тенис

Женското финале на УС Опен ги собори сите рекорди на гледаност

Финалето на Австралија опен меѓу Ешли Барти и Даниел Колинс (6-3, 7-6) го собори рекордот по гледаност на телевизија во Австралија.

Според австралискиот весник, бројот на гледачи на вчерашното женско финале изнесувал 4,261 милиони, а националниот просек бил 3,577 милиони.

Дуелот кој е најгледан во историјата на Грен слемот во Мелбурн, ја следеа нешто повеќе од три милиони гледачи од пет поголеми градови во Австралија. Во исто време, просечната публика на доделувањето на наградите (2,838 милиони) меѓу гледачите беше поголема од онаа на самиот натпревар.

Рекорден рејтинг имаше и завршната средба во машки двојки меѓу австралиските тенисери Ник Кирјос и Танаси Кокинакис и нивните сонародници Метју Ебден и Макс Персел (7-5, 6-4).

Според „Nine“, публиката на овој меч била 3,154 милиони, со национален просек од 2,297 милиони. Ова се највисоките бројки за финале во машки двојки во историјата.

Да потсетиме дека денес, 30 јануари со почеток во 9:30 часот, ќе се одигра машкото финале на Австралија опен, во кое ќе играат Русинот Даниил Медведев и Шпанецот Рафаел Надал


Рафаел Надал и Данил Медведев ќе се сретнат во финалето на Австралија опен

Шпанецот го победи Матео Беретини и ќе игра за рекордна 21. Гренд слем титула во кариерата против Данил Медведев, кој го победи Стефанос Циципас во четири сета.

Рафаел Надал стигна до само еден натпревар од рекордната 21. Гренд слем титула, победувајќи го Матео Беретини од Италија со 3:1 во сетови (6:3, 6:2, 3:6, 6:3).

Шестиот носител на турнирот, Надал ќе се соочи со носителот број 2, Данил Медведев кој го совлада Гркот,Стефанос Циципас со 3:1, по гемови 7:6,4:6, 6:4, 6:1.


Додиг и Младеновиќ победници во мешани двојки на Австралија опен

Петтите носители Иван Додиг (Хрватска) и Кристина Младеновиќ (Франција) ја освоија титулата во мешани двојки на Австралија Опен.

Во битката за трофејот победија против претставниците на домаќините Џејми Фурлис и Џејсон Кублер со 6-3 и 6-4.

Средбата траеше нешто повеќе од еден час, а победниците не оставија сомнеж во нивната супериорност.


Надал: Целосно сум уништен по победата над Шаповалов

Еден од најдобрите светски тенисери, Рафаел Надал, сеуште е воодушевен од остварената победа во четвртфиналната пресметка против  Денис Шаповалов на Австралија опен.

Шпанецот изгуби предност од два сета и беше на праг од пораз, но успеа да смогне сили и да го добие дуелот, со што се пласира во полуфиналето од турнирот.

„Искрено, не знам како го добив овој натпревар. Јас сум целосно уништен. Имав среќа на почетокот на петтиот сет и тоа ми ја донесе победата. Во првите два сета играв одлично, но потоа имав потешкотии против толку силен противник како Денис. Веќе немам 21 година и добро е што имам време да се одморам после ваков маратон“, изјави Надал.

Тренерот на шпанскиот стручњак,Карлос Моја, откри дека Надал во текот на мечот поради дехидрација изгубил 4 килограми.


Ѓоковиќ потврди дека ќе игра на турнирот во Дубаи

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во јануари остана без тенис по фијаското со добивањето виза за влез и настап на Австралија опен, но сега во јавноста протече кога ќе се врати на терените.

Тој се пријави на АТП турнирот во Дубаи, каде пет пати ја освојувал титулата, беше објавено на социјалните мрежи.

Ноле од 14 до 26 февруари ќе предводи девет од најдобрите 20 играчи. Србинот лани не играше на турнирот, а последен пат го освои пред две години.

Меѓу другите ќе ги видиме и Андреј Рубљев, Феликс Оже-Алијасим, Јаник Синер, Хуберт Хургач, Денис Шаповалов, Роберто Баутиста Агут, Гаел Монфис.


Британците ги менуваат правилата, Ѓоковиќ ќе игра на Вимблдон

Светскиот рекет број 1 во моментов Новак Ѓоковиќ ќе може да ја брани титулата на Вимблдон по информациите кои доаѓаат од Островот. Британската влада најави нови правила за влез во земјата, според кои невакцинираните лица ќе можат да влезат во неа од 11 февруари па натаму.

Секако, треба да се види како понатаму ќе се развива ситуацијата до крајот на јуни, кога на терените на „Ол Ингланд“ клубот започнува третиот Грен слем турнир во сезоната.

Засега Грант Шапс, државниот секретар за транспорт во британскиот парламент најави дека правилата се либерализираат.

„Оние кои ќе дојдат овде ќе мора да направат тест пред да влезат во Англија и два дена по влегувањето во земјата. Сите патници ќе треба да ги пополнат потребните формулари“, рече Шапс, кој смета дека неговата земја ќе биде една од најотворените во Европа поради претходните мерки.


Ѓоковиќ останува на врвот на АТП листата и по Австралијан опен

Novak Djokovic (SRB) during his first round match at the 2021 Nitto ATP Finals in Turin, Italy, on November 15, 2021. Photo by Corinne Dubreuil/ABACAPRESS.COM

Дури и Данил Медведев или Александар Зверев да победат на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ ќе остане прв на светската листа – но само до 21 февруари.

Во образложението на ситуацијата по првиот Гренд слем годинава, се објаснува дека овој турнир се играл подоцна од вообичаено минатата година, дека завршил на 21 февруари, па тој ден тие бодови ќе излезат од компјутерот.

Како и обично, АТП е многу скржав на објаснувања, но може да се претпостави дека Новак би можел да ја одбрани првата позиција на светската листа доколку во меѓувреме реши да игра некои турнири на кои би можел да заработи нови бодови.

Но, со оглед на тоа што во тој период има помали натпреварувања, најмногу серијата 250 и само серијата 500 во Ротердам, не е сигурно дека ќе се одлучи на тој потег. Ѓоковиќ изјави дека нема да дава изјави до крајот на Австралија опен, а дури во иднина ќе бидат познати неговите понатамошни планови.


Ѓоковиќ бара милионска отштета од Австралија

Ѓоковиќ ќе се жали за изгубен приход од парични награди за спортски настап, плаќања за спонзорство, како и морална штета за незаконски притвор и малтретирање.

Точно, сè уште не е сосема јасно на кој суд ќе се обрати спортистот, бидејќи нема толку многу структури во светот што можат да ја повикаат целата држава на одговорност, особено надвор од Европа.

На 5 јануари, Ѓоковиќ беше приведен на аеродромот во Мелбурн поради прекршување на визните прописи и влез во Австралија без вакцинација против ковид. Новак беше сместен во хотел за оние кои чекаат депортација, но четири дена подоцна беше ослободен и му беше дозволено да тренира.

На 14 јануари повторно беше издадена наредба за негова депортација, во врска со фактот дека присуството на ѕвезда антиваксер во земјата се заканува со масовни немири. Обидите на тенисерот да ја оспори оваа одлука на суд беа неуспешни, тој ја напушти Австралија и не можеше да учествува на Грен слемот во Мелбурн.


Ѓоковиќ ќе изгуби 40 милиони евра со неиграњето во Мелбурн

Депортирањето на Новак Ѓоковиќ од Австралија може сериозно да се одрази на бројните спонзорства на најдобриот светски тенисер.

Ѓоковиќ долго време го брендира Лакост, а тоа е неговиот најисплатлив маркетиншки договор, кој неодамна беше обновен. По се што се случи во Мелбурн, компанијата најави дека ќе разговара со српскиот тенисер.

„Што е можно поскоро, ќе го контактираме Новак за да ги разгледаме настаните што го придружуваа неговото присуство во Австралија“, соопштила компанијата „Лакост“, а пренесува Бен Ротенберг.

Лакост му носи на Ѓоковиќ сериозна сума на годишно ниво, а во 2021 година од спонзори инкасирал близу 30 милиони долари, според информациите на Форбс.


Надал победнички го отвори Австралија опен

Рафаел Надал лесно се пласираше во второто коло на Австралија опен, откако на првиот ден на првиот Грен Слем годинава го совлада Американецот Маркос Жирон со 6-1, 6-4, 6-2.

Во моментов шестиот тенисер во светот цели кон рекордната 21. Грен слем титула, а работата уште повеќе му е олеснета откако деветкратниот шампион на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ, вчера беше депортиран од Австралија, откако му беше одбиена жалбата за визниот режим.

На стартот на турнирот, победа и за седмиот носител, Италијанецот Матео Беретини, кој го победи Американецот Брендон Накашима со 4-6, 6-2, 7-6, 6-3. Пласман во следното коло обезбедија и Французинот Гаел Монфис, кој беше подобар од Аргентинецот Федерико Корија и Шпанецот Пабло Карењо, кој славеше против Аргентинецот Томас Мартин Ечевери со 6-1, 6-2, 7-6.