фудбал

Погба заплови во актерските води

Францускиот фудбалер Пол Погба стана актер, пренесува денеска весникот Паризиен.

Според истиот извор, играчот од средниот ред бил дел од актерската екипа во комедијата „4 нули“. Погба во филмот глуми човек кој тренира млади фудбалери.

Премиерата на филмот е закажана за на пролет 2025 година. Поранешниот француски репрезентативец во февруари оваа година доби четиригодишна суспензија од фудбалот поради кршење на антидопинг правилата.

Погба е четирикратен шампион на Италија, два пати освојувач на Купот на Италија и освојувач на Лига Европа, а со Франција ја освои титулата светски првак.


Ван Дајк ги разгледува понудите, летово заминува од Ливерпул?

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк би можел да го напушти тимот од „Енфилд“. За фудбалерот се заинтересирани неколку големи клубови, пренесува новинарот Екрем Конура.

Самиот фудбалер би сакал да го продолжи договорот со својот тим.

Според Конура, за фудбалерот се заинтересирани Милан, Интер, Атлетико, Ал-Хилал и Ал-Наср, а пријавен е интерес и од екипи од Премиер лигата.

32-годишниот Ван Дајк игра за Ливерпул од почетокот на 2018 година. Актуелниот договор на Холанѓанецот е до крајот на следната сезона.

Во тековната сезона Ван Дајк одигра 34 натпревари во Премиер лигата на кои постигна два гола и две асистенции.


Барса нема да го откупи Жоао Феликс

Напаѓачот на Барселона, Жоао Феликс може да го напушти каталонскиот клуб, пренесува „Cadena SER“. Правата над фудбалерот му припаѓаат на Атлетико Мадрид.

Раководството на каталонскиот тим поради финансиски проблеми не може да си дозволи да купи играч за 60-70 милиони евра.

Инаку, самиот Феликс сака да остане во Барселона.

Дваесет и четиригодишниот Феликс оваа сезона во Ла Лига постигна седум гола и три асистенции.

Феликс кариерата ја почна во Бенфика од каде направи трансфер во Атлетико Мадрид. Во 2023 најпрво замина на позајмица во Челзи, па во Барселона.


Вест Хем го потврди заминувањето на Мојс

Од редовите на Вест Хем пристигна и официјална потврда за тренерската смена на крајот од сезоната.
Дејвид Мојс нема да го води тимот следната сезона и на кормилото на „чеканите“ ќе седне друг стратег.
„Вест Хем може да потврди дека Дејвид Мојс заминува на крајот од
сезоната кога неговиот договор истекува“, стои во соопштението на
клубот од Лондон.
Името на Мојс во историјата на Вест Хем ќе остане запишано како
тренер кој им го донесе првиот поголем трофеј од 1980 година. Ќе
потсетиме, Вест Хем ја освои Конференциската лига откако во
финалето во Прага славеше против Фиорентина со 2:1.
Најавите на Островот се дека Хулијен Лопетеги ќе биде новиот
стратег на англискиот тим.


Арсенал спремен да испрати понуда за Влаховиќ

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан
Влаховиќ на крајот на сезоната, пренесува „Газета дело Спорт“.
Јувентус на лето спрема реконструкција на тимот, па со продажбата
на Влаховиќ сака да го наполни буџетот. Таквата ситуација сака да ја
искористи Арсенал, кој е во потрага по таков профил на напаѓач и
спрема богата понуда.
Влаховиќ сака преселба во Премиер лигата и верува дека стилот на
игра на Арсенал одлично ќе му одговара.
„Старата дама“ за слободата на напаѓачот бара 80 милиони евра, сума
која Арсенал е спремен да ја плати.


Биелса повика фудбалер од аматерската лига во репрезентацијата на Уругвај

Селекторот на репрезентацијата на Уругвај, Марсело Биелса во репрезентацијата го повика 24-годишниот фудбалер Валтер Домингез кој настапува во аматерската лига.

Уругвајците на крајот на овој месец ќе одржат подготвителен тренинг камп за Купот на Америка во 2024 година.

Домингез настапува за клубот Хувентуд Соријано, каде сезонава на 39 натпревари постигна 57 гола.

Биелса е во репрезентацијата на Уругвај од мај 2023 година. Под негово водство репрезентацијата одигра девет натпревари, на кои забележа шест победи, два пораза и едно реми.

Купот на Америка 2024 ќе се одржи во САД од 20 јуни до 14 јули.


Барса бесплатно договори светски првак со Аргентина

Според последните информации, Барселона успеала да постигне
договор во летниот преоден рок да пристигне фудбалерот на Бетис,
Гуидо Родригез.
Родригез е 30-годишен фудбалер кој со репрезентацијата на
Аргентина во 2022 година го освои Светскот опрвенство, а сега
одлучи дека е време за нов чекор во неговата кариера. Бетис сакаше
да го задржи, но не можеше ништо да направи по повикот од
каталонскиот гигант.
Родригез според „Трансфермаркт“ има вредност од 24 милиони евра, а во Бетис стигна во 2022 година и тоа е единствениот европски клуб за кој играше.


Јунајтед испрати богата понуда за Адриен Рабио

Манчестер Јунајтед спрема понуда за ѕвездата на Јувентус и
француската репрезентација, Адриен Рабио.
Рабио влезе во последната година од договорот и нема најави за
продолжување на соработката, па на лето ќе замине како слободен
агент. Тен Хаг е голем симпатизер на квалитетите на Рабио и сака да
го засили средниот ред за следната сезона.
Интерес за Французинот покажуваат уште Арсенал и Њукасл, но
Манчестер Јунајтед сака да ја победи конкуренцијата.
„Црвените ѓаволи“ веќе имале средба со агентот на Рабио и му
понудиле значително повисока плата.


Левандовски: Мбапе е одличен пример за младите фудбалери

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски ги пофали квалитетите
на Килијан Мбапе.
„Ако го споредите Килијан со други играчи, разбирате дека тој
зборува различен јазик. Јасно им дава до знаење на младите играчи
дека фудбалот не е единственото нешто што е важно. Тој е и пример
за личност, покажувајќи дека не е важно само фудбалскиот терен,
туку и она што е во вашата глава. Многу паметен човек кој има многу
јасна идеја за тоа што сака да прави и како сака да го прави тоа. Патот по кој оди е јасен. Тој е паметен не само како играч, туку и како
личност. Го почувствував тоа кога првпат го видов пред неколку
години. Ми остави впечаток. Можете да зборувате за многу нешта со
Килијан“, изјави полскиот фудбалски ветеран.
Мбапе е член за Пари Сен-Жермен, капитен на француската
фудбалска репрезентација и важи за еден од најдобрите фудбалери на светот.
По крајот на сезоната извесно е дека Мбапе ќе направи трансфер во
Реал Мадрид.


Милан го сака Арда Ѓулер на позајмица

Реал Мадрид во летниот преоден рок ја победи конкуренцијата за турскиот талент, Арда Ѓулер од Фенербахче.

Неколку европски гиганти беа силно заинтересирани за „турскиот Меси“, а на крајот Реал ја доби битката за потписот и за 22 милиони евра го донесе во Мадрид.

Ѓулер го пропушти првиот дел од сезоната поради повреда, а во последно време покажа дека се работи за голем талент, но во Реал не може  да се избори  со големата конкуренција.

Интерес за него покажува Милан и сака да го доведе на лето на „Сан Сиро“.

Милан го сака на двегодишна позајмица со право на откуп, по принципот на Брахим Дијаз, а Реал е спремен да го пушти ако во договорот биде ставена бајбек клаузула.