feature

„Златната топка“ на Марадона ставена на аукција во Париз

„Златната топка“ која му беше доделена на аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона за најдобар играч на Светското првенство во 1986 година, ќе се најде на аукција во Франција во јуни, објави денеска аукциската куќа Агутес.

Ова е првата „Златна топк“а што ќе се продава на аукција, а нејзината вредност допрва треба да се утврди. Аукциската куќа очекува да достигне милионски износ на денот на продажбата на 6 јуни.

Марадона, кој почина во 2020 година, ја освои наградата откако ја предводеше Аргентина до триумф на Светското првенство во Мексико, постигнувајќи пет голови на турнирот, на кој играше на сите натпревари без да биде заменет. Турнирот веројатно најдобро се памети по двата гола на Марадона против Англија во четвртфиналето. 

Првиот гол подоцна стана познат како „божја рака“, а вториот беше избран за гол на векот. Дресот кој Диего Марадона го носеше тој ден, како и топката со која се одигра натпреварот, веќе беа продадени на аукција. 


Два европски гиганти го сакаат младиот Мастантуоно

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плата, Франко Мастантуоно.

Мастантуоно има само 16 години и досега има девет настапи за првиот тим на Ривер, па со тоа го привлече интересот на себе.

Клаузулата во неговиот договор изнесува 45 милиони евра, сума која Реал е спремен да ја плати.


Погба заплови во актерските води

Францускиот фудбалер Пол Погба стана актер, пренесува денеска весникот Паризиен.

Според истиот извор, играчот од средниот ред бил дел од актерската екипа во комедијата „4 нули“. Погба во филмот глуми човек кој тренира млади фудбалери.

Премиерата на филмот е закажана за на пролет 2025 година. Поранешниот француски репрезентативец во февруари оваа година доби четиригодишна суспензија од фудбалот поради кршење на антидопинг правилата.

Погба е четирикратен шампион на Италија, два пати освојувач на Купот на Италија и освојувач на Лига Европа, а со Франција ја освои титулата светски првак.


Џејсон Кид доби нов договор како тренер на Далас

Далас Маверикс потпиша нов повеќегодишен договор со својот досегашен тренер Џејсон Кид, кој е на нивната клупа од летото 2021 година, јавија американските медиуми.

Во две од трите сезони поминати на клупата на Далас, Кид постигна 50 или повеќе победи во една сезона (52 во сезоната 2021/22 и 50 во тековната сезона) и во двата наврати тимот влезе во плеј-офот и го помина првиот круг.

Пред две години стигна до финалето на Западот, а годинава ќе игра во второто коло против Оклахома Сити, додека минатата сезона тимот потфрли со скор од 38-44.

„Возбудени сме што тренерот Кид ќе продолжи да го води нашиот тим и во наредните години благодарение на заслуженото продолжување на договорот, изјави мнозинскиот сопственик на Далас, Патрик Думонт.


Ван Дајк ги разгледува понудите, летово заминува од Ливерпул?

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк би можел да го напушти тимот од „Енфилд“. За фудбалерот се заинтересирани неколку големи клубови, пренесува новинарот Екрем Конура.

Самиот фудбалер би сакал да го продолжи договорот со својот тим.

Според Конура, за фудбалерот се заинтересирани Милан, Интер, Атлетико, Ал-Хилал и Ал-Наср, а пријавен е интерес и од екипи од Премиер лигата.

32-годишниот Ван Дајк игра за Ливерпул од почетокот на 2018 година. Актуелниот договор на Холанѓанецот е до крајот на следната сезона.

Во тековната сезона Ван Дајк одигра 34 натпревари во Премиер лигата на кои постигна два гола и две асистенции.


Барса нема да го откупи Жоао Феликс

Напаѓачот на Барселона, Жоао Феликс може да го напушти каталонскиот клуб, пренесува „Cadena SER“. Правата над фудбалерот му припаѓаат на Атлетико Мадрид.

Раководството на каталонскиот тим поради финансиски проблеми не може да си дозволи да купи играч за 60-70 милиони евра.

Инаку, самиот Феликс сака да остане во Барселона.

Дваесет и четиригодишниот Феликс оваа сезона во Ла Лига постигна седум гола и три асистенции.

Феликс кариерата ја почна во Бенфика од каде направи трансфер во Атлетико Мадрид. Во 2023 најпрво замина на позајмица во Челзи, па во Барселона.


Вест Хем го потврди заминувањето на Мојс

Од редовите на Вест Хем пристигна и официјална потврда за тренерската смена на крајот од сезоната.
Дејвид Мојс нема да го води тимот следната сезона и на кормилото на „чеканите“ ќе седне друг стратег.
„Вест Хем може да потврди дека Дејвид Мојс заминува на крајот од
сезоната кога неговиот договор истекува“, стои во соопштението на
клубот од Лондон.
Името на Мојс во историјата на Вест Хем ќе остане запишано како
тренер кој им го донесе првиот поголем трофеј од 1980 година. Ќе
потсетиме, Вест Хем ја освои Конференциската лига откако во
финалето во Прага славеше против Фиорентина со 2:1.
Најавите на Островот се дека Хулијен Лопетеги ќе биде новиот
стратег на англискиот тим.


Арсенал спремен да испрати понуда за Влаховиќ

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан
Влаховиќ на крајот на сезоната, пренесува „Газета дело Спорт“.
Јувентус на лето спрема реконструкција на тимот, па со продажбата
на Влаховиќ сака да го наполни буџетот. Таквата ситуација сака да ја
искористи Арсенал, кој е во потрага по таков профил на напаѓач и
спрема богата понуда.
Влаховиќ сака преселба во Премиер лигата и верува дека стилот на
игра на Арсенал одлично ќе му одговара.
„Старата дама“ за слободата на напаѓачот бара 80 милиони евра, сума
која Арсенал е спремен да ја плати.


Лазаров ќе води 21 ракометар на гостувањето во Торшавн

Македонската машка ракометна репрезентација ја очекуваат два
натпревари против Фарски Острови во баражот за Светското
првенство кое ќе се одржи во 2025 година во Хрватска, Данска и
Норвешка.
Првата средба ја играме денес од 20:00 часот, а селекторот Кирил
Лазаров одлучи да не го крати списокот, поточно со сите играчи да
отпатува во Торшавн.
Се работи за 21 ракометар кои остануваат да бидат во конкуренција
до последниот ден кога петмина ќе отпаднат за самиот натпревар.
Целта е да постигнеме што подобар резултат кој потоа ќе може да
биде потврден на реваншот во Скопје закажан за в недела од 19 часот
во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.


Биелса повика фудбалер од аматерската лига во репрезентацијата на Уругвај

Селекторот на репрезентацијата на Уругвај, Марсело Биелса во репрезентацијата го повика 24-годишниот фудбалер Валтер Домингез кој настапува во аматерската лига.

Уругвајците на крајот на овој месец ќе одржат подготвителен тренинг камп за Купот на Америка во 2024 година.

Домингез настапува за клубот Хувентуд Соријано, каде сезонава на 39 натпревари постигна 57 гола.

Биелса е во репрезентацијата на Уругвај од мај 2023 година. Под негово водство репрезентацијата одигра девет натпревари, на кои забележа шест победи, два пораза и едно реми.

Купот на Америка 2024 ќе се одржи во САД од 20 јуни до 14 јули.