Сабаленка се откажа од турнирот во Пекинг поради повреда
Најдобрата светска тенисерка, победничката на УС Опен, Арина Сабаленка, се откажа од турнирот во Пекинг, објави прес-службата на турнирот.
27-годишната Белорусинка се пожали на полесна повреда.
Во 2024 година, на турнирот во кинеската престолнина, Сабаленка стигна до четвртфиналето, каде што загуби од Каролина Мучова (Чешка) со 6:7 (5:7), 6:2, 4:6.
Ѓорческа со победа го отвори турнирот во Куршумлиска бања
Лина Ѓорческа ја продолжи успешната серија откако попладнево во мечот од првото коло на W75 во Куршумлијска Бања забележа нова победа.
Таа ја совлада Ели Шоп од САД со 2-0 во сетови (6-4, 7-6/2) во меч што траеше два часа и 15 минути. Во второто коло македонската тенисерка ќе игра против Анастасија Золотарева.
Денешниот меч со квалификантката Шоп беше изедначен во двата сета. По шест одиграни гема резултатот беше 3-3, а единствениот брејк Ѓорческа го направи во седмиот гем и поведе со 4-3 за сетот да го заврши со 6-4 искористувајќи ја четвртата сет топка.
Во вториот сет Американката направи брејк за водство од 2-0, но македонската тенисерка веднаш го врати загубениот гем на сервис и изедначи на 2-2. Нерешено беше до крајот на сетот, па победничката беше одлучена во тај брејкот. Ѓорческа имаше целосна контрола над гемот и поведе со 6-1 што ѝ донесе нова победа.
Лина Ѓорческа скокна 32 места на ВТА листата
Нашата репрезентативка, Лина Ѓорческа, прогресираше за цели 32 позиции на новата ранг-листата на најдобрите светски тенисерки.
Таа сега го има 207 место благодарение на одличните настапи на турнирите во Романија. Таму прво триумфираше во Слобозија а потоа учествуваше во финалето во Букурешт.
Според најавите, Ѓорческа во наредните денови ќе се фокусира на турнирот во Куршумлијска Бања.
Лина Ѓорческа се пласира во уште едно тениско финале
Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра уште едно финале. Денеска во Букурешт во полуфиналето на ИТФ турнирот, нашата тенисерска славеше во два сета над првата носителка на турнирот, Деспина Папамихаил од Грција.
Во меч кој траеше само час и 21 минута, Ѓорческа го доби првиот сет со 6-2, а во речиси идентичен втор сет, повторно оствари триумф од 6-2.
Во финалето Лина Ѓорческа ќе се сретне со подобрата од дуелот меѓу Тагер (Авс) и Нахимана (Бур).
Организаторите на УС Опен заработија рекордна сума на пари
За три недели, колку што вкупно траеше последниот грен – слем турнир САД Опен заработени се 900 милиони долари што е за 300 милиони повеќе од минатата година.
Организаторот смисли нов начин како да се зголемат приходите, а идеите кои ги имплементира се покажаа како полн погодок.
Приходите од билетите беа астрономски, најевтината чинеше 25 долари, а во големото финале достигна до 25 илјади долари.
Секоја ложа се издаваше за 100 илјади долари дневно, па се проценува дека само од таа ставка, организаторот имал приход од 71 милион долари.
Интересно е тоа што и наградниот фонд оваа година беше зголемен за 20%, а сепак тенисерите добија само 10% од вкупните приходи, односно 90 милиони долари.
Виландер: Синер е шампион, но Алкараз е супер-ѕвзда
Заврши и последниот Грен слем турнир во годината, а аналитичарите прават пресек на случувањата. Карлос Алкараз во финалето го совлада Јаник Синер и стигна до уште една Грен слем титула.
„Синер е голем шампион, но Карлос е супер ѕвезда. Природен е сè смее на теренот, за време на интервју. Кога го гледам тоа момче колку се забавува во животот, тоа ми дава инспирација. Тој е вистински шампион, врвен амбасадор на овој спорт и неверојатно сме среќни што го имаме“, истакна тенискиот експерт и поранешен ас Матс Виландер.
И двајцата тенисери годинава ја завршија со по два освоени Грен слем турнира, Алкараз (Ролан Гарос и УС опен), Синер (Австралија опен и Вимблдон). /
Лина Ѓорческа со голем пресврт до титула во Романија!
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, уште еднаш ја покажа својата класа и ментална цврстина.
Во спектакуларно финале на силниот ИТФ турнир во Слобозија, Романија, таа со голем пресврт успеа да ја совлада домашната тенисерка, Елена Руксандра Бертеа, со 2:1 во сетови (3:6, 6:3, 6:4) и да стигне до својата втора титула оваа сезона.
Со оваа победа, Ѓорческа ќе се искачи помеѓу 250-те најдобри тенисерки на светот.
Веќе следната недела, таа ќе настапи на уште посилен турнир од категоријата W75, каде што со добар резултат ќе има шанса да се доближи до топ 200, што ќе ѝ обезбеди место во квалификациите за најголемите Грен слем турнири.
Сабаленка го одбрани трофејот на УС Опен
Најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка успеа да ја одбрани титулата на УС Опен откако во финалето ја совлада Американката Аманда Анисимова.
Таа беше подобра во два сета со 2-0 (6-3 и 7-6/3) за да ја освои првата Грен слем титула во 2025 година или вкупно четврта во кариерата. За нејзината ривалка Анисимова ова беше второ Грен слем финале во 2025 година и повторно е поразена.
На почетокот на мечот тенисерката од Белорусија Сабаленка имаше контрола и го доби воведниот сет со 6:3 во гемови. Со таквата игра продолжи и во вториот сет. Во два наврати имаше предност, но Американката успеваше да стигне до изедначување, па сетот беше решен во тај брејк. Сабаленка ја потврди доминацијата и го доби тај брејкот со 7:3 на поени и притоа има изгубено само еден тај брејк во 2025 година од 22 одиграни.
Вечерва во Њујорк се игра машкото финале меѓу Јаник Синер и Карлос Алкараз, а почетокот е во 20 часот по македонско време.
Сабаленка и Анисимова во финалето на УС Опен
Белоруската тенисерка број еден во светот, Арина Сабаленка и Американката Аманда Анисимова (ВТА-9) ќе играат во финалето на грен слем турнирот во Њујорк.
Сабаленка избори финале на УС Опен, откако синоќа јапобеди четвртата тенисерка во светот Џесика Пегула од САД во три сета, со 4-6, 6-3, 6-4.
Дуелот траеше два часа и седум минути.
Сабаленка, која ја брани титулата на УС Опен која ја освои минатата година со победа над Пегула, ќе игра во финалето против Анисимова, која во полуфиналето ја победи Јапонката Наоми Осака (ВТА – 24) со 6-7, 7-6, 6-3 во дуел што траеше два часа и 58 минути.
Ова е второ грен слем финале за Анисимова, откако годинава играше и во финалето на Вимблдон, додека Сабаленка трета година по ред дојде до финалето во Њујорк.
По осум години Медведев се раздели со тренерот Сервара
Крај на својата осумгодишна соработка, објавија денеска Данил Медведев и неговиот тренер Жил Сервара, само неколку денови по инцидентот што рускиот тенисер го предизвика во првото коло на УС Опен.
Медведев загуби со 3-6, 5-7, 7-6(5), 6-0, 4-6 од Бенџамин Бонзи во натпревар во кој 29-годишниот Русин го вербално нападна судијата и го искрши својот рекет по дуелот.
Сервара, кој беше прогласен за тренер на годината во 2019 година, му помогна на Медведев да освои 20 титули, вклучувајќи го и Отвореното првенство на САД во 2021 година, како и АТП финалето во 2020 година.
„Ти благодарам што ме водеше низ сите овие години и ќе видиме што ни носи животот во иднина“, напиша Медведев на социјалните мрежи.
Одлуката за прекин на соработката дојде по слабите настапи на грен слем турнирите оваа година, на кои Медведев загуби во првото коло на три од четирите главни турнири и во второто коло на третиот.
Сервара, од своја страна, истакна уживал во работата со Русинот – „дури и кога било тешко“.
„Данил, нашата фантастична осумгодишна авантура заедно завршува. Како симболичен животен потрес, по ова Отворено првенство на САД ја завршуваме нашата соработка. Ќе ја имам предвид твојата неконвенционална магија како играч, што е твојата сила. Повторно ќе се вратиш во својата форма, сигурен сум во тоа“, порача Сервара.