Евротип како општествено одговорна компанија потпиша меморандум за соработка со Славјански универзитет

Денес, 27.09.2023 година на Меѓународниот Славјански универзитет во Битола беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Меѓународниот славјански универзитет и Евротип – спортски обложувалници, компанија која е составен дел од КС Групацијата.

Со овој Меморандум се отвораат можности за сите студенти на универзитетот да можат дел од својата практична настава да ја обават во фирмите на КС Групацијата. Она што е многу важно е дека КС Групацијата како општествено одговорна компанија на годишно ниво ќе доделува вредни стипендии за најталентираните студенти на МСУ, со можност и за идно вработување во дел од компаниите.
Потписници на Меморандумот се основачот и претседател на

Управниот одбор на МСУ проф. д-р Јордан Ѓорчев и основачот на КС Групацијата, г-дин Никола Митровски.
Длабоко веруваме дека со ваквата можност која се нуди на студентите од страна на домашни компании, ќе се стимулира квалитетот и талентираните студенти со основна цел истите да останат и да творат во својата држава наместо својата егзистенција да ја бараат надвор од Македонија.