вклучи алармот со последната одлука која ја донесе ова попладне, бидејќи неполн ден по откажувањето на настапот во Торонто, шпанскиот тенисер се откажа и од следниот голем турнир кој е на програмата.

Надал има проблеми со стапалото поради кои ги пропушти Вимблдон и Олимписките игри, па и покрај тоа што велеше дека ситуацијата е подобра по првата победа во Вашингтон, очигледно е дека неговата состојба не е идеална.

Пред новиот дуел со Херис, Надал вчера се повлече и истакна дека поради болки во стапалото нема да излезе на теренот во Канада, а денеска со официјално соопштение излегоа и организаторите на Синсинати.


Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Синсинати

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ објави дека нема да игра на Мастерсот во Синсинати следната недела. Србинот таму требаше да ја брани титулата.

Ми треба малку повеќе време за да закрепнам и да се одморам од тешко патување од Австралија до Токио. Сега ќе се фокусирам на УС Опен и ќе поминам малку повеќе време со моето семејство, соопшти Ѓоковиќ.

Оваа година, Србинот победи на првите три Грен слем турнири. Во Њујорк, тој може да стане првиот тенисер од 1969 година што формирал календарски Грен слем.


Лина Ѓорческа со одлука, ќе игра во белгиски Коксијд

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа го потврди учеството на еден од ИТФ-фјучрс турнирите кој ќе се одржи во Коксијд, Белгија на стартот во август.
Таа на овој турнир ќе настапи како осма носителка.
Моментално Македонската тенисерка се наоѓа на 339. позиција на ВТА-листата.


Надал: Не можам да разбирам некој како Новак да се однесува така нервозно

Рафаел Надал вели дека Новак Ѓоковиќ има натпреварувачки дух, но треба да избегнува ситуации како таа со фрлањето на рекетот во мечот против Пабло Карно-Буста во мечот за бронзен медал на Олимписките игри.

По изгубениот поен, Ѓоковиќ високо на трибини го фрли рекетот, а потоа во истиот сет го скрши и вториот рекет поради нервоза.

„За среќа, никој немаше на трибини и немаше последици, такви работи се случуваат од време на време. Важно за нас е да избегнуваме такви ситуации. Ѓоковиќ е пример за многу деца, тој е најдобар тенисер во светот. Чудно е некој успешен да прави такви работи“, вели Надал.

Надал повтори дека е многу среќен поради успехот на неговиот сонародник Карено-Буста.


Зверев освои олимписко злато, Хачанов нерамноправен во финалето

Александер Зверев е новиот олимписки тениски шампион. Тој сосема заслужено се закити со златниот медал, откако во финалето го победи Карен Хачанов со 2-0.

Мечот траеше еден час и 21 минута, а Германецот успеа да дојде до најсјајното одличје и не му остави простор за надеж на Русинот. За Зверев ова е најголемиот успех во кариерата, бидејќи досега има само едно Грен слем финале.


Ѓоковиќ: Ќе биде многу тешко да го освојам златото во Токио

„Знам дека сите очекуваат да освојам златен медал во Токио“, изјави српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, пред отворањето на Игрите во Јапонија. Првиот светски рекет на АТП листата го очекува меч со Уго Далијан од Боливија (139 АТП).

„Одам ден по ден, фокусиран сум на новиот ривал. Не знам многу за него, но, кога имаш противник послабо рангиран од тебе, тогаш тој нема што да загуби“, вели Ѓоковиќ.

Тенисерот од Србија кој по четврти пат ќе биде дел од Олимписките игри, има освоено бронза во Пекинг во 2008 година.


Коко Гоф позитивна на ковид-19, ќе ги пропушти ЛОИ во Токио

Коко Гоф објави дека ќе ги пропушти Олимписките игри во Токио бидејќи е заразена со корона-вирус.

„Разочарана сум што ја споделувам веста дека сум позитивна на ковид-19 и нема да можам да се натпреварувам на Олимписките игри во Токио“, напиша 17-годишната Гоф на социјалната мрежа –„Твитер“.

Тоа значи дека 25-та тенисерка на ВТА листата нема да има можност да дебитира на Олимписките игри во Токио кои започнуваат в петок.


Циципас: Зошто ова правило постои само во тенисот?

Тенисот е единствениот глобален спорт во кој тренерите во текот на натпреварот не смеат да им даваат совети на играчите. На Дејвис Куп натпреварите тоа е дозволено, но на останатите не.

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас смета дека тоа правило е бесмислено и дека тенисот, доколку сака да оди напред, мора да им дозволи на тренерите да им помагаат на своите играчи.

„На тренерите треба да им се дозволи да даваат совети по секој поен. Нашиот спорт тоа треба да го прифати. Веројатно сме единствениот глобален спорт во кој тоа не е дозволено. Направете го тоа легално. Крајно време е да направиме голем исчекор.“ – пишува Циципас.


Канаѓанката Андрееску ќе ги скокне Олимписките игри

Бјанка Андрееску објави дека нема да учествува на Олимписките игри кои ќе се одржат во Токио.

„Уште како девојче сонував да ја претставувам Канада на ОИ, но со сите промени со кои се соочуваме, во длабочината на душата чувствувам дека донесов вистинска одлука“, напиша Андреску на социјалните мрежи.

Таа е последната од големите тениски имиња кои го откажаа својот настап во Токио од најразлични причини. Во оваа група се Надал, Тим, Серена Вилијамс, Халеп…

За Канада на Олимпијадата нема да настапи ниту Денис Шаповалов, полуфиналистот од Вимблдон.


Зошто Ѓоковиќ јаде од тревата кога ќе го освои Вимблдон?

Новак Ѓоковиќ викендов по шести пат во кариерата го освои Вимблдон, откако во финалето во четири сета го совлада Италијанецот Матео Беретини.

По натпреварот го видовме и традиционалниот потег на Новак – секој пат кога ќе го освои Вимблдон, тој јаде од лондонската трева. Така направи и овој пат. Многумина се прашуваат зошто го прави тоа, а Новак своевремено низ смеа кажа дека тоа го прави бидејќи е вегетаријанец. Вистината е дека сакал освојувањето на Вимблдон да го прослави различно од останатите.

„Како дете сонував дека го освојувам Вимблдон и тоа уште тогаш ми беше една од желбите кога ќе победам во финалето. Сакав да направам нешто различно, а не се сетив на некоја пооригинална идеја, па одлучив да јадам малку трева. Многумина ме прашуваат каков е вкусот… Тоа е најдобрата трева на светот.“ – рече Ѓоковиќ, кој со 20. Гренд слем го израмни рекордот кој го држат Роџер Федерер и Рафаел Надал.