Шпанецот Алкараз сензационално го освои Мастерсот во Мајами
Карлос Алкараз стана изненадувачки освојувач на Мастерсот во Мајами. Во финалето тој вечерва успеа да го победи Каспер Руд од Норвешка, со 7:5, 6:4.
Алкараз, кој на 5 мај наполни 19 години, е трет на листата на најмлади победници на Мастерс турнирите. Помлади од него кога освоиле Мастерс биле само Мајкл Чрнг (Торонто 1990) и Рафаел Надал (Монте Карло 2005).
Алкараз стана и најмладиот шампион на турнирот во Мајами, соборувајќи го рекордот на 19-годишниот Новак Ѓоковиќ (2007).
За Шпанецот ова е втората титула сезонава и трета во кариерата.
Медведев мора на операција, ќе паузира два месеци
Данил Медевдев, инаку вториот рекет во светот, реши да оди на операција, поради која нема да игра можеби два месеци!
Имено, Медведев на своите социјални мрежи сподели информација дека има проблеми со килата и дека ќе мора да се оперира.
„Поздрав до сите. Во последните месеци играв со мала хернија, заедно со мојот тим решивме да заминам на операција за да го решам проблемот. Ќе отсуствувам меѓу еден и два месеци, ќе работам напорно за што поскоро да се вратам на терените“, порача Медведев.
Кирјос казнет со 35 илјади долари
Австралискиот тенисер, Ник Кирјос заработи казна од 35 илјади долари поради непримерното однесување за време на мечот со Јаник Синер во осминафиналето од турнирот во Мајами.
Кирјос на тој дуел го критикуваше судијата и го скрши својот тениски рекет, што беше доволно да заработи казна од АТП.
Неодамна Австралиецот беше казнет со 25 илјади долари и во Индијан Велс, кога после дуелот со Надал исто така го скрши својот рекет.
Беретини надвор од тениските терени поради операција на раката
Италијанскиот тенисер Матео Беретини имаше операција на десната рака откако поради повреда тој се повлече од турнирот во Мајами. Светскот рекет број шест, откри дека оперативниот зафат беше успешен и сега му претстои период на рехабилитација.
„јас и мојот тим имавме разговор со лекарите после моето откажување од турнирот во Мајами поради повредата на десната рака. После неколку скенирања и лекарски проценки, одлучивме дека извршување на мала операција е најдоброто решение за потполно и брзо опоравување. Среќен сум што операцијата е извршена успешно. Ви благодарам на поддршката“, порача Беретини преку Инстаграм пост.
Серена не размислува за пензија, сака уште да игра тенис
Серена Вилијамс, која на времето беше на челната позиција на ВТА листата, не размилува да се повлече во пензија. Таа е убедена дека може уште да покаже на големите собири.
„Нашиот спорт е интензивен, има единаесет месеци натпреварување во една година. Живеам од ден за ден, ништо не планирам за утре“, истакна Вилијамс.
40-ет годишната тенисерка од САД последен пат освои грен слем турнир во 2017 година и тоа на Австралија Опен.
Ѓоковиќ сепак оди на УС Опен??!
Ерик Адамс, првиот човек на градот донесе одлука – се укинува наредбата според која на невакцинирани спортисти им беше забрането да учествуваат на натпревари во тој град!
Таа одлука е донесена пред се поради играчите на њујоршки тимови во различни спортови, но јасно е дека од сето тоа може да има корист Новак Ѓоковиќ, кој под тие услови би можел да се најде на УС Опен.
Но, од друга страна, оваа одлука не му ја отвори докрај вратата на Новак Ѓоковиќ за учество на турнирот во Њујорк, а причината е што се уште е невозможно да се влезе во САД за лица кои не се вакцинирани.
Од таа причина, првиот рекет во светот ги пропушти турнирите во Индијан Велс и Мајами, па Дубаи му беше единствениот турнир досега оваа календарска година. Останува да се види како ќе се разреши сагата со УС Опен, но ова секако е добар почеток за српскиот тенисер.
Доминик Тим потврди дека се враќа на теренот
Австрискиот тенисер, Доминик Тим, конечно се опорави од повредите и потврди дека наредната недела ќе учествува на турнирот во Марбеља, Шпанија.
Моментално 50.играч на светот е надвор од тенискиот терен уште од јуни минатата година, кога во Мајорка го предаде мечот против Манарино.
Тим требаше повторно да заигра на почетокот од февруари, но пред почетокот на турнирот во Кордоба, тој заработи повреда на прстот.
Ешли Барти одлучи да се повлечи од тенисот
Најдобрата светска тенисерка Ешли Барти, објави дека се повлекува од професионалниот тенис на само 25 годишна возраст.
Барти, која е актуелна освојувачка на Австралија опен и Вимблдон, веста за повлекувањето ја соопшти во интервју со некогашната тенисерка Кејси Делаква.
„Длабоко во моето срце знам дека сум спремна. Благодарна сум за се она што тенисот ми го даде во животот, но подготвена сум да се повлечам од активното играње. Освојувањето на Вимблдон беше мојот вистински сон околу тенисот, и после тоа веќе имав чувство дека доаѓа периодот за повлекување“, изјавува Барти.
Принудна пауза за Рафаел Надал
Шпанецот, Рафаел Надал, ќе биде надвор од тениските терени во следните шест недели. Тој имаше големи проблеми за време на финалниот натпревар на Индијан Велс, кога се пожали на тешко дишење и вртоглавица.
После дополнителните лекарски прегледи, Надал излезе со изјава дека имал напукнато ребро и дека ќе мора да паузира одреден период. Тенисерот најверојатно ги пропушта турнирите во Монте Карло и Барселона, но би требало да биде подготвен за мастерсите во Мадрид и Рим.
Надал: Чувствував дека не можам да дишам во еден период од натпреварот
Рафаел Надал не успеа да влезе во сезоната на земја со перфектен скор. По титулите во Мелбурн, Австралија Опен и Акапулко, Шпанецот беше неочекувано поразен во финалето на турнир од „Мастерс“ серијата од Американецот Тејлор Фриц со 6-3, 7-6 (7-5).
„Искрено сакав да ја завршам оваа сезона со победа во Индијан Велс. Сите знаат дека ова е еден од моите омилени турнири на тврда подлога. Жал ми е што не можев да дадам максимум поради повредата. Тоа искрено најмногу ме боли“, истакна Надал.
Шпанецот имаше одредени потешкотии и во полуфиналето против неговиот сонародник Алкараз, а во финалето двапати побара помош од физиотерапевт.
„Имав проблеми со дишењето. Не знам точно што е. Кога се движев, се чувствував како да имам грутка во грлото. Исто така чувствував болка во моите ребра. Сето тоа целосно ме спречи. Многу повеќе ме загрижува овој проблем отколку поразот, кој веднаш го прифатив“, вели Шпанецот кој се проби на третото место на АТП листата.
Тој му честиташе и на Фриц, кој го постигна најголемиот успех во кариерата.
„Браво за Тејлор. Ја заслужи титулата. Дадов се од себе во овие две недели, жал ми е што не победив на крајот“, изјави Надал.
Сопственикот на 21. Гренд слем титула сега се упатува кон сезоната на земјена подлога, откако претходно најави дека ќе го прескокне турнирот во Мајами, кој никогаш не го освоил во кариерата.