останато

Отворена истрага против првиот човек на Ред Бул

Првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер, барем според пишувањата на светските медиуми е под истрага поради неприкладно однесување кон една девојка во тимот.

Да потсетиме дека Хорнер е оженет со позната пејачка Гери Халовеј, некогашна членка на мега – популарната група “Спајс грлс“.

Портпаролот на Ф1 ги потврдил овие наводи и дека е покрената истрага за однесувањето на Хорнер. Инаку тој демантира се она што е поврзано со овој случај.

Исто така и членовите на тимот со кои новинарите контатирале се шокирани од се ова во врска со Хорнер.


Познат новиот термин за борбата Усик – Фјури

Презакажаната пресметка меѓу шампионот на ВБЦ во тешка категорија Тајсон Фјури и шампионот на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија Олександр Усик ќе се одржи на 18 мај.

Новиот датум го објави принцот саудискиот принц Турки Ал аш-Шеик, во поткастот „The MMA Hour“.

Борбата меѓу Британскиот боксер Фјури и Украинецот Усик требаше да се одржи на 17 февруари во Ријад, Саудиска Арабија. Причина за откажувањето на мечот беше тоа што британскиот боксер доби сериозна расекотина на окото при спаринг.

Фјури вчера се извини за откажувањето на првичниот датум за боксерскиот спектакл.


Хамилтон: Потписот за Ферари е најтешката одлука во мојот живот

Во текот на вчерашниот ден беше потврден еден од најголемите трансфери воопшто во спортот, Биртанецот Луис Хамилтон се одлучи од 2025 година да вози за тимот на Ферари.

Во текот на вчерашниот ден беше потврден еден од најголемите трансфери воопшто во спортот, Британецот Луис Хамилтон се одлучи од 2025 година да вози за тимот на Ферари.

Ферари за Хамилтон ќе биде само третиот тим во Формула 1 откако претходно ја започна кариерата во Мекларен за кој возеше од 2007 до 2012 година и освои една титулата, додека по преселбата во Мерцедес додаде уште шест во својата богата кариера.

„Поминав 11 прекрасни години во Мерцедес и горд сум на успесите кои ги постигнавме. Мерцедес е дел од мојот живот уште од кога имав 12 години. Ова е место каде што пораснав и затоа одлуката да заминам е најтешката која сум ја донел во кариерата. Но, сметам дека доаѓа во вистинско време да направам нов чекор. Засекогаш ќе бидам благодарен за неверојатната поддршка која ја имав, посебно на Тото Волф за пријателството и лидерството сакам заедно да ја завршиме сезоната на високо ниво“, изјави Хамилтон.


Одложен боксерскиот спектакл Усил – Фјури

Борбата за неприкосновен светски шампион во тешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик е одложена откако Британецот се здоби со сериозна расекотина на тренинг, поради што беа потребни конци.

Неговиот тим објави соопштение во кое се вели дека Фјури е „апсолутно разочаран“.

Како што е соопштено, 35-годишниот Фјури имал лош спаринг натпревар на неговиот тренинг камп во Саудиска Арабија во петокот.

Борбата меѓу Британецот и Украинецот требаше да се случи на 17 февруари во Ријад.

Доколку борбата се одржи подоцна, победникот ќе биде прогласен за првиот неприкосновен шампион во тешка категорија во ерата со четири појаси.


Големата награда на Јапонија останува во календарот до 2029 година

Големата награда на Јапонија, која традиционално се вози во Сузука,
останува во календарот на Формула 1 до 2029 година, соопшти
денеска Ф1.
На патеката во Сузука веќе се одржани 33 трки, а премиерното
издание беше во 1987 година.
Рекордер според бројот на победи во Сузука е Германецот Михаел
Шумахер, кој шест пати ја освојуваше ГН на Јапонија.
Новата сезона во Формула 1 стартува на 2 март со ГН на Бахреин, а во
календарот се вклучени 24 трки.
Трката за ГН на Јапонија во новата сезона е на програмата на 7 април.


Париз очекува рекорден број гледачи на отворање на Олимпијадата

Олимписките игри 2024 ќе ги обезбедуваат повеќе од 35.000 полициски службеници на кои француската Влада вчера најави дека за ангажманот ќе ги награди со бонус до максимален износ од 1.900 евра.

Бројот на гледачи кои ќе можат да присуствуваат на церемонијата на свеченото отворање на летните Олимписки игри на бреговите на Сена ќе биде „околу 300.000“, објавија денеска француските власти.

До отворањето на Игрите на 26 јули преостануваат 177 денови, а организаторите се подготвуваат за спектакуларна церемонија.

Предводено е спортистите од сите земји учеснички на претстојната олимпијада да продефилираат на свеченото отворање на 160 бродови кои ќе пловат по рутата долга шест километри.

Церемнијата на свеченото отворање е планирано да трае три часа. До овој момент помалку од десет луѓе се запознати со секој чекор на церемонијата.

Олимписките игри 2024 ќе ги обезбедуваат повеќе од 35.000 полициски службеници на кои француската Влада вчера најави дека за ангажманот ќе ги награди со бонус до максимален износ од 1.900 евра.


Мадрид доби улична Формула 1 трка по 45 години

Шпанската престолнина Мадрид и Светската автомобилска федерација (ФИА) потпишаа договор за соработка до 2035 година. Трките во Формула 1 на тој начин ќе се вратат на улиците на Мадрид по 45 години.

Од 2026 година Шпанија ќе биде домаќин две трки во првенството на Формула 1, бидејќи Каталонија е редовна локација од 1991 година.

Во вторникот, извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали и градоначалникот на Мадрид, Хосе Висенте де лос Мосос, пред медиумите го претставија планот за трката во Мадрид. Позната е и рутата по која ќе возат болидите.

Трката ќе се вози недалеку од центарот на градот, патеката ќе минува и покрај некои познати градби од историска важност, што ќе додаде дополнителен шарм на овој спектакл.

Патеката ќе биде долга 5 километри, ќе има 20 свиоци, а идејата на организаторот е да обезбеди капацитет за 140.000 луѓе.


Браќата Маркез ќе возат ви тимот Гресини Рејсинг

Гресини Рејсинг е првиот тим од МотоГП шампионатот кој ги промовира своите возачи, тоа се Марк и Алекс Маркез.

Двајцата ќе бидат возачи на екипата во МотоГП шампионатот во 2024 година. Од нив се очекуваат возбудливи трки и интересни резултати, посебно од осумкратниот шампион Марк во кого се гледа како главен адут.

За него ова ќе биде прва сезона на Дукати, по настапите за Хонда.


Мексико ја повлече олимписката кандидатура за 2036 година

Мексико се откажа од кандидатурата за домаќин на Летните
олимписки игри во 2036 година, објави претседателката на
Олимпискиот комитет на земјата, Марија Хозе Алкала.
Во конкуренција за домаќин на овие Олимписки игри останаа повеќе
земи и според најавите до крај ќе биде неизвесно кој ќе ја добие
шансата да го организира најголемиот спортски собир.
Индија, Турција, Индонезија и Полска претходно се кандидираа за
Олимпијадата во 2036 година и се уште остануваат во трката.
Марија Хозе Алкала додаде дека Мексико најверојатно ќе се пријави
за домаќин на Панамериканските игри во 2027 година.


Унгарија и Хрватска ќе се борат за европското злато во ватерполо

Ватерполо репрезентациите на Хрватска и Шпанија ќе се борат за трофејот на Европското првенство. Шпанија во првото полуфинале ја победи Италија со 7-4. Овој меч беше реприза на дуелот за бронзениот медал од минатото првенство.

Алваро Гранадос и Фелипе Пероне беа најзаслужни за триумфот во една ваква тешка партија со по два гола.

Хрватите пред домашната публика ја победија Унгарија со 11-8. Најефикасен кај Хрватска беше Јерко Мариниќ Крагиќ со три гола, а Лорен Фатовиќ додаде два.

Кај Унгарците со по три гола најдобри беа Винс Вигвари и Адам Наѓ.