останато

Леклер побрз од Хамилтон на првиот тест на Ферари

Пристигнувањето на Луис Хамилтон во Ферари продолжува да биде главна тема во Формула 1 караванот.

Внимателно се следи секој чекор на седумкратниот светски шампион. Во петокот повеќе од пет илјади луѓе го следеа тестирањето на новиот болид на Ферари во „Фиорано“.

Интересно е што беа споредени резултатите на Шарл Леклер и Луис Хамилтон – пилотот од Монако беше побрз.

Леклер го запре часовникот на 56,06 секунди, само 0,061 побавно од најдоброто време на Фиорано во историјата, поставено од Михаел Шумахер во 2004 година со 55,999 секунди.

Британецот беше дури осум десетинки побавен од Леклер. Леклер го доби првиот дуел меѓу клупските колеги, а ќе видиме како ќе биде кога ќе почне првенството.

Првата трка од сезоната 2025 е закажана за 14 март во Австралија.


Стота победа на Шифрин во Светскиот Куп

Микаела Шифрин се запиша во историјата на алпското скијање, откако попладнево ја забележа победата број 100 во Светскиот куп.

Шифрин до историското достигнување дојде на 29 годишна возраст со триумфот во слалом во Сестриере, Италија.

Вкупното време за Американката која е 1:50.33 минута за трета победа оваа сезона и вкупно 63. во слалом.

Второто место го освои Зринка Љутиќ од Хрватска со заостанување од 61 стотинка, додека трета беше Пола Молцан од САД со 64 стоти делови од секундата послабо време од сонародничката.

Љутиќ е нов лидер во поредокот во слалом со 489 бодови, пред Камила Раст (Швајцарија) со 450 и Катарина Линзбергер (Австрија) со 384.


Даниела Алексовска е европска ММА првенка

Македонија слави уште еден историски успех! По освоениот сребрен медал на Европското првенство во 2024 година, оваа година, Даниела Алексовска, членка на „Д Стронгест“, се закити со златен медал на Европското ММА првенство 2025 во Белград, Србија.

Во финалето на женската дивизија, Алексовска ја совлада Анастасија Хородивска од Украина – актуелната светска вицешампионка – во првата рунда за помалку од една минута со зафат (триаголник), освојувајќи ја првата европска ММА титула за Македонија во женска конкуренција.

Овој успех претставува значајна победа за македонскиот ММА спорт, а Алексовска уште еднаш докажа дека припаѓа на европскиот врв.


Иџе награден на церемонијата на ФИА во Љубљана

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе се најде меѓу европскиот крем на возачи на настанот во Љубљана кој го организираа словенечката метропола и сојузот на возачи, со цел да бидат наградени најдобрите на европското ФИА првенство на брдски патеки.

Стефановски беше најдобар оваа година во неговата ФИА група 1 и доби признание кое го прими пред присутните и доби аплауз за постигнатото.

Новата сезона на брдските патеки се отвора на 13 април во Франција, а по 11 извозени трки традиционално крајот како и на секоја година е во Бузет, Хрватска, на 21 септември.


По дванаесет години се возобновува Шарлпланинскиот Куп

Скијачката федерација на Македонија го најави 41-от Шарпланински куп во алпско скијање на Попова Шапка. По пауза од 12 години, манифестацијата ќе се одржи наредната недела во среда и четврток 26 и 27 февруари.

„Со голема возбуда и гордост најавуваме дека Попова Шапка повторно ќе биде домаќин на најстариот меѓународен скијачки натпревар на Балканот. Овој престижен натпревар својата приказна ја започна во далечната 1947 година, а од 1954 официјално стана дел од календарот на Меѓународната скијачка федерација (FIS). Шарпланинскиот куп е синоним за храброст, брзина и прецизност, носејќи ја магијата на алпското скијање во Македонија. На овогодинешното издание, кое се одржува на 26 и 27 февруари, ќе учествуваат натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Турција, Хрватска, Црна Гора, Грција, Косово и Кипар. Снежните падини на Попова Шапка ќе бидат центар на возбудливи натпревари, еуфорија и неочекувани пресврти – токму она што го прави алпското скијање спорт на вистинските шампиони“, соопштуваат од Скијачката федерација на Македонија.

Федерацијата има поддршка од Меѓународната скијачка федерација (FIS), Министерството за спорт и ски-центарот Попова Шапка, како и компании за одржување на манифестација.


Канада победник на првото издание на „Четири нации“

Canada’s Connor McDavid (97) celebrates after his game-winning goal against the United States during an overtime period of the 4 Nations Face-Off championship hockey game, Thursday, Feb. 20, 2025, in Boston. (AP Photo/Charles Krupa)

Хокеарската репрезентација на Канада е победник на турнирот „Четири нации“, на кој настапуваат играчи само од НХЛ лигата, откако во финалето синоќа во Бостон по продолженија триумфираа над САД со 3-2 (1-1, 1-1, 0-0; 1-0).

Првото издание на овој турнир, понуди одличен хокеј, а кулминацијата се случи во финалето во Бостон, во кое Канаѓаните ги победија своите големи ривали Американците со голот на најдобриот играч на денешницата, Конор МекДејвид во 8:18 минута од продолжението.

Турнирот „Четири нации“ беше своевидна „генерална проба“ за враќање на НХЛ играчите на Зимските олимписки игри по пауза од 12 години, што ќе се случи за една година во Милано.


Дубоа е болен и се повлече од борбата за светска титула

Светскиот првак во тешка категорија во верзијата ИБФ, британскиот боксер Даниел Дубоа се повлече синоќа од борба против Новозеланѓанецот Џозеф Паркер поради болест.

Борбата требаше да се одржи в сабота во Ријад. Дубоа во четвртокот беше подложен на тестови во Ријад и ја пропушти официјалната прес-конференција, а набргу потоа се повлече од борбата.

Не е соопштено за каква болест станува збор, пренесе Би-би-си.
Дубоа требаше да ја брани титулата во ИБФ по втор пат, откако минатиот септември го победи Ентони Џошуа во пет рунди на лондонскиот Вембли пред 96.000 гледачи.


Карлсен става на аукции фармерки со кои бил дисквалификуван

Светскиот шампион во шах, Норвежанецот Магнус Карлсен, ги стави на аукција своите фармерки, поради кои беше дисквалификуван од Светското првенство во брз шах во Њујорк во декември 2024 година поради прекршување на правилата за облекување.

По суспензијата, норвешкиот велемајстор изјави дека повеќе нема да учествува на турнирите под покровителство на Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ).

Карлсен подоцна се натпреваруваше на Светското првенство во Блиц, откако претседателот на ФИДЕ Аркадиј Дворкович реши да го релаксира кодексот на облекување.

-„Забранети фармерки“ сега може да бидат ваши. Ги ставам фармерките на аукција. Никогаш не мислев дека ќе напишам вакво нешто. Сите приходи ќе бидат наменети за добротворен фонд, напиша шахистот на својата страница на социјалната мрежа Икс.

Во јануари, Магнус ја подели титулата Светски шампион во Блиц со рускиот шахист Јан Непомнијахчи.


ФИА ќе воведе ново правило пред стартот на новата Формула 1 сезона

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) донесе одлука за подобрување на уличната трка за Големата награда на Монако.

ФИА реши да воведе дополнителни запирања во боксовите како најдобар начин да внесе возбудувања во трката.

Досега тимовите на трката запираа по еднаш поради малата потрошувачка на гумите и зачувување на позицијата на патеката поради тоа што тешко е да се престигне ривалот на уличната трка во Монако.


Антонели: Не сум замена за Хамилтон, туку возач на Мерцедес

Новиот возач на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, пред претставувањето на сезоната во Формула 1 во Лондон изјави дека нема големи очекувања за своето деби.

Антонели во германскиот тим го замени Луис Хамилтон, кој во февруари минатата година ги изненади сите објавувајќи го својот трансфер во Ферари.

Британецот тогаш имаше договор со Мерцедес до 2025 година, но кога беше објавено дека си заминува, јасно беше дека е разочаран бидејќи не доби повеќегодишен договор. Причината поради која Хамилтон не доби подолг договор е Антонели – шефот на тимот Тото Волф изјави дека не сака да ја пропушти можноста да го донесе чудото од дете, откако претходно ја пропушти можноста со Макс Верстапен. Сите знаеме какви последици имаше таа одлука за Мерцедес…

„Јас не сум замена за Хамилтон, јас сум возач на Мерцедес. Дефинитивно возењето за Мерцедес е голема одговорност, ова е еден од најголемите тимови во Формула 1, но во исто време тоа е и голема можност за мене. Тоа е голема чест, ќе дадам се од себе да го искористам максимумот“, изјави Антонели пред спектаклот во О2 Арената.

Низ историјата, вкупно 96 возачи од Италија се тркале во Формула 1, а последен пред Кими е Антонио Џовинаци. Познато е дека Ферари е многу поважен за Италијанците од италијанските возачи, но Антонели се надева дека и покрај тоа што вози за ривалски тим, ќе добие поддршка.