фудбал

Гринвуд главна трансфер цел на Јуве ова лето

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезона игра на позајмица во Гетафе.

Гринвуд нема иднина во Манчестер Јунајтед, но оваа сезона игра одлично во Гетафе и го привлече вниманието на многу клубови. Проблематичниот англиски фудбалер, ја оживеа својата кариера во Гетафе по тешкиот период во Манчестер Јунајтед каде беше обвинет за силување.

Сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Јувентус, кој веќе стапил во контакт со менаџерот на 22-годишниот Англичанец.

„Калчомеркато“ пренесува дека Гринвуд ќе биде една од главните трансфер цели на „старата дама“ ова лето.


Продолжена суспензијата на Тонали на уште две недели

Продолжена е забраната за настап на играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали за уште два месеци. Ова го објави официјалниот профил на англискиот клуб на социјалната мрежа Х.

Сепак, се нагласува дека овие два месеци мора да се прескокнат во сезоната 2024/2025. Така, Тонали ќе може да се врати на терените веднаш по десетмесечната суспензија која му беше изречена на 27 октомври 2023 година.

Покрај тоа, италијанскиот играч за врска мора да плати казна од 20 илјади фунти (23,3 илјади евра).

Се нагласува дека Фудбалската асоцијација на Англија го препознала невидениот факт што самиот Тонали претходно пријавил неколку епизоди на обложување. Во моментов, играчот од средниот ред продолжува да се лекува од зависност од коцкање.


Бундеслигата ќе има пет претставници во следната ЛШ

Пет екипи од германскиот шампионат ќе учествуваат во групната фаза од фудбалската Лига на шампионите за сезоната 2024/25.

Ова стана возможно откако Борусија Дортмунд го победи ПСЖ (1:0) во првиот полуфинален натпревар и и донесе дополнителни бодови на Германија на табелата со коефициенти на УЕФА.

Претходно се дозна дека пет италијански екипи ќе учествуваат во следната сезона од Лигата на шампионите.

Во моментов, првите пет во Бундеслигата се Баер Леверкузен, Баерн Минхен, Штутгарт, Лајпциг и Борусија Дортмунд.


Жоргињо преговара со нов договор со Арсенал

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата.


Наполи ја одреди цената за Кварацхелија

Уште од шампионската сезона на Наполи се шпекулира за иднината на Квича Кварацхелија, но тој се уште е во Неапол.

Не игра Грузиецот како во тој период, меѓутоа и понатаму е следен од европските гиганти. Сега шпанските и италијанските медиуми пишуваат за интерес од Барселона, но ако се знае ситуацијата во која е каталонскиот гигант и последниот потег на претседателот Де Лаурентис, Барселона тешко ќе дојде до неговиот потпис.

Наводно, Де Лаурентис не сака да слушне за продажба на Кварацхелија под 130 милиони евра. Освен тоа тој има и намера да го продолжи договорот со него со зголемена плата на од околу пет милиони евра.

Грузиецот е вториот фудбалер по Виктор Осимен од кого Наполи сака да ја наполни касата и добро да заработи. Сепак, останува да го почекаме летото и да видиме што ќе се случува.


Парма доминантно се врати во Серија А

Фудбалерите на Парма следната сезона повторно ќе играат во елитната италијанска лига по ремито 1-1 кај Бари и поразот од Венеција кај Катанцаро (2-3).

Парма, која последен пат играше во првата Серија А во 2021 година, има 74 бода или три повеќе од Комо, клубот во сопственост на поранешните фудбалски асови Французинот Тиери Анри и Шпанецот Сеск Фабрегас. Најдобрите два клуба од Серија Б одат директно во елитното друштво.

Венеција е трета со 67 бодови, а до осмото место коешто води во дополнителни битки за пласман во првата лига следат Кремонезе (63), Катанзаро (60), Палермо (52), Сампдорија (49) и Бреша (48).

До крајот на првенството има уште две кола.


Јовиќ сака да остани во Милан

Напаѓачот на Милан, Лука Јовиќ, може да го напушти клубот како слободен играч, велат последните информации од фудбалска Италија.

Иако неговиот агент за трансфери се обидува да издејствува продолжување на договорот, 26-годишниот Србин, веројатно ќе мора да бара нов клуб.

Фудбалерот од средниот ред во тековмнава сезонава одигра 28 натпревари на кои постигна девет голови.


Експресно продаени билетите за хрватското дерби за титула

Само два часа откако почна продажбата на билетите за натпреварот меѓу Риека и Динамо на стадионот „Рујевица“ кој ќе се одигра на 5 мај, веќе се распродадени сите билети за дербито кое може да го реши хрватскиот шампион.

Откако Динамо остана прв на табелата во лигата поради првиот пораз од Риека по два месеци, домашните фанови на Риека побрзаа да дојдат до билет за решавачкиот меч од 33. коло на ХНЛ.

Риека го распродаде секој натпревар оваа полусезона на „Рујевица“, па избраниците на Жељко Шопиќ повторно ќе имаат поддршка од 8.000 свои навивачи на стадионот.

Динамо сезонава двапати победи на Максимир, а на единствената досегашна средба во Рујевица беше 2-2. Двата тима ќе се сретнат и во финалето на Купот на Хрватска.


Сари фаворит за тренерското место во Њукасл

Англиски Њукасл упатил понуда до италијанскиот тренер Маурицио Сари, пишуваат медиумите на Островот. 65-годишниот стручњак неодамна го напушти италијанскиот Лацио, а неговото име веќе се поврзува со голем број европски тимови.

Меѓу потенцијалните нови дестинации за Сари се клубовите како Фиорентина, Торино, Милан, Наполи и Вест Хем. Се очекува искусниот тренер да донесе одлука за својата иднина по завршувањето на актуелната сезона.

Саудиските сопственици на Њукасл испратија понуда до Маурицио Сари во обид да го убедат да го замени Еди Хау на лето.

Според „TMВ“, Сари е искушуван од понудата и проектот што му ги нуди англискиот клуб. Екипата на Њукасл го зазема седмото место во привремениот поредок во Премиер лигата со 53 бода по 34 одиграни натпревари.


Олимписките игри не се услов за трансферот на Мбапе во Реал

Во Франција продолжуваат полемиките дали фудбалската ѕвезда на оваа земја, Килијан Мбапе ќе учествува на Олимписките игри во тимот на „триколорите“ предводен од селекторот Тиери Анри.

Евентуалниот иден клуб на Мбапе, Реал Мадрид веќе најави дека нема да ги пушти своите играчи за Олимпијадата, ниту пак е обврзан.

„Дали Килијан ќе биде таму или не, не е важно. Она што е важно е дека Олимпијадата е во Франција и дека целиот свет ќе ги гледа, а не дали ќе играат Мпабе и Вембањама. Не знам што ќе се случи, има кој да одлучи за тоа. Но, што и да се случи, Килијан е среќен бидејќи Игрите ќе бидат во Франција“, изјави таткото на фудбалерот Вилфрид за „Радио Франс“.

Францускиот претседател Емануел Макрон и министерката за спорт на земјата Амели Оудеа-Кастера веќе го повикаа Мбапе да игра за францускиот национален тим.