останато

Тим Гос нов технички директор на ФИА

Промените во раководството на Светската автомобилска федерација продолжуваат со заминување на долгогодишниот технички директор, Тим Гос. Тој е втор кој заминува откако претходно функцијата спортски директор престана да ја врши Стив Нилсен.

Гос беше централна фигура во процесот на формирање на новите правила кои ќе важат од 2026 година, додека функцијата на Нилсен кој беше доведен пред нешто повеќе од година дена беше надгледување на контролата на операциите по контроверзијата на Големата награда на Абу Даби во 2021 година.


Симон Аман ќе скока на новогодишната турнеја и на 42 години

Швајцарскиот ски-скокач Симон Аман на 42-годишна возраст ќе настапи на својата 25 Новогодишна турнеја „Четири скокалници“.

Тој се наоѓа на списокот на репрезентацијата што го објави Швајцарската скијачка федерација.

Четирикратниот олимписки шампион од 2002 и 2010 година ќе биде на скокалниците во Оберстдорф, Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен во тим со Грегор Дешванден, Килијан Пејер и 20-годишниот Рем Имхоф.

Многумина очекуваа дека ланската олимписка сезона ќе биде последна за Аман, но тој повторно беше вклучен во репрезентацијата пред новата сезона.

Светски првак стана во 2007 година во Сапоро, има 23 индивидуални победи на Светското првенство и 80 пати бил на подиумот.

Новогодишните празници тешко се замислуваат без „Четирите скокалници“, традиционално натпреварувањето започнува во двата германски зимски центри Оберстдорф (29 декември) и Гармиш-Партенкирхен (1 јануари), а потоа најдобрите светски натпреварувачи се селат во Австрија, односно Инсбрук (3 јануари) и Бишофсхофен (6 јануари).


Белград ја доби организацијата на ЕП во пливачки спортови

Челниците на Европската пливачка организација (ЛЕН) одлучиja
Европското првенство во пливање следната година да се одржи во
Белград, од 10 до 23 јуни.
Првично, ова првенство требаше да се одржи во Казан, Русија, но
откако започна војната во Украина и сите меѓународни натпревари на кои требаше да биде домаќин Русија автоматски беа одложени,
челниците на ЛЕН доделија нов домаќин.
Освен во пливање, Белград ќе биде домаќин и на натпревари во
синхронизирано пливање и скокови во вода, како и во далечинско
пливање.
Првенството во Белград ќе биде и последна можност за
натпреварувачите во овие спортови да го исполнат олимпискиот
стандард, пред Игрите што ќе се одржат во Париз.


Армстронг: Користев допинг кој не може да е открие

Човекот кој освои седум титули на „Тур Д’Франс“ и стана еден од најуспешните спортисти, Ленс Армстронг ги шокираше навивачите откако призна дека користел дроги.

Поради допинг на Армстронг му беа одземени сите титули од трките во Франција, а неодамна во една емисија зборуваше за тоа.

„Не се обидувам да го оправдам тоа или да кажам дека би го повторил делото, но факт е дека сум тестиран 500 пати, а никогаш не паднав на допинг контрола. Реалноста е во тоа што некои супстанции траат четирии часа. Со дрогата која ја користев би се променил нашиот спорт. Не сакам да охрабрам било кој да го направи тоа. Вистината е тоа што дрогата не можеше да се открие“, вели Армстронг.


Шпански голфер е најплатен светски спортист

Јон Рам, голф играч од Шпанија, е новиот најплатен спортист во светот. Платен повеќе од фудбалерите Лионел Меси и Кристијано Роналдо заедно, стана со потписот на договор вреден 555 милиони евра со ЛИВ голф лигата од Саудиска Арабија, пренесува „Дејли Меил“.

Рам е трет на светската листа и Мастер Шампион и сега испиша историја со трипати поголем договор од оној што Саудијците му го платија и на шесткратниот шампион Фил Микелсон пред година и пол.

ЛИВ голф лигата имаше намера да го направи Тајгер Вудс најплатен спортист во светот, но тој одби понуда од 920 милиони евра, додека Рори Мекилрој го одби нивниот предлог за договор вреден 290 милиони евра.


Ди Џанантонио потпиша договор со Дукати

Фабио Ди Џанантонио во наредната сезона во Мото Гран При шампионатот ќе биде член на Дукати.

„Момци, ајде да се забавуваме“, рече Џанантонио во краткото видео што „VR46 Ducati“ го објави на социјалните мрежи. Возачот утре ќе дебитира за новиот тим.

Тоа ќе се случи на единствениот ден за тестирање по сезоната во Кралската класа за 2023 година. Тестот ќе се одржи на патеката во близина на Валенсија.


Франција ќе ангажира 15.000 војници за Олимписките игри

Околу 15.000 војници ќе бидат мобилизирани за Олимписките игри во Париз што се одржуваат летото 2024 година, од кои 10.000 во поширокото подрачје на главниот град на Франција.

Во оваа фаза, 250 дена пред истекот на рокот, армијата се подготвува да регрутира околу 15.000 војници на национално ниво, од кои околу 10.000 ќе бидат распоредени во Париз и неговата околина, изјави генерал Кристоф Абад.

Во тој број војници не се вклучени лицата од безбедносниот приватен сектор. Организацискиот комитет на Олимпијадата оценува дека од 17.000 до 22.000 безбедносни агенти се неопходни за да се обезбеди едно натпреварувачко место.

За таков вид обезбедување се пријавија повеќе приватни компании. Олимписките игри ќе се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година.


Фелер донесе австриска радост во Светскиот Куп по 17 трки

Австрија ја прекина низата од 17 трки без победа во слалом во Светскиот куп во алпско скијање и тоа со тројно славје во домашниот ски-центар Гургл.

Мануел Фелер денеска беше најбрз и тоа со вкупно време по двете трки од 1 минута, 47 секунди и 23 стотинки. Зад него со 23 стотинки послабо време финишираше сонародникот Марко Шварц, а се-австрискиот подиум го комплетираше Михаел Мат.

Ова беше прва сезонска трка во машка конкуренција во Светскиот куп откако претходно беа откажани трките во Зелден и Цермат-Червинија поради лоши временски услови.


Усик и Фјури ќе ги вкрстат ракавиците на 17 февруари

Официјално, како што пренесува „Дејли Меил “, Тајсон Фјури и Александар Усик ќе ги вкрстат ракавиците во Ријад, Саудиска Арабија на 17 февруари.

Тоа го потврди и самиот Фјури, кој претходно требаше да се бори со Усик на 23 декември, исто така во Ријад.

Но, тогаш Британецот побара борбата да се одложи за неколку месеци, со оглед на тоа што неодамна се бореше против поранешната ѕвезда на УФЦ Френсис Нгану, кого го победи дури по судиската одлука.

Да потсетиме, Фјури го има шампионскиот појас на ВБЦ во тешка категорија, додека Украинецот Усик ги има шампионските појаси на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО.


Поп Ацев примен во Куќата на славните на маратонското пливање

Меѓунардодната организација Куќа на славните на маратонското пливање објави дека Евгениј Поп Ацев ќе стане нејзин член на следниот собир, во мај 2024.

Во 2015 и во 2017 година Поп Ацев беше победник во светскиот гран-при за маратонско пливање, а во 2019 година триумфира на ултра маратонската серија на ФИНА.

„Најголема чест и привилегија е да се биде во ‘Куќата на славните за маратонското пливање’ (IMSHOF) во друштво на најголемите имиња во историјата на светското пливање. Посебно сум среќен и горд што правејќи го тоа што најмногу го сакам и пливајќи за Македонија имам придонесено и оставено белег во светот на маратонско пливање. Многу сум благодарен на IMSHOF за номинацијата, изборот и за ова големо признание од ваква голема светска организација. Исто така и на сите што беа дел од мојата пливачка кариера и подржуваа во изминативе 20 години“, се заблагодари Поп Ацев со објава преку социјалните мрежи.