Данецот Лундберг ја напушти Русија и се сели во НБА лигата

Војната во Украина има и големо влијание врз спортот, голем број спортисти беа принудени да ја напуштат Русија, меѓу нив беше и кошаркарот Габирел Ифе Лундберг.

Лундберг ја напушти Москва поради санкциите кон руските клубови, а сега кариерата ја продолжи не било каде туку во НБА. Негов нов клуб ќе биде Феникс со кој потпиша договор до крајот на сезоната.

Во Евролигата Лундберг постигнуваше во просек во 9.1 поени по натпревар. Оштетата за да го напушти тимот од Москва ја плати самиот тој.