останато

Верстапен: Имаме добар болид, но далеку сме од Мерцедес во минатата деценија

Макс Верстапен, двократниот светски шампион во Формула 1, ја коментираше изјавата на Луис Хамилтон за болидот на Ред Бул.

Британецот истакна дека овогодинешниот Ред Бул е најбрзиот болид што некогаш го видел и дека има огромна предност во однос на конкуренцијата.

Холанѓанецот не се согласи со оваа констатација.

„Ако ја погледнеме статистиката, оваа изјава не е точна. Вистина е дека имаме добар болид и тоа не е лошо. Сепак, искрено сме далеку од доминацијата што ја имаше Мерцедес во периодот од 2013 до 2020 година“, изјави Верстапен.


Македонија доби огранизација на голем пинг-понгарски настан

Презентацијата и изборот се одржаа на тековното Европско првенство во пинг понг во категорија до 21 година во Сарајево, Босна и Херцеговина, каде што учесници се и Ангелина Иванова како заменик Врховен судија и Виолета Апостолоска како Судија на маса. За првпат во историјата на Македонија, добиваме организација на врвен настан кој ќе го собере кремот на Европскиот пинг понг во Скопје во месец Јануари 2024 година. 

Неколкуте врвно организарани светски настани во пинг понг, беа забележани и ЕТТУ ја потврди довербата во ППФМ за организација на уште еден голем настан на Европско тло во Скопје.


Дуплантис спремен да сруши светски рекорд на митингот во Монако

Арманд Дуплантис, светски рекордер во скок со стап, потврди дека ќе настапи на митингот во Монако на 21 јули.

Актуелниот олимписки и светски шампион моментално ги држи рекордите на осум турнири од Дијамантската лига. Атлетичарот од Шведска нагласи дека на собирот во Кнежевството ќе атакува на нов рекорд.

„Со нетрпение очекувам да се вратам во Монако на 21 јули. Знам дека рекордот е 6,02 м. Ќе видиме дали ќе можам подобро. Монако е идеално место за скокање високо, особено благодарение на медитеранското време“ беа зборовите на Дуплантис.


Британскиот боксерски херој заработи двегодишна суспензија

Боксерот, Амир Кан, доби двегодишна суспензија, објави денеска британската анти-допинг агенција.

„На 19 февруари 2022 година, агенцијата зеде примерок од урина од Кан пред борбата со Кел Брук. Примерокот покажа присуство на „остарин““, се вели во соопштението.

Кан кој ќе ја одлежи казната до 5 април во 2024 година, рече дека внесувањето на „остарин“ не било намерно. Тој има 34 победи и пет порази.


Франческо Бањаја е победник на првата трка од новата сезона во Мото ГП

Актуелниот светски првак во Мото ГП шампионатот, возачот на Дукати, Франческо Бањаја, е победник на првата трка сезонава која се возеше во Алгавре, Португалија.

Шпанецот Бањаја на целта пристигна пред неговиот сонародник Маверик Вињалес кој беше втор, а како трет на победничкиот подиум се искачи Марко Бецекио од Италија.

Следната трка во Мото ГП шампионатот на програмата е втори април, а ќе се вози за Големата награда на Аргентина.


Пропадна долго најавуваната борба Фјури – Усик

Долго најавуваната борба меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик по се изгледа нема да се случи. Планирана за 29 април на Вембли, борбата како што сега стојат работите нема шанси да се одржи.

Егис Климас, менаџерот на Александар Усик, истакна дека неговиот тим ги прифатил сите услови, но дека постојано се бара нешто ново од него.

„Колку и да попуштаме, тие бараат повеќе. Се договоривме да ги поделиме парите 70:30 во корист на Фјури, се договоривме дека нема клаузула за реванш, но тоа очигледно не е доволно и Фјури бара начини да ја избегне борбата“, изјави Климас.

Како што истакнува менаџерот на Усик, одложување на терминот нема да има.

Усик е сопственик на појасот во IBF, WBO и WBA верзијата, додека Фјури е шампион во верзијата WBC.


Австрија доби договор на ГН во Формула 1 до 2027 година

Австрија ќе има Формула 1 трка барем до крајот на 2027 година, откако денеска беше објавено дека договорот на трката е продолжен за уште 4 години.

Трката се врати во календарот во 2014 година на „Ред Бул Ринг“ и во последниве години трката имаше огромен успех, со рекордна публика од 303.000 луѓе минатата година.

Големата награда на Австрија се покажа како една од најпопуларните трки за  навивачите на Макс Верстапен, кои имаат своја трибина на патеката во Грац.

Извршниот директор на Формула 1 Стефано Доменикали му оддаде почит на починатиот Дитрих Матешиц и неговите напори да ја врати Австрија во календарот на Формула 1. Италијанецот објасни дека „љубовта, страста и визијата“ на Матешиц го обезбедиле успехот на трката.


Усик и Фјури договорија термин за боксерски спектакл

Светската боксерска асоцијација (ВБА) во саботата објави дека е постигнат договор околу борбата меѓу Британецот Тајсон Фјури и Украинецот Олександр Усик, за апсолутен светски шампион во тешка категорија.

Најавата на ВБА следи по долгите преговори за борбата на 29 април на Вембли, при што боксерите ги користат социјалните мрежи за да се рекламираат и да поставуваат услови.

Шампионот на ВБЦ, Фјури, во петокот изјави дека Усик, шампионот на ВБА, ИБФ и ВБО, треба да добие 30 отсто од заработката од борбата, со што битката е загрозена. Усик на социјалните мрежи во петокот вечерта изјави дека се согласува со понудата, но само доколку Фјури донира еден милион фунти за Украина.

„Претседателот на ВБА доби информација од таборите на Олександр Усик и Тајсон Фјури дека е постигнат договор за меч за обединување на титулата“, се вели во соопштението на ВБА.


Дали се случи плагијат во првата формула 1 трка оваа сезона

Луѓето од Ред Бул ќе направат интерна истрага дали протекле информации околу болидите откако Астон Мартин го освои третото место на патеката во Бахреин на премиерната трка во новата сезона во Формула 1.

Првиот човек на Ред Бул, Хелмут Марко, потсети дека неколку инженери кои го напуштија тимот се преселија токму во Астон Мартин.  Станува збор за Ден Фалос поранешен шеф за аеродинамика и Ендрју Алеси, поранешен дизајнер во Ред Бул.

Според ФИА пак, успехот на Астон Мартин воопшто не е спорен и нема што да се истражува.


Џонс по три години се врати и победи во УФЦ борбите

По три години легендарниот борец Џин Џонс изминатата вечер се врати во УФЦ и уште во првата рунда го победи Сирил Ган и го освои шампионскиот појас во тешка категорија.

Ган најавуваше голема борба против Џонс, но Џонс брзо покажа зошто има статус на легендарен борец помеѓу сите навивачи. Борбата траеше само две минути.

Следен противник на Џонс најверојатно ќе биде Хрватот Стипе Миочиќ.