останато

Маркез ги послушал докторите да направи пауза од трките

Легендарниот возач во Мото Гран При конкуренцијата, Марк Маркез, откри дека повеќе лекари го советувале да направи пауза за да ја санира повредата која го спречи да настапи на неколку трки.

„Ако се тркам, тоа ќе биде затоа што сакам да возам и да ризикувам. Кога три одделни медицински тимови ми кажаа дека би било лудо да возам, не можев да ги игнорирам. Ми беше кажано дека ако повторно се повредам има шанса да ја завршам кариерата. Така, одлуката да не се вози беше релативно лесна“, објасни шесткратниот шампион пред новинарите.


Легендата Фарах најави завршување на кариерата

Атлетичарот, Мо Фарах, кој има четири златни медали од Олимписките Игри, најави дека кон крајот на годинава на полумаратонот во Греј Норт ќе ја заврши богатата кариера.  

„Грејт Норт Ран ќе биде моето последно натпреварување и тоа ќе биде моето збогување“ – потенцира Фарах кој има шест златни медали на светските и пет на европските првенства.

Фарах на Игрите во Лондон (2012) и Рио де Женеиро (2016) успеа да ги освои златните медали на трките на 5 и 10 километри.


Формула 1 трката во Монако под знак прашалник заради протестите во Франција

Одржувањето на трката за Големата награда на Монако може да биде под знак прашалник. Во Франција продолжуваат протестите во врска со усвојувањето на пензиската реформа, па во оваа насока, во земјата се одржуваат масовни протести и меѓу синдикатот CGT Energie, кој работи во енергетскиот сектор.

Меѓу овие акции, се очекуваат прекини на струја на големи настани како Ролан Гарос и Големата награда на Монако. Од CGT Energie истакнаа дека не ја исклучуваат можноста овие настани да „завршат во темница“.

CGT Energie веќе ја презеде одговорноста за прекините на електричната енергија на аеродромот во Монпеље и во училиштето во Еро кое го посети претседателот Макрон. Големата награда на Монако е закажана за 26-28 мај.


Уникатен рекорд на Борусија Дортмунд: Девет победи по ред на домашен терен

Борусија Дортмунд постави уникатно достигнување за својата клупска историја.

Натпреварот од 29. коло во германската Бундеслига во кој Борусија Дортмунд го пречека Ајнтрахт Франкфурт го доби со резултат 4-0.

Со тоа тимот ја извојува деветтата последователна победа на домашен терен во една сезона во германскиот шампионат. Претходно, клубот не можеше да го направи тоа во целата своја историја. Победата и овозможи на Борусија Дортмунд да стигне до првата позиција во германското првенство. 

Тимот има освоено 60 поени на 29 натпревари и на пет кола пред крајот на првенството е пред Баерн Минхен со еден бод предност. Во следното коло Борусија ќе игра со Бохум на гостински терен, а Баерн ќе ја пречека Херта.


Струга домаќин на Светското екипно првенство

На последниот состанок на управниот одбор на Светската Шаховска Организација (FIDE), кој се одржа на 4-ти април во Мексико, на Шаховската Федерација на Република Македонија (ШФМ) и’ беше доделена организацијата на Светското екипно првенство за сениори.

По пауза од 50 години и одржувањето на Шаховската Олимпијада во далечната 1972 година, ова е прв настан од светски рамки кој ќе се организира во нашата држава.

Во последните неколку години ШФМ успешно организираше неколку големи меѓународни европски натпреварувања, и особено не радува што овој пат и FIDE, ги препозна нашите квалитети и ни ја додели организацијата на ова значајно меѓународно натпреварување. Понудата за организација на ШФМ беше избрана како најдобра во конкуренција на четири други понуди и тоа од Италија, Малта и Тајланд.

Екипното светско првенство за сениори ќе се организира во две старосни категории, едната за играчи над 50 години и втората категорија за играчи над 65 години. Истото ќе се одржи во период од 19-ти до 29-ти септември, во хотел „Изгрев“, Струга, а се очекува да учествуваат повеќе 400 шахисти од целиот свет.

ШФМ ќе ги стави на располагање сите свои ресурси ова натпреварување да биде организирано во најдобар ред, што ќе ни овозможи и во иднина да се кандидираме за организација на големи меѓународни натпревари. Секако очекуваме поддршка од Агенцијата за Млади и Спорт, со која имаме одлична соработка која и до сега не поддржуваше во сите наши активности и проекти, како и од сите други заинтересирани љубители на шахот.


Верстапен: Имаме добар болид, но далеку сме од Мерцедес во минатата деценија

Макс Верстапен, двократниот светски шампион во Формула 1, ја коментираше изјавата на Луис Хамилтон за болидот на Ред Бул.

Британецот истакна дека овогодинешниот Ред Бул е најбрзиот болид што некогаш го видел и дека има огромна предност во однос на конкуренцијата.

Холанѓанецот не се согласи со оваа констатација.

„Ако ја погледнеме статистиката, оваа изјава не е точна. Вистина е дека имаме добар болид и тоа не е лошо. Сепак, искрено сме далеку од доминацијата што ја имаше Мерцедес во периодот од 2013 до 2020 година“, изјави Верстапен.


Македонија доби огранизација на голем пинг-понгарски настан

Презентацијата и изборот се одржаа на тековното Европско првенство во пинг понг во категорија до 21 година во Сарајево, Босна и Херцеговина, каде што учесници се и Ангелина Иванова како заменик Врховен судија и Виолета Апостолоска како Судија на маса. За првпат во историјата на Македонија, добиваме организација на врвен настан кој ќе го собере кремот на Европскиот пинг понг во Скопје во месец Јануари 2024 година. 

Неколкуте врвно организарани светски настани во пинг понг, беа забележани и ЕТТУ ја потврди довербата во ППФМ за организација на уште еден голем настан на Европско тло во Скопје.


Дуплантис спремен да сруши светски рекорд на митингот во Монако

Арманд Дуплантис, светски рекордер во скок со стап, потврди дека ќе настапи на митингот во Монако на 21 јули.

Актуелниот олимписки и светски шампион моментално ги држи рекордите на осум турнири од Дијамантската лига. Атлетичарот од Шведска нагласи дека на собирот во Кнежевството ќе атакува на нов рекорд.

„Со нетрпение очекувам да се вратам во Монако на 21 јули. Знам дека рекордот е 6,02 м. Ќе видиме дали ќе можам подобро. Монако е идеално место за скокање високо, особено благодарение на медитеранското време“ беа зборовите на Дуплантис.


Британскиот боксерски херој заработи двегодишна суспензија

Боксерот, Амир Кан, доби двегодишна суспензија, објави денеска британската анти-допинг агенција.

„На 19 февруари 2022 година, агенцијата зеде примерок од урина од Кан пред борбата со Кел Брук. Примерокот покажа присуство на „остарин““, се вели во соопштението.

Кан кој ќе ја одлежи казната до 5 април во 2024 година, рече дека внесувањето на „остарин“ не било намерно. Тој има 34 победи и пет порази.


Франческо Бањаја е победник на првата трка од новата сезона во Мото ГП

Актуелниот светски првак во Мото ГП шампионатот, возачот на Дукати, Франческо Бањаја, е победник на првата трка сезонава која се возеше во Алгавре, Португалија.

Шпанецот Бањаја на целта пристигна пред неговиот сонародник Маверик Вињалес кој беше втор, а како трет на победничкиот подиум се искачи Марко Бецекио од Италија.

Следната трка во Мото ГП шампионатот на програмата е втори април, а ќе се вози за Големата награда на Аргентина.