Охрид доминантен и во вториот меч против Драгунас

Ракометарите на Охрид со триумф и на реваншот над Драгунас Клаипеда, се пласираа во осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп.

Пред своите навивачи, охриѓани славеа со 32-25, и со вкупни 62-44 се пласираа во следната фаза од ова натпреварување.

Уште од стартот на мечот Охрид го презеде водството, и брзо дојде до 4:0, потоа само го зголемуваше, на крајот да дојде дио убедлив триумф.

Во еден момент само противникот во вториот дел стигна до еден гол негатива, но тоа беше се што успеа да стори, а Охрид брзо со добра серија повторно се оддалечуваше.

Дарко Ѓукиќ со седум гола беше најефикасен кај Охрид, додека Јускенас и Драскас кај гостите постигнаа по четири погодоци.