останато

Неизвесно одржувањето на трката во Абу Даби

Трката за Големата награда на Абу Даби, закажана за 24-26 ноември, е под закана за откажување. Поради ескалацијата на вооружениот конфликт на Блискиот Исток меѓу Израел и Палестина, одржувањето на викендот во Обединетите Арапски Емирати може да биде откажан.

Како што пренесуваат неколку медиуми специјализирани за Формула 1, менаџерите на натпреварувањето го следат развојот на настаните, размислуваат за ситуацијата и ги проценуваат безбедносните услови. Можно е да се почека да се види како ќе завршат трките во WEC шампионатот на издржливост кои овој викенд ќе бидат во Бахреин, исто така на Арапскиот Полуостров.

Одлуката на Формула 1 се очекува во следните денови.


Лукас Браатен неочекувано најави крај на скијачката кариера

Еден од најдобрите скијачи во светот, 23-годишниот Норвежанец Лукас Браатен, реши да стави крај на кариерата поради малку неверојатна причина.

Неговиот потег многумина го толкуваат како бунт против Норвешката скијачка асоцијација. Тие им забранија на своите скијачи да потпишуваат поединечни договори со спонзори кои се во конфликт со спонзорите на Федерацијата. Браатен рече дека не ја завршува кариерата поради протест или одмазда, туку затоа што бил „третиран со крајно непочитување“.

Се огласи и преку својот Инстаграм каде објави видео на кое скија, а во описот напиша: „Благодарам!

Реакциите на скијачката јавност се речиси едногласни – сите се тажни што еден од најпопуларните скијачи се пензионира како скијач. Некои колеги како Јохан Клери и Атл Ли Мекграт исто така се огласија во коментарите, но еден особено насмеа и привлече внимание.

Станува збор за пензионираниот германски скијач Феликс Нојројтер, кој му понудил брак на Браатен за да си ја „спаси“ кариерата:

„Не ми се верува… Ако е поради сојузот, ќе се омажам за тебе, а ти можеш да скијаш за Германија. Мојата сопруга нема да протестира“, напиша тој.


Евротип и Голд Слот горди спонзори на првиот спортски настан „Че трчаме“ во Прилеп

Во неделата на 22-ви октомври во Прилеп за прв пат се одржа спортскиот настан „ЧЕ трчаме“.
Низ прилепските улици беа одржани три трки и тоа детска, како и две трки за возрасни на 5 и 10 километри на кои продефилираа огромен број на учесници.

Чест да го поддржат настанот во својство на генерални спонзори имаа компаниите ЕВРОТИП и ГОЛД СЛОТ кои што уште еднаш ја покажаа својата посветеност кон спортот и социјализацијата на граѓаните.
Како компании чии вработени секогаш се стремат кон спортскиот дух и натпреварувањето, и сега не изостана интересот и пријавувањето за учество на трката, посебно на онаа во должина од 5 километри. Свое учество како тркачи од двете компании зедоа Филип Цветаноски, Дејан Наумоски, Ангела Елизабета Виданоска, Влатко Стојаноски, Антонио Ангелевски, Билјана Николовска, Ташко Башевски и Марија Дабеска кои добија безрезервна поддршка од своите колеги.
За настанот да биде комплетно покриен и од забавен карактер, Евротип и Голд Слот на повеќе локации низ градот имаа свои промотивни штандови со многу изненадувања, награди и промоции за сите посетители.

Најавуваме дека како општествено одговорни компании и во иднина ќе даваме целосна финансиска и мотивациска поддршка на вакви настани и локални иницијативи каде целта е да се промовира спортот, компетитивноста и здравиот начин на живот на граѓаните.


Џошуа бара борби со Вајлдер и Фјури па да ја заврши кариерата

Ентони Џошуа зборува за крајот на кариерата како боксер, иако неодамна наполин 34 години, но пред да се повлече од рингот сака да се бори уште со двајца ривали, а тоа се Тајсон Фјури и Дионтај Вајлдер.

Џошуа се обидува да договори борби против најголемите ѕвезди во боксот, но досега не падна договор за такво нешто.

„Ако не се борам со Фјури или Вајлдер, односно барем еден од нив, тогаш мојата кариера нема да биде целосна“, кажа Џошуа.

Џошуа наводно бил во преговори со Вајлдер, но засега нема конкретни информации во јавноста за тоа како течат преговорите.


„Фатен“ максимумот од 50 парови на тикет во Евротип!!!

Играч од Скопје за викендот одигра „невозможна“ комбинација со микс на игри и спортови за кои не може да се напише коментар. Тргна во сабота а заврши во недела, за на крај да ги заокружи сите како погодени.
Мајсторки нема што.
Честитки за тикетот.


Етиопијката Асефа го собори светскиот рекорд во маратон

Берлинскиот маратон уште еднаш потврди дека е најдобрата трка за испишување историски резултати. Тигист Асефа постигна нов светски рекорд во женска конкуренција истрчувајќи ја патеката од 42 километри со време од 2.11.53 часа. Во нашка конкуренција победата ја однесе одличниот Елиуд Кипчоге кој по петтипат триумфира на улиците на Берлин, овој пат со време од 2.02.42 часа.

26-годишната Етиопијка имаше незаборавна трка која предизвика бурни реакции кај публиката, а Кипчоге, која е и актуелен светски рекордер потврди дека е најдобриот на оваа делница.


Каков Цар!! – “Мајсторски“ тикет со фантастична добивка од преку 1 МИЛИОН денари

Кога имате понуди за обложување со највисоки коефициенти како во обложувалниците Евротип, тогаш ви е потребна само уште малку среќа за составување тикет кој ќе ви донесе фантастична добивка.

Играч од Битола состави “БОМБАСТИЧЕН“ тикет кој на крајот се испостави како ПОЛН ПОГОДОК. 37 фудбалски парови и играта КОНЕЧЕН ТИП беа доволни за оваа извонредна добивка. Со влог од само 50 денари, среќниот типувач успеа да направи фантастична квота 18468.08. Кога на сето ова ќе се додаде извонредно високиот ЕВРОБОНУС од 526,340 денари, сумата за исплата стигна до неверојатни 1,232,290 денари.

Уште еднаш се покажа дека одличните коефициенти во обложувалниците Евротип и со мала уплата ви носат неверојатни добивки.

Уште еднаш браво за добитникот и успех во следните обложувања.


Дарио Ивановски собори национален рекорд во полумаратон

Дарио Ивановски ја одбрани шампионската титула на Балканското
првенство кое денес се одржа во рамки на битолската трка „Трчај Бе“.
Ивановски 21 километар истрча за време од 1:04:45 часа и тоа е нов
државен рекорд во полумаратон во машка конкуренција.
Со оваа победа Ивановски ја одбрани титулата која ја освои минатата
година на полумаратонот во Тирана. На втората позиција заврши
Ахмет Алканоглу од Турција, трет беше Романецот Стефан Иулис.
Победничка во женска конкуренција беше Албанката, Луиза Гега,
една од најдорбите атлетичарки на Балканот и актуелна европска
шампионка на 3.000 метри стиплчез. Маринела Нинева заврши зад
неа, а Даевора Аврамова на третата позиција.


Верстапен казнет пред Белгиското Гран-при

Актуелниот светски шампион Макс Верстапен ќе ја започне трката во Белгија пет места поназад од оствареното на патеката, казна која ќе ја добие поради надминувањето на дозволениот број на промена на делови за трансмисијата на болидот.

Холанѓанецот ќе добие казна од пет позиции, кои ќе бидат валидни само за главната трка, а не и за спринт трката, која е закажана за во сабота.

И со ваква казна, Верстапен ќе биде главен фаворит за победа со оглед на перформансите на болидот на Ред Бул, но на патеката Спа се очекува и дожд, па никој со сигурност не би можел да прогнозира што ќе се случува на трката закажана за претстојниот викенд.

Во прилог на Макс оди фактот што на ланската трка во Белгија стартуваше од 14. позиција и на крајот доминантно стигна до победата.


Ѓорѓи Ѓорѓиев пак ќе игра во турската одбојка

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Ѓорѓи Ѓорѓиев следната сезона ќе ја мине во дресот на турскиот суперлигаш Бурса ББСК. Како што потврдија од клубот, тие денеска потпишаа договор со нашиот техничар, кој ќе биде едно од трите странски засилувања за Бурса во новата сезона.

Ѓоргиев минатата сезона го носеше дресот на Камбраи Волеј во Франција, но во вториот дел од сезоната беше дел од турскиот шампионат каде настапуваше за екипата на Хатај Беледиеспор. Бурса минатата сезона во турската елита заврши на шестото место.