Алиоски: Покажавме дека имаме квалитет и дека можеме да играме фудбал

По натпреварот со Швајцарија нашите фудбалери го анализираа натпреварот пр

Левиот бек, Езџан Алиоски, кој игра во швајцарскиот Лугано го апострофираше доброто прво полувреме.

„Тешко ни е по овој пораз. Покажавме дека имаме квалитет и дека можеме да играме фудбал.

Лесно е да се критикува, но селекторот им даде шанса на сите и мора да научиме каде грешевме. Сигурно е дека овој тим има квалитет, тоа го покажавме во првиот дел.

Можеме да парираме со секого. Резултатот тоа не го покажува, но грешките против ваквите селекции се казнуваат.

Не е лесно потоа да се вратиш, но важно е дека имаме верба и првите 45 минути треба да ни бидат водилка и пак

Не е лесно потоа да се вратиш, но важно е дека имаме верба и првите 45 минути треба да ни бидат водилка и пак ќе се вратиме во победнички ритам“, рече Алиоски.