кошарка

Ембид спремен да се врати на терените за плеј-офот

Џоел Ембид на 30 јануари против Голден Стејт го повреди менискусот на коленото, а постоеа шанси да го пропушти остатокот од сезоната.

Најдобриот играч нза 76ерси беше опериран на шести февруари, а според најавите од Соединетите Американски Држави, би можел многу порано од планираното да се врати во тимот.

Овие информации ги потврди и тренерот Ник Нурс, кој само кратко ја прокоментира ситуацијата околу повредата на најдобриот играч.

Филаделфија без Ембид го загуби фаворитскиот статус во лигата, меѓутоа доколку тој успее да се врати пред почетокот на плеј-офот, може да направи разлика.


Литванецот Јокубаитис заминува од Барселона

Рокас Јокубаитис ќе ја напушти Барселона на крајот од оваа сезона.

Репрезентативецот на Литванија најави дека ќе игра во Летната лига во Соединетите Американски Држави и ќе се обиде да избори договор со некоја НБА франшиза.

Доколку тоа не се случи, Жалгирис е првиот фаворит за неговиот потпис. Јокубаитис во пред четири години токму од Жалгирис се пресели во Барселона.


Познато зошто Ембид ги избра САД пред Франција

Француската кошаркарска федерација имаше голем план за Олимпијадата во 2024 година на која тие се домаќини. Се надеваа дека во тимот ќе бидат НБА центрите: Руди Гобер, Виктор Вембањама и Џоел Ембид.

За жал на Французите, ги „предаде“ актуелниот МВП на најсилната лига кој наместо Франција избра да ги претставува САД, земјата во која живее, игра, плаќа данок

Центарот на Филаделфија, роден пред 30 години во Јаунде, Камерун, според претседателот на националниот сојуз Жан-Пјер Сиутат, го избрал полесниот начин да дојде до златото на Олимписките игри.

„Американскиот тим со Ембиид, кој може да ги победи? Никој. Така најлесно се доаѓа до медал”, го коментираше изборот на Ембид Сиутат.


Ајзеа Томас се врати во НБА лигата

НБА франшизата на Феникс санс објави дека потпиша десетдневен договор со двократниот Ол-стар кошаркар Ајзеја Томас.

35-годишниот играч нема играно во НБА од 2022 година, но неодамна одигра четири натпревари со Солт Лејк Сити Старс во развојната лига, со просек од 32,5 поени по натпревар.

Томас веќе играше за Санс, во сезоната 2014/15, а притоа имаше просек од 15,2 поени на 46 натпревари.


Паркер одушевен од развојот на Никола Јокиќ

Никола Јокиќ тивко влезе во НБА и тоа како 41. пик на драфтот во
2015 година, но денеска асот на Денвер Нагетс е еден од најдобрите
играчи во лигата која е најдобра на светот.
Центарот од сезона во сезона игра се подобро, двапати дојде до
признанието најкорисен играч за да во претходната кампања го
оствари најголемиот успех, односно го предводеше Денвер го
исторски пехар во НБА.
Со ова Јокиќ ги замолчи и најголемите критичари, а во меѓувреме тој
продолжува да „грми“, испишува историја, а во исто време да добива
признанија од сите страни. Тони Паркер дефинитивно е еден од
најдобрите европски играчи кои настапувале во НБА, па и тој му се
поклони на српскиот репрезентативец.
„Мислев дека нема да трае, но секоја сезона тој игра добро и беше
МВП. Кога лани го освои шампионатот, за мене беше – тоа, ништо не
можеш да му кажеш. Кога зборувате за него сега, а зборувате за
најдобриот играч во Европа, тоа мора да биде тој“, порача Паркер кој
со Сан Антонио Спарс освои четири шампионски прстени.


Руди Гобер казнет со 100.000 долари од НБА лигата

НБА лигата со 100.000 долари го казни центарот на Минесота, Руди
Гобер поради непримерно и непрофесионално гестикулирање кон
судијата и поради јавно критикување на судиите.
Тоа го соопшто Џо Думарс, извршниот потпретседател и раководител
на кошаркарските операции на НБА лигата.
Гобер се однесуваше непристојно на 8 март, по поразот на Минесота од Кливленд. Во последната четвртина, на центарот прво му беше
досудена лична и потоа техничка грешка.
Тој го погледна судијата Скот Форстер и со прсти му гестикулираше
пари, што е општо познат потег кога се алудира кога некој е платен
односно поткупен.


Пех за Лејкерси, Леброн го повреди зглобот

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, ја објасни својата постапки на крајот од натпреварот со Сакраменто (120-130).

Џејмс отиде во соблекувалната без да чека сирената да го заврши натпреварот. Извор на „ESPN“ тврди дека проблемите на играчот се поради „прекумерна работа“. Џејмс за 36 минути на паркетот постигна 31 поен и 13 асистенции.

„Ќе бидам добро. Јас сум само загрижен за мојот глужд. Ова продолжува и по Ол-стар паузата. Правам се што можам за да се справам со проблемот. Не станува збор за многу сериозна ситуација. Ја одиграв цела трета четвртина, одморив малку на почетокот на четвртата, а кога се вратив, проблем. Ова е она што ме загрижува. Во некои натпревари сè е подобро – против Оклахома воопшто не обрнав внимание. И денеска – до четвртиот“, рече Џејмс.

Учеството на Џејмс на мечот против Кралевите беше доведено во прашање поради повреда на левиот зглоб.

Настапот на големата НБА-ѕвезда на натпреварот со Милвоки бакс ноќта петок кон сабота останува неизвесен. 


Во Болоња можат да здивнат, Шенгелија не е сериозно повреден

Италијанскиот кошаркарски тим Болоња ќе може да смета на Тонике Шенгелија на престојните натпревари откако деталните медицински прегледи беше утврдено дека Грузиецот не забележал значајна повреда на натпреварот против Валенсија.

Кандидатот на најкорисен играч на сезоната во Евролигата заработи повреда на зглобот на ногата против шпанскиот тим и мораше да го напушти теренот по само шест минути игра.

32-годишнкот оваа сезона бележи просек од 13.9 поени, 5.4 скокови и 3.5 асистенции на 24 одиграни средби во најсилното европско кошаркарско првенство.


Милвоки го ангажира Данило Галинари

Милвоки Бакс го засили ростерот со искусно и квалитетно име. Станува збор за Данило Галинари кој бргу најде нов ангажман по заминувањето од редовите на Детроит Пистонс.

Италијанецот кој има 35 години зад себе има завидно НБА искуство, па се очекува да биде добро засилување за ротацијата на Милвоки.

Галинари со Бакси се договори до крајот на сезоната, а според информациите тој ќе заработи околу еден милион евра.


Црвена Звезда сака да го врати Калиниќ ова лето

Небојша Човиќ, ги истакна приоритетите за засилувања на Црвена Звезда во текот на летото.

„Треба да го засилиме составот. Можам да кажам дека сме многу заинтересирани за Никола Калиниќ. Работиме на неговото враќање. Имаше договор по шемата „1+1“ а ние му доцнивме 4 од 5 плати“ – вели Човиќ.

„Човекот чекаше, му ветивме но, не го одржавме ветувањето. И тој се пресели во Барселона. Работиме на неговиот трансфер“, рече Човиќ.