Кристапс Порзингис го заврши својот престој во Бостон Селтикс Тоа е уште една размена што сериозно ќе предизвика „земјотрес“ во НБА и во неа учествуваа три екипи.
Бостон ги испрати Порзингис и еден избор од втората рунда во Атланта, од каде што Теренс Ман и еден избор од првата рунда се преселија во Бруклин, а Селтикс ги доби Џорџ Нијанг и еден избор од втората рунда.
Поточно, јасно е дека Бостон сакаше малку да го намали буџетот, бидејќи веруваше дека Летонецот нема да придонесе многу ниту во следната сезона.
Поранешниот четврти пик на драфтот се мачеше со повреди во текот на целата кариера, пропуштајќи практично половина од секоја од своите две сезони со него, а минатата година имаше просек од 19,5 поени и 6,8 скока на натпревар.
Јокиќ е принуден да замине од Денвер?
Како гром од ведро небо одекна веста за евентуална размена на еден од најдобрите кошаркари – Никола Јокиќ. Оваа вест ја „подгреа“ сопственикот на Денвер, Џош Кронке, кој предизвика огромна возбуда со своите директни изјави за Србинот, кој би можел да го напушти Нагетс, а има и многу дискусии за тоа каде би можел да ја продолжи својата одлична НБА-кариера.
Никола Јокиќ е моментално еден од најдобрите играчи во НБА и неверојатно е дека Денвер би можел да го загуби. Првиот човек на Нагетс, сепак, го призна тоа.
Секако, ова лето ќе му го понудиме договорот што ни е дозволено да му го понудиме – одговори тој на новинарско прашање за иднината на еден од најдобрите кошаркари во светот, кој на крајот не беше задоволен од изгледот и од можностите на својот тим.
Монтреал и Канада остануваат во Формула 1 календарот
Трката за големата награда на Канада во Монтреал ќе остане во календарот на Формула 1 до 2035 година, откако се договори за четиригодишно продолжување на постојниот договор, соопшти Формула 1, објави агенцијата „Ројтерс“.
Гранпри-трката одржана во минатиот викенд на патеката „Жил Вилнев“ беше 54-то издание, откако првпат се појави во шампионатот на Формула 1 во 1967 година. Патеката во Монтреал, именувана по великанот на Ферари и татко на светскиот шампион од 1997 година, Жак Вилнев, стана постојан домаќин на трка во Формула 1 во 1978 година.
Претходното продолжување на договорот на трката беше до 2029 година, но две од тие години (2020 и 2021 година) беа за време на пандемијата на коронавирусот, кога трка во Формула 1 не се одржа и договорот беше продолжен до 2031 година.
Трката во Монтреал в година ќе се одржи порано од претходно, со нов термин на 24 мај, откако ќе се замени со Монако и ќе се усогласи поблиску со трката во Мајами, пишува „Ројтерс“
Србљак се повреди и го заврши турнирот во Загреб
Македонскиот тенисер Горазд Србљак го предаде мечот од првото коло на ИТФ фјучрсот М15 Загреб против седмиот носител Никита Маштаков од Украина. Во моментот на прекин резултатот беше 1-1 во сетови и по пет одиграни гемови 4-1 во гемови за противникот.
Србљак го доби првиот сет со 6-4 во гемови, иако противникот почна со водство од 2-0, но македонскиот тенисер направи пресврт и поведе со 4-2 и предноста ја имаше и накрајот на првиот сет. Во вториот сет под 2-1 за Србљак, Маштаков дојде до предност од 4-2 и успеа да изедначи на 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет во четвртиот гем Маштаков направи брејк и поведе со 3-1 во гемови, а по завршувањето на следниот гем Србљак поради повреда го предаде мечот. Во моментот на прекин мечот траеше 2 часа и 45 минути.
Утре во второто коло Калин Ивановски на истиот турнир ќе игра против вториот носител Душан Обрадовиќ од Србија.
Макс Аронс потпиша за Глазгов Ренџерс
Глазгов Ренџерс добија нов десен бек. На едно годишна позајмица од Борнмут во Глазгов пристигна 25-годишниот Макс Аронс.
Аронс ја помина претходната полусезона во Валенсија, каде што одигра само четири настапи.
Поранешниот млад репрезентативец на Англија се наметна во дресот на Норич, со кој двапати избори промоција во Премиер лигата. Потоа, во 2023 година, потпиша за Борнмут во трансфер вреден седум милиони фунти.
Во првата сезона, тој одигра 20 натпревари за „црешите“, но во наредната сезона одигра само три натпревари.
Борусија Дортмунд и Флуминензе со мака во осминафиналето на Мундијалот за клубови
Познати се уште двајца учесници во нокаут фазата на Светското клупско првенство, тоа се Борусија Дортмунд и Флуминенсе.
На Дортмунд му беше потребна победа над корејски Улсан за да се пласира во осминафиналето. Германскиот тим успеа да триумфира и да го потврди пласманот во нокаут фазата.
Резултатот 1-0 не го покажува најдобро вистинскиот однос на силите. Натпреварот мина во апсолутна доминација на „милионерите“.
Помладиот од браќата Белингем, му асистираше на Швеѓанецот Свенсон во 36-та минута.
Флуминенсе беше фаворит против јужноафриканскиот Мамелоди, но на теренот изгледаше сосема поинаку, дури и тимот од „Црниот континент“ имаше подобри шанси, речиси успеа да направи изненадување и да се пласира во осминафиналето.
Не успеаја, Флуминенсе издржа во финишот, освои бод за место меѓу најдобрите 16. Четирите бразилски тима се пласираа во осминафиналето: Флуминенсе, Палмеирас, Ботафого и Фламенго.
Се разделија Вилдоза и Олимпијакос
Лука Вилдоза веројатно ќе ја продолжи кариерата во екипата на Виртус, објавија дел од медиумите на „Чизмата“.
29-годишниот аргентински плејмејкер имаше разочарувачка сезона со Олимпијакос. Тој на 33 средби во Евро-лигата имаше просек од 4,8 кошеви, 1,5 скока и 2,7 асистенции.
Според наводите, италијанскиот состав сака да го ангажира кошаркарот. Виртус е подготвен да ја плати сумата што ќе ја побара грчкиот тим.
Тетово домаќин на Балканското првенство во одбојка на песок
Одбојкарската федерација на Македонија заедно со oпштина Тетово од 25 до 27 јуни ќе бидат организатори на БВА Балкански шампионат во одбојка на песок за одбојкари и одбојкарки до 22 години на градскиот плоштад во Тетово.
Осум екипи во машка конкуренција и седум женски тима од Македонија, Албанија, Косово, Турција, Романија и Молдавија пријавија учество на ова натпреварување, кое е вистинска летна атракција за љубителите на одбојката.
Според програмата утре и в четврток претпладне се играат прелиминарните натпревари, четврток попладне се елиминациите, додека петокот е резервиран за финалните натпревари и распределбата на медали.
ОФМ и општина Тетово како технички организатор го „преуредија“ градскиот плоштад во Тетово во терен за одбојка на песок, кој во следните три дена треба да донесе голем број на возбудувања.
Миленкоски Играчите ја оправдаа довербата, на вистинскиот пат сме
Машката сениорска репрезентација викендов го заврши третиот во низа настап во ЦЕВ Европската Златна лига. Првата летна акција Македонија ја затвори со две победи и со пласман на деветото место, кој е најдобар во досегашното натпреварување во ова друштво.
Играчите и стручниот штаб се едногласни во ставот дека мисијата „Златна лига“ може да се оцени како успешна и покрај подмладениот лик на националниот тим и отсуство на дел од стартерите поради повреди.
„Нов успешен настап на македонската одбојкарска репрезентација во Европската Златна лига. Трето издание во низа, но гледано резултатски ова е најдобриот пласман во досегашните учества. За разлика од претходните години оваа учествуваа репрезентации кои беа дел и на последното Европско првенство што ми дава за право да кажам дека беше ЕП во мало. Зад себе оставивме репрезентации со повисок рејтинг како Летонија, Хрватска и Црна Гора. Игравме со трите најдобри репрезентации од регуларниот дел – Израел, Грција и Финска, кои заедно со Чешка ќе се борат за медали на Ф4. Одигравме шест натпревари и на секој меч имавме добри моменти“ – констатира селекторот Јошко Миленкоски и продолжува: „Можеби во оваа акција одеднаш вклучивме повеќе млади одбојкари кои имаат од 17 до 22 години, а дел од нив и прв пат почувствуваа како е на терен и какво е чувството да се бранат националните бои. Но, кога ако не сега! Сега беше вистинскиот момент и сите сме свесни за бенефитите кои може да ги добиеме од овој потег. За мене како селектор – сите од прв до последен ја оправдаа укажаната доверба. Минавме 40-тина дена во напорна работа со голема дисциплина и прекрасна атмосфера и буквално уживавме во секој момент. Искусните играчи по којзнае кој пат ја пожаа верноста и љубовта кон националниот сред и како се бранат боите на државата. Помладите покажаа дел од своите квалитети, кои верувам дека уште повеќе ќе напредуваат и ќе растат со напорна работа и редовен тренажен процес. Мислам дека сме на вистинскиот пат, им дадовме насоки на играчите, а сега сето тоа треба да се следи и да се спроведува. Во овој процес клучна улога ќе играат тренерите и клубовите за кои настапуваат. Во стручниот штаб на репрезентацијата има млади и перспективни тренери кои се иднината на нашиот спорт. Сите заедно сме дел од еден процес, во кој треба да се покаже верба и константност и кој сигурен сум дека ќе ни донесе добри резултати во блиска иднина.“
Селекторот Миленкоски на крајот не заборави да се заблагодари и на овие кои дадоа безрезервна поддршка на репрезентацијата во изминатиот период.
„Знам дека веќе Федерацијата се заблагодари преку социјалните мрежи, но би сакал од мое име, од името на стручниот штаб и на играчите да се заблагодарам за широкото гостопримство на хотелот „Горан Пандев“ и на самиот Пандев, кој ни беше голема поддршка особено на последниот турнир во Струмица. Секако струмичката публика која секогаш е на трибините кога националниот тим игра во ‘Парк’, а така беше и сега и поддршката од трибините значеше многу во постигнувањето на успехот во овој настап од Златната лига“, завршува селекторот Јошко Миленкоски.
Одржан првиот семинар за ВАР-обука во Скопје
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат во нашата земја организираше и спроведе официјален ВАР семинар, како значаен чекор во процесот на имплементација на ВАР системот во македонскиот фудбал. Семинарот се одржа под водство на реномираниот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, еден од првите ВАР судии на ФИФА и етаблирано име во светски рамки, кој работел како ВАР менаџер во Кипар, Белорусија, Саудиска Арабија и Русија.
Семинарот го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, кој нагласи дека еден од клучните приоритети на Федерацијата е создавање професионален и квалитетен домашен фудбал.
„Она што беше ветено, станува реалност. Очекувањата се големи и сигурен сум дека сите учесници ќе ги оправдаат. Барам максимална професионалност од секој поединец вклучен во овој процес,“ истакна претседателот Омерагиќ, упатувајќи искрени желби за успех до сите селектирани судии.
Семинарот претставува прва, но клучна фаза од целосниот процес на имплементација на ВАР системот, дел од историскиот, најобемен и најзначаен проект што ФФМ досега го спровела и во финансиска и во логистичка смисла.
Избраните судии веќе започнаа со едномесечна интензивна обука која ќе трае до 4. јули, спроведена според стандардите и методологијата на ФИФА. Обуката започна со теоретски дел во кој учесниците се запознаа со основните принципи на ВАР технологијата и нејзината примена. Следуваат практични симулации во offline ВАР собата, каде се анализираат реални ситуации од натпревари. Обуката е структуирана по нивоа, од едноставни до комплексни случаи кои бараат напредна интерпретација на „Правилата на фудбалската игра“.
Последните две фази од процесот ќе се одвиваат на терен, каде учесниците ќе вежбаат во реални услови, преку симулирани инциденти, пријателски натпревари со ВАР интеграција и целосни натпревари со оперативен ВАР систем. Овие активности ќе се реализираат на тренинг центарот „Петар Милошевски“, со целосна ТВ продукција, минимум седум камери по натпревар и соработка со организирани технички и судиски тимови.
Проектот претставува значаен исчекор во модернизацијата на македонскиот фудбал и потврда на заложбата на ФФМ за унапредување на натпреварувањата, транспарентност, фер плеј и доверба во судиските одлуки.